понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Мариупол | 28 резултати

Украински борци се предаваат во Мариупол, Зеленски обвини дека Русија користи забрането оружје

мај 19, 2022

Официјална Москва соопшти дека уште речиси 700 украински борци се предале во окупираниот град Мариупол, пренесе Ројтерс. Истовремено, САД се последната земја која што повторно ја отвори својата амбасада во Кијив. Украина издаде наредба на својот гарнизон во Мариупол да се повлече, но крајниот исход од битката за пристанишниот град на Азовското море останува нерешен. […]

Војниците од Азовстал се евакуираат на руска територија, Украина бара да бидат ослободени

мај 18, 2022

Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар изјави дека судбината на војниците бранители на Мариупол ќе биде завршена во моментот кога тие ќе бидат предадени на украинските власти, пренесува Би-би-си. Владее несигурност што ќе се случува со војниците што беа заробени во челичарницата Азовстал, поаѓајќи од фактот дека сите завршија на места окупирани од руските […]

Евакуирани 264 украински војници од Азовстал, во челичарницата чекаат преостанатите

мај 17, 2022

Украинските власти потврдија дека започнала евакуацијата на опколените украински војници во челичарницата Азовстал во Мариупол, јавува Би-би-си. 53 тешко повредени војници биле одведени во Новоазовск, град под контрола на руските сили, додека дополнителни 211 војници биле евакуирани во Оленивка – град под контрола на руските сили. Русија претходно соопшти дека бил постигнат договор со Украина […]

Борбите за Мариупол продолжуваат, САД ѝ помага на Украина и со разузнавачки информации

мај 6, 2022

Руските сили продолжуваат со воените дејствија во челичарницата Азовстал во Мариупол, каде што украинските сили се обидуваат да ги задржат своите позиции во индустрискиот комплекс, јавува Укринформ. Русија користи авиација, пешадија и артилерија и од 3 мај се обидува од неколку локации да навлезе и да ја заземе фабриката. Претпоставките се дека руските сили се […]

Жестоки борби се водат во фабриката Азовстал во Мариупол

мај 5, 2022

Руските сили влегоа во фабриката Азовстал во Мариупол и водат жестоки битки за заземање на најголемата челичарница во Европа, јавува Би-би-си. Ваквиот потег доаѓа во момент кога украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од Обединетите нации да асистираат во спасување на повредените лица кои се наоѓаат внатре. Укринформ ги пренесува информациите на украинските војници кои ја […]

Американски функционер предупредува: Русија планира да анектира делови од источна Украина

мај 3, 2022

Русија планира да анектира голем дел од источна Украина кон крајот на овој месец, предупреди висок американски функционер, а фабриката за челик во Мариупол, која е последното упориште на отпорот во градот, беше под обновен напад еден ден по првата евакуација на цивили од централата, пренесе Асошиетед Прес. Мајкл Карпентер, американскиот амбасадор во Организацијата за […]

Крвав Велигден во Украина – почнува третиот месец од руската инвазија

април 24, 2022

Денешниот ден е почетокот на третиот месец од руската инвазија на Украина, што донесе еден од најголемите ужаси на европска територија во 20. и 21. век, со десетици илјади мртви и милиони раселени, со многу населени места претворени во урнатини. Велигден за десетици милиони Украинци што се уште во земјата или се раселени во странство […]

Нема да има Велигденско примирје во Украина, сателитски снимки покажуваат нови гробници во Мариупол

април 22, 2022

Нема да има прекин на огнот во Украина ниту за време на претстојните Велигденски празници, иако имаше надеж дека големиот христијански празник ќе биде причина народот да добие мир, пишува Би-би-си по вчерашната изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој во своето обраќање кажа дека руските дипломати го одбиле нивниот предлог за мирување на воените […]

Путин нареди блокада на фабриката Азовстал во Мариупол, Украина тврди дека Русија не може да ја заземе

април 21, 2022

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им нареди на нејзините сили да ги запрат нападите на челичарницата Азовстал во Мариупол, но и да го блокираат влезот и излезот во овој огромен индустриски комплекс. Ваквиот потег следи откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу призна дека борбите за Мариупол продолжуваат околу оваа фабрика, во која има илјадници […]

И покрај почетокот на офанзивата во Донбас, Русија засега не може да постигне големи пробиви

април 21, 2022

Офанзивата на руските сили во источна Украина веќе е започната, но засега тие не успеваат да обезбедат големи пробиви на територијата на Донбас кој е под контрола на украинските власти, го пренесува Би-би-си извештајот на Институтот за проучување на војната. Американскиот тинк-тенк додава дека официјална Москва засега ги ставила под своја контрола помалите градови на […]

