fbpx

Украина стравува од руски провокации во Молдавија, бројот на загинати цивили се искачи на 1.793

-

Руските вооружени сили може да се обидат да направат провокации од отцепениот регион Приднестровје во Молдавија и за тоа да ја обвинат Украина, предупредија денеска од украинскиот генералштаб, пренесува Би-би-си. Приднестровје е самопрогласена пара-држава која се отцепи од Молдавија и во која се стационирани руски војници изминативе три децении, а којашто се наоѓа долж границата со Украина и е многу блиску до приморскиот град Одеса.

Би-би-си ги пренесува и предупредувањата на британското Министерство за одбрана за евентуалната употреба на фосфорна муниција во обидот на Русија да го заземе во целост Мариупол. Според меѓународното право, употребата на фосфорната муниција е забранета во урбани средини, поради тежината на повредите што може да ги нанесе врз луѓето.

Според податоците на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, од почетокот на руската агресија врз Украина и заклучно со 10 април, во војната загинале 1.793 цивили, а 2.439 биле повредени. Меѓу загинатите цивили, 458 се мажи, 294 се жени, 27 девојчиња, 46 момчиња, 69 се деца, а полот на 899 загинати лица сè уште не е утврден.

Од Високиот комесаријат за човекови права на ОН предупредуваат дека овие поразителни бројки се поголеми, бидејќи приемот на информации од одредени локации каде што има интензивни воени дејствија, како Мариупол, Попасна, Изијум и Бородјанка се одвива со задоцнување или пак официјалните власти и понатаму вршат испитување за убиени цивили во овие места.

На терен, Би-би-си и Укринформ јавуваат дека руските сили продолжуваат со уличните борби во Мариупол, со фокус на заземање на челичарницата Азовстал. Руските сили продолжуваат да го држат Харков под делумна блокада, со гранатирање на одредени делови од вториот по големина град во Украина. Украинските сили во изминатово деноноќие успеале да одбијат пет руски напади во Донецкиот и Луганскиот регион, при што украинската војска тврди дека од почетокот на инвазијата до денес во Украина загинале околу 19.500 руски воени лица, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...