fbpx

Од денеска на Ќафасан гранични и царински контроли се вршат со едно застанување

Ковачевски додаде дека со ова се олеснува работата на 11.000 компании од нашата држава кои се ориентирани кон извоз, а се овозможува и полесен пристап до пристаништата во Албанија

-

Македонскиот и албанскиот премиер, Димитар Ковачевски и Еди Рама денеска на заеднички настан го пуштија во употреба концептот „One-stop-shop“ за заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане меѓу С.Македонија и Албанија, информираат од владината прес-служба.

На настанот присуствуваа министри во двете влади, пратеници, како и највисоки претставници на институциите за царинско управување на двете земји.

Премиерот Ковачевски на настанот истакна дека проектот „One-stop-shop” е уште една потврда за заложбите на Владата на Северна Македонија и Владата на Албанија за зајакнување на економските процеси, олеснување на царинските процедури, слободниот проток на луѓе и капитал не само меѓу нашите две земји, туку и меѓу земјите на Западен Балкан.

„Денес овозможуваме побрз проток на нашите граѓани, помеѓу двете држави и побрз проток на компаниите коишто транспортираат производи на најголемиот граничен премин помеѓу двете држави“, изјави премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека со ова се олеснува работата на 11.000 компании од нашата држава кои се ориентирани кон извоз, а се овозможува и полесен пристап до пристаништата во Албанија.

„На овој начин овозможуваме полесен пристап и до туристичките места во Албанија, меѓутоа и до туристичките места во Северна Македонија“, рече премиерот Ковачевски.

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во своето обраќање најави дека по денешниот проект, Владата ќе продолжи со активности и на другите гранични премини.

„Искажувам благодарност до властите во Република Албанија, бидејќи не поминаа ниту три недели од посетата на премиерот Еди Рама на Скопје, кога заедно се обврзавме дека ќе го реализираме заедничкиот граничен премин со Република Албанија во Ќафасан и сега за помалку од три недели ова е реалност“, изјави Груби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...