fbpx

ЕК ќе ѝ обезбеди на Грција 700 милиони евра помош за бегалците

Европската комисија денеска објави дека за Грција до 2018 година ќе обезбеди 700 милиони евра за итно хуманитарно финансирање на Атина, за државата да се справи со масовната бегалска криза, пренесува АП. Како што наведува оваа агенција, ова е првпат некоја членка на ЕУ да...

Обновата на Еквадор ќе чини една милијарда долари

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, изјави дека обновата на земјата по катастрофалниот земјотрес, најверојатно ќе чини една милијарда долари. - Обновата на градовите уништени во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, ќе траe со месеци и со години и најверојатно ќе чини...

Богов: Економијата е стабилна, нема опасност од девалвација на денарот

„Македонската економија е стабилна и нема опасност од девалвација на валутата. Деновиве Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) излезе со проекција за економскиот пораст во оваа година од 3,6 проценти, но беше искажана загриженост дека најновите политички случувања и политичка несигурност што владее во Македонија, може...

Продажбата на зелените пазари намалена за 20 отсто поради супермаркетите

Продажбата на зелените пазари бележи пад од 10 до 20 проценти, по појавата на продажба на зеленчук и на овошје во големите супермаркети, истакнаа од Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија. Една од целите на оваа групација е преку осовременување и модернизација на пазарите, тие да...

Бензините поскапуваат за половина денар

Цената на „еуросупер БС-95“ ќе се зголеми за половина денар и ќе изнесува 62 денари за еден литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 63,50 денари за еден литар. Малопродажните цени на „еуродизелот“ и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат.  

Девет дуќани во Стара скопска чаршија добија нови излози

Во рамките на проектот за уредување на излозите и на натписите на дуќаните во чаршијата, девет дуќани се целосно комплетирани. Министерството за економија за проектот издвои 2,6 милиони денари, а за годинава се предвидени дополнителни 6 милиони, додека комплетната реализација на овој проект ќе чини околу...

Наумов: Не сум потпишал ниту една одлука во Министерство за финансии

„Во Министерството за финансии ниту една одлука донесена од министерот за финансии не му е доставена на дополнителниот заменик-министер за согласност и за потпис. Исто така, потсетувам дека пред Управниот суд во тек е постапка по тужба поднесена од моја страна, а во врска...

Состанокот на земјите извозници на нафта заврши без договор за замрзнување на цената

Состанокот на земјите извозници на нафта во Доха, на кој требаше да се донесе одлука за замрзнување на производството на тој енергент, завшри без договор. Учесниците на состанокот се договориле за замрзнување на производство на нафта да разговараат на состанок на ОПЕК во јуни. Според зборовите...

Производителите на нафта се состанаа во Катар

Претставници на земјите производители на нафта се состанаа во Катар, каде што ќе разговараат за можното замрзнување на производството на нафта, но одлуката на Иран да не учествува во преговорите може да влијае врз договорот. Најголемите производители го разгледуваат прашањето за замрзнување на производството на...

Гошев: Треба да се истражи каде завршуваат парите кои нелегално се одлеваат од државата

„Има индиции што говорат дека огромни износи пари незаконски се одлеваат надвор од Македонија. Во годишниот извештај на „Глобал фајненшал интегрити“ имаше процена дека од 2004 до 2013 година се одлеале повеќе од 5 милијарди долари или годишно, во просек, се одлевале 516 милиони долари незаконски средства...

Земјотресот во Јапонија затвори фабрики, економистите загрижени

Некои од најголемите јапонски компании, вклучувајќи ги „Сони“ и „Тојота“, го прекинаа работењето на југот на Јапонија по катастрофалниот земјотрес во тој регион. Тоа ја зголеми загриженоста на економистите во поглед на можните пошироки економски последици поради прекинот на производството, јавува „Франс прес“. Југозападот на Јапонија вчера го...

Се очекува зголемување на производството во преработувачката индустрија

Очекувањата за обемот на производството во преработувачката индустрија во наредните три месеци се дека тоа ќе се зголеми, а резервите на готовите производи сe зголемени, објави Државниот завод за статистика. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март е понеповолна во споредба со претходниот месец, а...

Пониски цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а за 4,4 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во февруари во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во...

Се зголемува прометот во индустријата

Прометот во индустријата во февруари 2016 година, во однос на истиот месец лани, е поголем за 14,9 проценти, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во февруари, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање...

Годишната инфлација во еврозоната во март била нула

Инфалцијата на годишно ниво во еврозоната во март била непроменета и практично не ни постоела, покажуваат најновите податоци што денеска ги објави статистичката служба на Европската Унија, Евростат. Цените во март не се намалиле ниту се зголемиле, па инфлацијата се задржала на нула. Евростат соопштил дека најголем...

Царинската управа лани наплатила 109 милиони евра

Царинската управа на Македонија минатата година наплатила 67.233.72.000 денари (109.323.122 евра), што е за 6,6 проценти повеќе во однос на 2014 година, а за 1,8 отсто повеќе во однос на планираното. Ова денеска го кажа директорката на управата, Наташа Радеска-Крстевска, на одбележувањето на 24-годишнината од основањето на...

Путин: Руската економија е во сива фаза

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека руската економија во моментов е во сива фаза и дека државните резерви се доволни за следните четири годни. Путин изјави дека резервите на земјата се доволни за следните четири години ако средствата се трошат со сегашното темпо. Тој додаде дека оваа година...

ММФ прогнозира пораст на македонската економија од 3,6 отсто за годинава

Економскиот пораст во Македонија оваа и следната година ќе достигне 3,6 проценти, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата најнова проекција објавена на Пролетните средби на оваа финансиска институција и на Светска банка во Вашингтон. Во однос прогнозата за глобалниот пораст, ММФ ја намали од...

Економска стагнација и регрес ако потрае политичката криза

Бизнисмените бараат решавање на политичката криза и го повикуваат претседателот Ѓорге Иванов на неодложено време да ја повлече одлуката за аболиција и за помилување од кривично гонење. Тие велат дека не можат да бидат индиферентни и да не реагираат на непромислените политички одлуки со кои...

Даути: Бизнис-заедницата го чувствува нефункционирањето на државата поради политичката криза

Бизнисмените се жалат на нефункционирање на институциите, бидејќи за одговори, решенија, одобренија за почнување и за продолжување инвестиции чекаат и по неколку месеци. - Функционирањето на институциите е отежнато, го чувствуваме секој ден при извршување на секојдневните обврски. Во нив владее волунтаризам, системот не функционира....

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...