fbpx

Евакуирани 264 украински војници од Азовстал, во челичарницата чекаат преостанатите

-

Украинските власти потврдија дека започнала евакуацијата на опколените украински војници во челичарницата Азовстал во Мариупол, јавува Би-би-си. 53 тешко повредени војници биле одведени во Новоазовск, град под контрола на руските сили, додека дополнителни 211 војници биле евакуирани во Оленивка – град под контрола на руските сили.

Русија претходно соопшти дека бил постигнат договор со Украина за евакуација на повредените војници од челичарницата. Сепак, договорот предвидува и размена на евакуираните украински војници за заробени руски војници од украинските сили.

Во интервју за радиото на Би-би-си, поранешниот украински министер за финансии и шеф на безбедносните служби Олександр Дануљук изјави дека синоќешната евакуација на украински војници не значи дека блокадата на Азовстал е завршена, бидејќи има уште украински сили, вклучувајќи и повредени војници, кои се наоѓаат внатре во фабриката. Украинските воени власти работат на евакуација на сите преостанати сили во челичарницата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање рече дека украинските херои од Мариупол се потребни живи, посочувајќи дека ова е главниот принцип на Украина.

„Благодарение на дејствијата на украинските војници – Вооружените Сили на Украина, разузнавањето, преговарачкиот тим, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Обединетите нации, ние имаме надеж дека ќе успееме да ги спасиме животите на нашите момци. Меѓу нив има и тешко повредени, им се укажува лекарска помош“, објави претседателот Зеленски.

Во меѓувреме, на терен борбите продолжуваат. Укринформ јавува за гранатирање на украинската погранична служба во регионот Суми на североистокот на земјата. Утрово бил гранатиран и регионот Чернихив на северот на Украина, при што има повредени и загинати лица во нападите, но нивниот број засега не е соопштен. Руската авијација бомбардирала воена инфраструктура во Лвив и Новојаворивск недалеку од границата со Полска, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...