fbpx

Ковачевски-Ескобар: Македонија треба да стане членка, бидејќи ЕУ е наша единствена алтернатива

„Нема никого да го подложувам на тортура овде. САД не избира влади за земјите на НАТО. САД ги гледа како природни партнери, оние коие се посветени на ЕУ интеграциите, на НАТО и на борбата против корупцијата. Сакам тоа да биде јасна порака“, истакна Ескобар

-

САД биле, се, и ќе бидат во текот на сите клучни процеси за демократски напредок на државата од независноста до денес и се поддржувачи на остварувањето на целите НАТО и ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Тој истакна дека не е точно дека „владата коленичи за да моли меѓународни фактори да дојдат во Македонија за да се изврши притисок некои пратеници да гласаат за уставни измени“ како што го обвини опозицијата и истовремено му се заблагодари на специјалниот преставник за поддршката на САД.

„Денес високиот претставник на САД, Ескобар е тука, не е негова прва ниту последна посета. Во име на тоа пријателство е средбата денес за која разговаравме што сме постигнале досега и што е она што можеме да го направиме во иднина. Да не заборавиме дека ние сме ценета членка на НАТО. САД е најголем поддржувач на Македонија и во нејзините интеграции. Сакам да истакнам искрена благодарност за придонесот на САД и за личните заложби на Ескобар за унапредување на регионалната стабилност на Западен Балкан“, рече Ковачевски на прес-конференцијата.

Тој кажа дека на средбата тема на разговор првенствено бил процесот за почнување на уставните измени кој ЕУ и САД го сметаат за клучен и важен чекор на патот кон ЕУ.

„Ова е истиот став со ставот на коалицијата предводена од СДСМ и исто со ставот на над 80% од македонските граѓани кои сакаат да бидат дел од Европската унија. Она што ние треба да го направиме е да обезбедиме непречен процес за полноправно членство во ЕУ. Преговарачката рамка е документ одобрен од сите членки и таа содржи услови кои ние треба да ги исполниме. Нов договор нема да има ниту има можност за репреговарање на рамката како што некои политичари велеа, а оваа реторика се помалку се користи по одговорите на политичките лидери во Брисел“,  истакна Ковачевски.

Тој додаде дека билатералните односи со Бугарија се билатерални и нема да влијаат на процесот на евроинтеграции и најважно од се, што според него, нови барања во преговарачката рамка не може да има.

„Јасна е и пораката од САД која ја добивме по членството во НАТО, Македонија треба да стане членка на ЕУ, бидејќи ЕУ е наша единствена алтернатива. Тоа е барање на граѓаните, сакаат децата да им останат дома и да си ја градат европската иднина, сакаат интеграција а не изолација“, рече македонскиот премиер.

Ковачевски потенцираше дека секој друг исход при гласањето на уставни измени ќе значи неизвесна иднина за државата затоа што ако се одвоиме од Албанија, Србија, Црна Гора никој не гарантира кога на каков начин ќе станеме членка на ЕУ.

„Не смее да се држи во заложништво иднината на граѓаните посебно откако се заштитија македонскиот јазик и идентитет. Со уставните измени се внесуваат и други делови од народи и се прави јасно разграничување од македонскиот народ со било кој народ, вклучително и бугарскиот. Ситуацијата во моментов е јасна и чиста, имам сериозна поддршка за изгласување на уставните измени. Блокирањето на овој процес ќе биде штетно и тоа може да го потврди секој разговор што е воден со странски дипломати. Гледајќи низ историјата колкју тешки одлуки сме носеле, убеден сум дека ќе излеземе и овојпат како победници“, рече Ковачевски.

Ескобар одговарајќи на новинарско прашање порача дека не е дојден за да му врши тортура на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој во изминатите денови го засилува националистичкиот набој меѓу партиското членство за време на одлучувањето за прашањето за уставни измени во Собранието на РСМ. велејќи дека Европа и светот „прават стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ за да изгласаат предавнички уставни измени во Парламентот скроени по бугарски диктат“.

„Нема никого да го подложувам на тортура овде. САД не избира влади за земјите на НАТО. Но, поставуваме очекувања и единствената работа за која ќе зборувам е да ја дадам истата порака која ја ширам во регионот. Дека САД ги гледа како природни партнери, оние кои се посветени на ЕУ интеграциите, на НАТО и на борбата против корупцијата. Сакам тоа да биде јасна порака. Но, исто така сакам да слушнам и да има отворена размена на гледишта. Се надевам дека ќе имаме повеќе по состанокот да ѝ кажеме на јавноста“, изјави Ескобар.

Ескобар, кој е во дводневна посета на Северна Македонија, вчера се сретна и со претседателот Стево Пендаровски. Од Кабинетот на претседателот по средбата соопштија дека за време на разговорот била потврдена поддршката на САД за европските аспирации на Северна Македонија. А, истовремено, изразено е очекување од официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.

„Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на поддршката којашто САД ја даваат за остварување на стратешките цели на нашата држава. Во таа насока, на средбата се разговараше за следните чекори коишто треба да ги преземе Северна Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес“, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

 

Теоријата на Мицкоски за заговор против ВМРО-ДПМНЕ: Од играчка, може да биде плачка

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...