fbpx
Свет Европа

Европа

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј Карелин ги негираа обвиненијата, поради што ќе останат во притвор најмалку два месеца пред да...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен објект во областа Одеса. „Руските терористички сили уште еднаш ја нападнаа индустриската инфраструктура на Запорожје, лансирајќи...

Голем пожар во зградата на старата Берза во Копенхаген

Голем пожар избувна утрово во зградата на поранешната Берза во Копенхаген од 17 век – една од најпознатите знаменитости на данската престолнина. Пожарот го проголта кровот на историскиот објект и го урна неговиот карактеристичен врв, пренесе Гардијан. „Сведоци сме на страшен спектакл. Берзата гори“, напиша...

Германските експерти препорачуваат декриминализација на абортусот

Германија треба да го декриминализира абортусот, а во рана фаза целосно да го дерегулира, најави експертската комисија назначена од Владата, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Во раните фази од бременоста законот треба да дозволи абортус“, се вели во извештајот на Комисијата објавен вчера. Во Германија абортусот...

Малолетници во притвор за планирање терористички напад во Германија

Четворица малолетници на возраст од 15 и 16 години завршија во истражен затвор поради сомнение дека планирале терористички напад. Тие, наводно, го подготвиле нападот „во согласност со целите и идеологијата на Исламската држава“, објави вчера провинциското обвинителство во Дизелдорф, пренесе германската новинска агенција ДПА. Во...

На Германија до 2040 година може да ѝ недостигаат дури 660.000 ИТ професионалци

Недостигот од ИТ експерти во германската економија значително ќе се зголеми во следните години доколку не се преземат контра мерки, покажува долгорочната студија на дигиталното здружение Битком, пренесува германската новинска агенција ДПА. Без соодветни политики, на Германија може да ѝ недостасуваат околу 663.000 ИТ професионалци...

Девет лица, меѓу кои и едно бебе, загинаа откако брод се преврте кај Лампедуза

Девет лица, вклучително и едно бебе, загинаа откако нивниот брод се превртел додека се обидувале да го преминат Медитеранот при невремето. Уште 15 лица се водат како исчезнати, соопшти италијанската крајбрежна стража, а пренесе Гардијан. Крајбрежната стража денеска јави дека добила барање за соработка од...

Милиони луѓе во Германија живеат целосно офлајн

Закажување лекарски преглед, купување билет за воз, дури и закажување состанок со пријателите - денес луѓето прават речиси сè со мобилен телефон или компјутер. Во Германија, сепак, сè уште има милиони луѓе кои никогаш не се појавиле на интернет. Сè на сè, ова се околу...

Германските партии под сајбер напади пред изборите во ЕУ

Партиите и политичарите во Германија во моментов се соочуваат со особено голем број сајбер напади, според Федералната агенција за информациска безбедност (БСИ). „Сега може да се очекуваат повеќе напади, особено поради претстојните европски избори“, изјави портпаролката на БСИ за германската новинска агенција ДПА. Изборите за Европскиот...

Најтоплиот март во Германија од најмалку 1881 година

Никогаш, од 1881 година и откако германските метеоролози систематски ја мерат температурата, немало потопол март во земјата од оној што штотуку заврши, соопшти германската метеоролошка служба DWD, а пренесе германската новинска агенција ДПА. Просечната температура во Германија бИЛА 7,5 степени, четири степени над меѓународно важечкиот...

Дали треба да се означат сликите генерирани со вештачка интелигенција?

Германскиот министер за правда Марко Бушман ги поддржува барањата фотографиите и филмовите направени со помош на вештачка интелигенција (ВИ) да бидат означени, пренесува германската новинска агенција ДПА. Сликите носат со себе емоција на автентичност, која може да се злоупотреби, изјави Бушман за редакциската мрежа Германија. Поставувањето...

Мирис на канабис пред Бранербуршката порта – се легализираше марихуаната во Германија

Пред Бранденбуршката порта во Берлин, Германците со пушење марихуана ја прославија легализацијата на канабисот, која стапи на сила на сила во неделата на полноќ. Стотици луѓе се собраа во опуштена атмосфера, а некои дури и танцуваа на реге звуците на реге, пишува германската новинска агенција...

Папата Франциск упати апел за прекин на војните во Газа и Украина

Папата Франциск во својата Велигденска порака денеска упати апел за прекин на војните во Газа и Украина. Тој повика на прекин на огнот во борбите меѓу Израел и Хамас во Газа, како и ослободување на сите заложници што ги држи Хамас. „Мирот не се постигнува...

ОЛАФ бара Македонија да врати 2,2 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година била доставена пријава откако било утврдено дека образовни институции кои аплицирале и ги добивале грантовите,...

Русија им забрани на нејзините војници да комуницираат со локалците во окупираните територии

Руските команданти им забраниле на војниците да комуницираат со жителите на окупираните територии во Украина, освен во крајна нужност, јавува украинскиот Центар на национален отпор. Борбените дејствија, пак, продолжуваат со нови случаи на загинати цивили. „Во привремено окупираните територии, непријателот им забрани на припадниците да...

Украински беспилотни летала ја погодија руската нафтена рафинерија Сизран, вели гувернерот на областа Самара

Гувернерот на руската област Самара изјави дека украински беспилотни летала погодиле две нафтени рафинерии кои припаѓаат на државниот нафтен гигант Роснефт, објави Ројтерс. Според него, во нападот немало жртви но еден од објектите бил опожарен. Рафинеријата Сизран во регионот на реката Волга беше во пламен,...

Штрајковите на германските аеродроми ги поништуваат плановите на илјадници патници

Вработените во обезбедувањето на пет германски аеродроми вчера стапија во штрајк, попречувајќи ги плановите на десетици илјади патници, пренесува германската новинска агенција ДПА. Во четвртокот наутро синдикатот „Верди“ започна еднодневен штрајк на аеродромите во Хамбург, Штутгарт, Карлсруе/Баден-Баден, Келн и Берлин. Според здружението на аеродромски оператори,...

ЕУ отвора канцеларија во Гренланд во потрага по критични суровини

Во обид да се зајакне партнерството со Гренланд, остров богат со ретки суровини од стратешко значење за зелената транзиција во Европа, Европската комисија (ЕК) ќе ја отвори својата канцеларија на автономната данска територија во петок, на 15 март. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер...

Анти-исламскиот популист Герт Вилдерс се откажа од премиерската позиција во Холандија поради немање доволно поддршка

Герт Вилдерс, чија екстремно десничарска Партија на слободата (ПВВ) ја шокираше Холандија со освојувањето најмногу гласови на изборите што се одржаа кон крајот на минатата година, призна дека нема да биде следниот холандски премиер, затоа што неговите потенцијални коалициски партнери не го поддржуваат. „Можам да...

Пентагон вети воена помош од 300 милиони долари за Украина

Оружја, муниција и други компоненти од новиот пакет воена помош од САД за Украина ќе бидат доставени на земјата многу набргу, преку претходно воспоставените канали, соопшти Генерал мајор Пет Рајдер, портпарол на Пентагон на брифинг за медиумите. Како што пренесе украинската државна новинска агенција ukrinform.net,...