fbpx

Крвав Велигден во Украина – почнува третиот месец од руската инвазија

-

Денешниот ден е почетокот на третиот месец од руската инвазија на Украина, што донесе еден од најголемите ужаси на европска територија во 20. и 21. век, со десетици илјади мртви и милиони раселени, со многу населени места претворени во урнатини.

Велигден за десетици милиони Украинци што се уште во земјата или се раселени во странство минува во знакот на војната, за чиј крај уште нема повидок, а остави многу ситуации на воени злосторства, односно брутални гранатирања и ракетирања на болници и породилишта, погодени цивилни објекти и ликвидирани стотици поединци во многу населени места.

Сепак, руските војски не успеаја да го освојат Кијив и центрите на украинскиот државен врв, но оставија за себе разорување. Украинските оружени сили, потпомогнати од стотици илјади резервисти и доброволци, сепак, успеаја да се спротивстават на моќниот непријател.

Во Кијив денеска ќе дојде државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин, најави вчера претстедателот на Украина, Володимир Зеленски.

По масакрите во Буча, на периферијата на Киев и некои други населени места, најновата епизода се нападите врз станбени згради во пристанишниот град Одеса. Вчера украинските власти соопштија дека се извршени седум ракетирања на Одеса, при што два проектили биле пресретнати и соборени а другите погодиле воен комплекс и две станбени згради, при што во едната се уништени станови меѓу вториот и петтиот кат. и животите ги загубиле осум лице, меѓу кои и едно дете.

Во воениот логистички комплекс имало големо количество оружја донирани од САД и европски земји, тврдеше Русија вчера.

Продолжуваат борбите и за челичарницата Азовстал во Мариупол, кој е во голем дел тешко разрушен од руските напади.

Во главното подрачје на офанзивата на Русија во последните денови, западниот регион Донбас, украинските сили одбиле бројни руски напади долж фронтот, ги пренесува Би-Би-Си наводите од Военото разузнавање на Обединетото Кралство. Оттаму на неуспехот на руските сили да направат позначителен продор на фронтот се припишува на слабиот морал на војниците и ограниченото време за прегрупирање на силите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...