Украина ги обвинува Русија и Белорусија за трупање нови сили долж нејзината граница

-

Украинските власти денеска ги обвинија Русија и Белорусија дека доведуваат дополнителни воени сили и опрема на Крим и на белоруско-украинската граница, пренесува Укринформ.

„Целта е да се обидат да се подготват за да извршат офанзива за опколување на Киев“, изјавија од украинското Министерство за одбрана.

Во однос на Русија, Украина обвинува дека нејзината војска доведува дополнителни војници и војска на Крим и на белоруско-украинската граница. Воедно, украинските власти тврдат дека Белорусија распоредила четири батаљони во близина на нејзината граница со Украина. Дополнително, тие обвинуваат дека белоруската војска веќе е вклучена во гранатирање на локации долж белоруско-украинската граница.

Покрај борбите во Мариупол коишто продолжуваат, украинското Министерство за надворешни работи денеска обвини дека Русија извршува присилно раселување на илјадници жители од овој пристаништен град на руска територија, пишува Би-би-си.

Опсадата на градовите Чернихив и Суми на североистокот од Украина продолжува, при што украинските власти денеска соопштија дека милиони жители на Украина од повеќе од десет градови немаат пристап до вода за пиење, поради воените дејствија на руските воени сили, известува Укринформ.

Руската војска изминатово деноноќие тврди дека го презела градот Изиум во Харковската област, додека украинската армија информира дека руската војска се обидува во целост да ги освои административните територии на Донецката и Луганската област.

Поради ширење на “неавтентични информации” за Украина, Русија денеска го блокираше Гугл Њуз на нејзина територија. Забраната на Гугл Њуз доаѓа само неколку часа откако Гугл објави нема да дозволи во меѓународни рамки да се монетизира искористувањето и оправдувањето на војната во Украина преку неговите алатки, пишува весникот Гардијан.

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...