fbpx

МОН: Учениците ќе имаат учебници, со критики и ширење дезинформации за политички поени не се придонесува во квалитетно образование

Историја, географија, биологија, хемија, физика и натаму ќе бидат дел од науките што ќе бидат соодветно застапени во наставниот план за основно образование, а ќе ги предаваат наставниците што и досега ги предаваа овие предмети

-

Министерството за образование и наука (МОН) уверува дека ќе има учебници за учениците и дека до 1 септември ќе бидат испорачани до училиштата сите одобрени учебници да ги испечатат.

„Еден мал дел учебници, кои не се испечатени се всушност сé уште во постапка, односно за одобрување на истите одлучува Националната комисија за учебници, по што и тие ќе бидат испечатени и испорачани. Во меѓувреме на располагање ќе бидат помошни материјали за ученици и прирачници за наставници кои ќе ја збогатат наставата. Истите се изработени од страна на Бирото за развој на образованието и ќе бидат достапни само во електронска форма на веб страната на Бирото. Секако, постои можност секое училиште на своја иницијатива, индивидуално да одлучи да ги испечати“ се вели во соопштението на МОН.

Оттаму истакнуваат дека наместо неосновани критики и ширење дезинформации, политичките субјекти кои сакаат да дадат придонес кон унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем, да го сторат тоа преку конструктивни сугестии.

„Во време кога се спроведува најкрупната образовна реформа во државата, преку Концепција која е резултат на инклузивен пристап со учество и согласност на сите засегнати страни, не е потребно креирање невистини само за да се создадат непотребни грижи кај учениците и семејствата на учениците, околу тоа дали институциите и образовните установи се подготвени за успешен почеток и тек на учебната година“, додаваат од Министерството.

Според Министерството, за интегрирањето предмети, не се работи за нов процес и оти не се укинуваат содржини. Историја, географија, биологија, хемија, физика и натаму ќе бидат дел од науките што ќе бидат соодветно застапени во наставниот план за основно образование, а ќе ги предаваат наставниците што и досега ги предаваа овие предмети.

„Секој наставен предмет ќе има повеќе модули што ќе овозможат ученикот да ја изучува наставната содржина од повеќе аспекти, односно да добие поцелосна слика за одредена случка, процес, состојба и слично. Транспарентно, во многу наврати досега информиравме на кој начин ќе се предаваат овие интегрирани содржини. Важно е да се истакне дека ниту еден наставник нема да остане без работа, без часови, заради воведување на новите интегрирани наставни програми. Бројот на часови е идентичен како и порано, а она што го воведуваме со новите програми е новиот пристап, базиран на искуствено учење, на поврзување на она што се учи со реалноста, на учење преку експерименти, развивање на критичко мислење“, велат од МОН.

Министерството најави и нов електронски дневник, којшто велат дека ќе биде големо олеснување за наставниците и ќе ги надмине предизвиците на кои тие укажуваа досега.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...