fbpx

Украински борци се предаваат во Мариупол, Зеленски обвини дека Русија користи забрането оружје

-

Официјална Москва соопшти дека уште речиси 700 украински борци се предале во окупираниот град Мариупол, пренесе Ројтерс. Истовремено, САД се последната земја која што повторно ја отвори својата амбасада во Кијив.

Украина издаде наредба на својот гарнизон во Мариупол да се повлече, но крајниот исход од битката за пристанишниот град на Азовското море останува нерешен.

Според водачот на проруските сепаратисти кои ја контролираат областа, Денис Пушилин, цитиран од локалната новинска агенција во средата, во челичарницата Азовстал има уште украински војници.

Украинските власти одбија јавно да ја коментираат судбината на борците.

„Државата прави максимални напори за да го спаси нашиот воен персонал“, рече на прес-конференција воениот портпарол Олександр Мотузајник. „Секоја информација до јавноста може да го загрози тој процес“, додаде тој.

Украина го потврди предавањето на повеќе од 250 борци во вторникот, но не соопшти уште колку има внатре. Но, градоначалникот на Мариупол, како што пренесе Укринформ претходно изјави дека до 20.000 цивили загинале во градот од руската инвазија. Во моментов во блокираниот Мариупол престојуваат околу 100.000 цивили. Градот нема снабдување со енергија, вода и гас.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, кажа дека 51 од заробените бранители на Мариупол се префрлени на лекување, а останатите се во затворска колонија во градот Оленивка близу Доњецк.

Украинските власти се надеваат дека ќе биде договорена размена на заробеници, додека портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, одби да каже дали тие ќе бидат третирани како криминалци или како воени затвореници.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, Црвениот крст и Обединетите нации беа вклучени во разговорите, изјави градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, но не даде детали.

Мариупол е најголемиот град што Русија го зазеде досега и му овозможува на рускиот претседател Владимир Путин да извојува ретка победа во инвазијата што ја започна врз Украина на 24 февруари.

Москва се фокусираше на југоистокот во неодамнешните офанзиви, откако се повлече од Кијив, каде што, како дополнителен знак на нормализација, САД соопштија дека ги продолжиле операциите во својата амбасада во средата.

Сенатот на САД ја назначи Бриџит Бринк за амбасадор во Украина, пополнувајќи го работното место кое беше празно три години.

Канада, Велика Британија и други земји, исто така, неодамна ја продолжија работата на нивните амбасади во Кијив.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека Русија потрошила најголем дел од проектилите за уништување на цивилна инфраструктура, но без стратешки воен резултат.

„Тие фрлаат забранети фосфорни бомби врз училишта и станбени згради. Тие фрлаат проектили, од кои повеќето руската војска ги потроши уништувајќи цивилна инфраструктура без стратешки воен исход“, рече тој.

„Мораме да ги истераме окупаторите и да ѝ гарантираме на Украина вистинска безбедност. Нашите градови кои се под окупација, под привремена окупација, мора да знаат дека Украина ќе се врати“, рече Зеленски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...