Бензините и дизелот поскапуваат од утре

Од ноќеска бензинот еуросупер БС-95 на бензинските станици ќе се продава за 85,50 денари за литар, додека еуросупер БС-98 ќе може да се набави за 87,50 денари за литар. Дизелот ќе чини 76,50 денари за литар

-

Поскапи цени на бензините и дизелот од утре на бензинските станици. Бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 ќе поскапат за еден денар за литар, а еуродизелот и екстра-лесното масло за домаќинство ќе поскапат за два денари за литар.

Од ноќеска бензинот еуросупер БС-95 на бензинските станици ќе се продава за 85,50 денари за литар, додека еуросупер БС-98 ќе може да се набави за 87,50 денари за литар. Дизелот ќе чини 76,50 денари за литар, а за еден денар поевтино ќе може да се набави екстра-лесното масло за домаќинство. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,204 денари за килограм и сега ќе изнесува 43,542 денари за килограм.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,790 отсто, кај дизелот за 3,634 отсто, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,668 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 3,143 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,422 отсто“, го образложуваат од РКЕВУ покачувањето на цените на горивата.

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро се противат...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро...