fbpx
Таг: загадување

таг: загадување

Измени на закони, но и одговорност од институциите ќе спречат појави како увозот на токсично отпадно масло

Државниот инспекторат за животна средина да добие поголеми надлежности и зајакнати капацитети, да се измени и прецизира законот за инспекциски надзор, да се озбезбеди итна примена на Директивата на индустриски емисии, да се измени Правилникот за квалитет на течни горива, но и да постои одговорност кај надлежните институции, се главните препораки на Граѓанскиот инспекциски совет во насока на расплеткување...

Премалку селектираме отпад во земјава, затоа имаме преполни депонии и минорно рециклирање [инфографик]

Селекцијата на отпадот што го создаваме во секојдневието е прашање на кое македонските граѓани придаваат многу мало значење. Со години наназад, статистичките податоци покажуваат дека измешаниот комунален отпад доминира во количеството што секојдневно го собираат јавните комунални претпријатија и другите субјекти овластени за управување и третман со отпадот. Од 2014 година до денес, период за кој постојат податоци од Државниот...

„Еко-свест“: Планетата Земја ја доживува декадата на загадување и уништување, а човештвото не учи

Глобалното затоплување, загадувањето на водите, почвите и воздухот, сечата на шуми и претераното искористување на природните ресурси доведоа до работ на уништување многу скапоцени екосистеми и видови, затоа оваа година темата на Денот на планетата Земја е „Обновена нашата Планета“, со цел да се подигне свеста дека ублажување и прилагодување кон климата не се единствени чекори кои можеме да...

ДИЖС: Отстранета бетонската база што го загадуваше Р’жаничино и околината

бетонска база фото: ДИЖС
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека е отстранета бетонската база АРАДИКО КОП ДООЕЛ во Р'жаничино, што со години го загадуваше селото и околината. Инспекторите утврдиле дека базата работела без интегрирана Б дозвола, а покрај функционирањето без соодветна документација, од базата и од тешките товарни возила се ослободувале емисии во воздухот, бучава и вибрации. Дополнително, вишокот на бетон...

Еко-мапа е новата алатка преку која граѓаните можат да пријавуваат еколошки проблеми

Новата еколошка алатка за граѓаните, Еко-мапа, денеска беше презентирана на вториот ден од Националната конференција за клима, што е дел од проектот „Да зборуваме за климатските промени“ на Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, со финансиска поддршка на ЕУ. Оваа интерактивна алатка е создадена со цел да овозможи мапирање на различни еколошки проблеми на цела територија во земјава, кои потоа,...

Во понеделник започнува двонеделна онлајн-конференција за климатските промени

Како да ги ублажиме последиците од климатските промени и колку е важно тие да бидат дел од политиките и активностите во сите сектори – ова се најважните прашања на кои ќе биде фокусирана Националната конференција за клима, што ќе се одржи онлајн од 29 март до 9 април. Конференцијата е завршна активност на тригодишниот проект „Да зборуваме за климатските...

ДИЖС: Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот

Државниот инспекторат за животна средина на 5 март извршил вонреден надзор на асфалтната база Кооп инженеринг ДОО во Куманово, информираат од таму. Граѓаните од населбите Железничка станица, Бедиње и Черкези доставиле видео-запис на кој можел да се види емисија на густ чад, поради што во текот на ненајавениот надзор се извршија мерења на отпадни гасови и прашина од страна...

Порталб: Општина Тетово „глува“ за барањата на граѓаните да се чисти ѓубрето

Во моментов една од ретките зелени површини во Тетово, која е во близина на Универзитетот во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа, во „Студентската“ населба, е веќе полна со ѓубре и е на добар пат да се претвори во мала депонија, пишува Порталб.мк. Новинар од медиумот го пријавил случајот на општинските власти пред една седмица, но Инспекторатот за животна средина...

ДИЖС: РЕК Битола ги надминува граничните вредности на емисии на прашина и сулфурен диоксид

Термоцентралата РЕК Битола континуирано да ја контролира прашината што се јавува од депонијата за пепел од филтрите и соодветно да го складира и обележува опасниот отпад, како и да ја заврши изведбата на платото за складирање на искористена амбалажа од отпадни масла. За ова се задолжува РЕК Битола, по извршениот надзор на 23 февруари од страна на Државниот инспекторат...

По победата над „Пејпер Мил“ во Кочани, 12 организации со нова иницијатива „За здрав живот“

Борбата против загадувањето на животната средина и најавената изградба на мини хидроцентрала на браната Гратче, деновиве обедини 12 граѓански организации од Кочани, кои имаа заедничка цел – Кочани да биде почиста средина за живот. На заеднички состанок овие здруженија најавија засилени активности за почиста животна средина. Како што најавија, здружени ќе вршат поголем притисок врз институциите, а ги повикаа да...