Рускиот воен брод „Москва“ тешко оштетен, Украина тврди го погодила со ракета

април 14, 2022

Најважниот брод на руската црноморска флота, ракетниот крстосувач „Москва“ е тешко оштетен од експлозија. Украинската војска тврди дека бродот е погоден од нивна страна со ракета „Нептун“, што предизвикало сериозни оштетувања, јавува Укринформ. Руското Министерство за одбрана потврди дека бродот е оштетен, но вели дека „експлодирала муниција по претходно избиен пожар“. Екипажот на бродот е […]

Бајден го обвини Путин за геноцид во Украина, Русија трупа дополнителни сили за напад на истокот

април 13, 2022

Американскиот претседател Џо Бајден за прв пат изјави дека диктаторот Владимир Путин врши геноцид во Украина. Зборувајќи на настан во сојузната држава Ајова, Бајден пред присутните граѓани рече: „вашиот семеен буџет, вашата способност да го наполните резервоарот – ништо од тоа не треба да зависи од тоа дали диктаторот ќе објави војна и ќе изврши […]

Украина стравува од руски провокации во Молдавија, бројот на загинати цивили се искачи на 1.793

април 11, 2022

Руските вооружени сили може да се обидат да направат провокации од отцепениот регион Приднестровје во Молдавија и за тоа да ја обвинат Украина, предупредија денеска од украинскиот генералштаб, пренесува Би-би-си. Приднестровје е самопрогласена пара-држава која се отцепи од Молдавија и во која се стационирани руски војници изминативе три децении, а којашто се наоѓа долж границата […]

Конвој на Црвениот Крст со помош за Мариупол заглавен во Запорожје поради загриженоста за безбедносните гаранции

април 1, 2022

Конвојот на Црвениот Крст (МКЦК) кој носи хуманитарна и медицинска помош во Мариупол е блокиран во Запорожје бидејќи сè уште не се добиени потребните безбедносни гаранции за тимот, пренесе Би-Би-Си. Тимот на Црвениот крст, исто така, се надеваше дека ќе го надгледува извлекувањето на стотици цивили од Мариупол во автобусите обезбедени од украинската влада. Тие […]

Путин бара Мариупол да се предаде за да престане гранатирањето, околу 170.000 жители се заробени без струја и без храна

март 31, 2022

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека гранатирањето на опколениот украински град Мариупол ќе заврши само кога украинските војници ќе се предадат, јави Би-Би-Си. Путин ги кажа овие коментари за време на едночасовниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот вечерта, се вели во соопштението на Кремљ. Но, француските власти соопштија дека рускиот лидер […]

Украина ги обвинува Русија и Белорусија за трупање нови сили долж нејзината граница

март 24, 2022

Украинските власти денеска ги обвинија Русија и Белорусија дека доведуваат дополнителни воени сили и опрема на Крим и на белоруско-украинската граница, пренесува Укринформ. „Целта е да се обидат да се подготват за да извршат офанзива за опколување на Киев“, изјавија од украинското Министерство за одбрана. Во однос на Русија, Украина обвинува дека нејзината војска доведува […]

Судбината на Мариупол му се заканува и на опколениот Чернихив, во Ирпин употребена фосфорна муниција

март 23, 2022

Покрај битката за Мариупол, слична катастрофална судбина му се заканува и на градот Чернихив на северот на земјата, којшто е опколен од руските сили. Весникот „Гардијан“ јавува дека околу 150.000 жители од овој украински град веќе неколку дена се оставени без струја, а локалните власти предупредуваат дека ги трошат и последните резерви на вода за […]

Во Мариупол заробени 100.000 жители во ек на борбите, се трупаат нови сили на украинско-белоруската граница

март 23, 2022

Уличните борби во центарот на пристанишниот град Мариупол продолжија, додека Русија паралелно го гранатира градот. Би-би-си ја пренесува изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која тој наведува дека во градот се заробени околу 100.000 жители без храна, вода и греење. Во текот на вчерашниот ден 7.026 жители на Мариупол биле евакуирани од градот. Во […]

Украина повторно го презема клучното предградие на Киев, беснее битката за Мариупол

март 22, 2022

Украинските сили рекоа дека рано во вторникот го вратиле стратешки важното предградие на главниот град, додека рускиот напад врз јужното пристаниште Мариупол беснееше со несмалено темпо, при што цивилите кои бегаа опишуваат немилосрдни бомбардирања и жртви на улиците, објави Ројтерс. Додека руските сили продолжија со опсадата на Мариупол откако бранителите на јужниот пристанишен град ги […]

Украина нема да се предаде во битката за Мариупол, четворица загинати во Киев

март 21, 2022

Украинските власти го одбија рускиот ултиматум за предавање на пристанишниот град Мариупол кој се наоѓа во јужниот дел на земјата кај Азовското море. Украина доби ултиматум од руската војска до три часот наутро да ги прифати условите, кои предвидуваат украинските вооружени сили да го положат оружјето и да се предадат. Во ваков случај, руското ветување […]

Страна 1 од 2