fbpx

Продажбата на зелените пазари намалена за 20 отсто поради супермаркетите

-

Продажбата на зелените пазари бележи пад од 10 до 20 проценти, по појавата на продажба на зеленчук и на овошје во големите супермаркети, истакнаа од Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија.

Една од целите на оваа групација е преку осовременување и модернизација на пазарите, тие да останат атрактивни за купувачите наспроти појавата на големите хипермаркети, кои во еден дел стануваат конкуренција на зелените пазари.

Во согласност со податоците од пазарите, во Македонија постојат околу 15.000 до 20.000 закупци на тезги, што значи дека повеќе од 10.000 семејства живеат од тргувањето на зелените пазари.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...