fbpx

Борбите за Мариупол продолжуваат, САД ѝ помага на Украина и со разузнавачки информации

-

Руските сили продолжуваат со воените дејствија во челичарницата Азовстал во Мариупол, каде што украинските сили се обидуваат да ги задржат своите позиции во индустрискиот комплекс, јавува Укринформ. Русија користи авиација, пешадија и артилерија и од 3 мај се обидува од неколку локации да навлезе и да ја заземе фабриката. Претпоставките се дека руските сили се обидуваат целосно да ја заземат оваа фабрика пред одбележувањето на 9. Мај.

Би-би-си пренесува информации дека САД обезбедиле разузнавачки информации за Украина пред потопувањето на воениот брод „Москва“ на руската црноморска флота. Оваа информација ја објавија и неколку американски медиуми, кои додаваат дека Украина ги прашала САД за бродот што пловел кон Одеса, САД помогнале да се потврди неговата локација, по што Украина со два проектила го погодила воениот брод што потонал.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека САД ѝ дале разузнавачки информации на Украина за да се одбрани од руската агресија, но ги негираше пишувањата на „Њујорк тајмс“ дека САД за Украина обезбедуваат информации за локациите на кои се наоѓаат руски генерали на фронталните линии за да можат украинските сили да ги убијат.

„Ние не даваме разузнавачки информации за локацијата на високите воени лидери на бојното поле, ниту учествуваме во одлуките за таргетирање на украинската војска“, изјави портпаролот Кирби.

Тој додаде дека покрај од САД, Украина добива информации и од други извори, и заедно со своите податоци, донесуваат одлуки и преземаат сопствени постапки на фронтот.

Украинските сили информираат дека продолжуваат борбите за градот Попасна, коишто руските сили сакаат да го заземат под целосна контрола. Во Донецката област се водат борби и за градовите Лиман и Сиверск. Најмалку двајца цивили загинале во руското бомбардирање на Северодонецк во Луганскиот регион, во кое биле погодени и станбени згради и бензинска станица, јавува Укринформ.

Во Донецкиот и Луганскиот регион се регистрирани гранатирања и во градовите Рубижне, Лисичанск, Хирске, при што Украина тврди дека во изминативе 24 часови одбила 11 непријателски напади на фронтот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...