fbpx

Велика Британија праќа ракетни системи со долг дострел во Украина, Зеленски на терен во повеќе градови

-

Велика Британија ќе испрати ракетни системи со долг дострел М270 во Украина, откако Русија ги погоди преградијата на Кијив за првпат од април наваму, пренесе Би-би-си.

Овие ракетни системи можат да истрелаат прецизни ракети до 80 километри, што е подолг дострел од која било ракетна технологија користена досега во војната. Британското министерствио за одбрана појасни дека овие високо способни ракетни системи за повеќекратно лансирање ќе им овозможат на Украинците подобро да се заштитат од бруталната употреба на артилерија со долг дострел што силите на Путин ја користат неселективно за да уништат градови.

Дополнително, украинските војници ќе бидат обучени во Велика Британија како да ја користат опремата. Со овој потег Велика Британија ѝ се придружи на САД која минатата недела исто така испрати ракети со долг дострел, за што Украина инстистираше.

По оваа најава реагираше рускиот претседател Владимир Путин. Како што пренесе британскиот јавен сервис тој рече дека Русија ќе ја прошири листата на цели што ќе ги нападне во Украина доколку западните земји испратат оружје со долг дострел во Кијив.

Во меѓувреме украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети трупите на линијата на фронтот и раселените кај Запорожје.

„Ги поддржав нашите војници, ги наградив најдобрите. Го слушнав извештајот. Бевме на позициите“, рече Зеленски.

Тој истакна дека имал средба и со шефот на регионалната државна администрација, локалното полициско раководство, Службата за безбедност како и со некои градоначалници на привремено окупираните градови.

„Се сретнав со жителите на Мариупол, кои успеаја да го напуштат градот живи и со децата. Овде ги пречекаа човечки и топло. Условите – видов – се привремени, но не беа лоши. Ги разбрав нивните тешки прашања. Мислам дека ќе ги решиме. Секое семејство има своја приказна. Повеќето беа без сопрузите. Нечиј сопруг отиде да војува, нечиј е во заробеништво, нечиј, за жал, почина. Едноставно трагедија. Ни дом, ни сакана личност. Но, мора да се живее за децата. Вистинските херои се меѓу нас“ рече ураинскиот претседател. Зеленски се заложи дека дека ќе се најдат станови за сите раселени лица.

Претходно, експлозии го потресоа Кијив додека украинските војници се борат со руските сили во источниот град Северодонецк. Според изјавата на градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко на Телеграм, во првиот жесток воздушен напад врз главниот град откако Русија ги повлече своите сили од областа за да се концентрира на источниот регион Донбас и југоисточна Украина, за сега нема жртви.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...