Нова мапа ќе ги лоцира сите загадувачи од индустријата во целата земја

Нова мапа на загадувачи, ќе им помогне на граѓаните да ги лоцираат индустриските капацитети во нивната околина кои може да се причина за лошиот квалитет на воздухот. Веб страната www.mapanazagaduvaci.mk , изработена од еко-активистот Горјан Јовановски од „Мој воздух“, во соработка со здружението „Зелен институт“, од неодамна е пуштена како пилот-верзија и на неа веќе се поставени педесетина капацитети...

Порталб: Пријавувањето на загадувачите во Тетово само преку формулари, како во минатото

Пријавувањето на загадувачите на животната средина во Тетово е како во минатото, односно, загадувач не може да се пријави во дигитален формат, па дури ни по телефон. Во случај да се сведоци на „злосторство“ против природата, граѓаните треба да одат лично во зградата на општинскиот инспекторат, и тоа само до 16 часот. „E-report” не функционира, пишува Порталб.мк. Но, ако не...

Извезени стотина камиони згура од депонијата на велешката Топилница, од март ќе се копа во три смени

Згурата од велешката Топилница од март идната година ќе се прочистува во три смени, за да се забрза процесот на извоз на техногената суровина. Досега, околу стотина камиони со троска заминаа за Србија и Косово, а извозот со ова темпо ќе продолжи и во следните месеци. Во овие две земји треба да се преработат околу 300.000 тони од суровината,...

Инспектори откриле печатници што никогаш не измериле колку загадуваат

Државниот инспекторат за животна средина во контрола на индустриски капацитети кои работат во кругот на поранешна Стакларница откриле три печатници кои никогаш не ја спроведувале нивната обврската од елаборатите за заштита на животната средина, која им наложува да мерат испарливи органски соединенија. Фирмите добиле задолжене да ги направат мерењата и тоа во присуство на инспектор. Инспекторите откриле и складиште...

Инспекција на депонијата во Валандово, со нови мерки ќе се спречи палењето на отпадот

Инспекторите на Државниот инспекторат за животна средина направија контрола на депонијата во Валандово и го задолжија општинското јавно комунално претпријатие да управува со неа како што наложува законот. На локацијата треба да биде поставена ограда и чуварска служба, а со дневно прекривање со земја на отпадот се обезбедува депонијата да биде ставена под контрола. Од Државниот инспекторат велат дека вршат...

На Криволак почнува уништувањето на 12.700 гранати од Првата светска војна

На Армискиот полигон Криволак АРМ денеска почнува да ги уништува артилериските гранати од Првата светска војна кои неодамна беа откриени при градежни работи во Битола. Гранатите, вкупно 12.700, ќе бидат уништувани во неколку етапи во текот на декември и јануари, а нивното уништување нема да предизвика штетни ефекти по животната средина, тврди Министерството за одбрана. Инаку, АРМ во 2002 и...

„Пејпер мил“ доби казна од 20.000 евра за емисии на ПМ 10, инспекторите во офанзива против загадувачи

Државниот инспекторат за животна средина ја казни кочанската компанија „Пејпер мил“ со 20.000 евра и обврска за два месеци да вгради филтер за да запре загадувањето на воздухот со ПМ 10 честички од нејзините оџаци. Казна може да добие и општината Тетово која и покрај предупредувањето дека каптажата за вода за пиење за градот е незаштитена и под опасност...

Во Железара работат фирми без мерки за заштита од загадување, откриле инспекторите

Во вонреден инспекциски надзор што во кругот на Железара го направија изминативе два дена испектори на Државниот инспекторат за животна средина и на Инспекторатот на Градот Скопје откриле фирми кои работат без да поседуваат елаборати за заштита на животната средина. Контролите се направени по пријави од граѓани од Општината Гази Баба кои се пожалиле на високото загадување на воздухот...

Собранието го одби амандманот на О2 Иницијатива за поставување филтри на оџаците на јавните институции

Екологистите се незадоволни од распределбата на средства во Буџетот за 2021 година кои се наменети за животна средина и борба со аерозагадувањето. Еден од најголемите еколошки предизвици во земјава, високите концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5 е нашата реалност и годинава. Планот за чист воздух донесен пред две години не даде доволно резулатати, а како последица на тоа...

Мерките за заштита на граѓаните од загадениот воздух во Тетово, Куманово и Кавадарци престануваат да важат

Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на 30 ноември среднодневните концентрации на ПМ10-честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци и со тоа престануваат да важат препораките и мерките при надминат...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...