Термоцентралата РЕК Битола континуирано да ја контролира прашината што се јавува од депонијата за пепел од филтрите и соодветно да го складира и обележува опасниот отпад, како и да ја заврши изведбата на платото за складирање на искористена амбалажа од отпадни масла. За ова се задолжува РЕК Битола, по извршениот надзор на 23 февруари од страна на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), а во врска со утврдување на состојбите во однос на заштитата на животната средина.
„Со увид во извештаите од мерењата на концентрации на загадувачки материи во амбиентниот воздух што се вршат на три станици (во селата Дедебалци,
Гнеотино и Рибарци), се утврди дека не се регистрирани отстапувања од дозволените концентрации за ПМ 10 и ПМ 2,5, сулфур диоксид и азот диоксид
во последните 6 месеци. Меѓутоа, емисиите на прашина и сулфурен диоксид што се мерат на двата оџаци ги надминуваат граничните вредности, а
надминати се и максималните вкупни емисии што се утврдени со Националниот план за намалување на емисиите кој произлегува од Договорот со Енергетската заедница“ велат од ДИЖС.
Наместо во 2018 година да се постигнат 15,855 тони сулфур диоксид, реалните емисии биле 53,855 тони, или надминувањето на максималната утврдена вредност (“плафон”) изнесувало 3.40 пати. Во 2019 година лимитот од 15,855 тони сулфур диоксид е надминат 6.81 пати, а емисиите изнесувале 108,033 тони. Во 2018 година лимитот на емисии на прашина од 1,738 тони е надминат 2.06 пати, а во 2019 година а во 2019 година истиот е надминат 2.17 пати.
Како што посочуваат од ДИЖС, поради непочитувањето на Договорот со Енергетската заедница, земјата најверојатно годинава ќе плаќа казни, наместо
навреме да ги направи потребните инвестиции.
„За намалување на емисиите на сулфур диоксид (преку десулфуризација или друга соодветна метода), потребни се околу 180 милиони евра што не се обезбедени, ниту е познат изворот на финансирање. Сулфур диоксидот е гас што може да реагира со влажноста во воздухот формирајќи сулфурна киселина што предизвикува предизвикуваат закиселување на почвата и водите, намалување на биодиверзитетот и загрозување на здравјето на населението, и тоа на огромна оддалеченост од изворот на емисиите“ појаснуваат од ДИЖС, од каде што додаваат дека вкупните емисии на сулфур диоксид делумно ќе се намалат со планираната гасификација на првиот блок, но доколку другите два блока продолжат да користат јаглен и мазут како гориво, пришто, неопходно е итно да се започне со инвестирање во десулфуризација и изведба на систем за континуиран мониторинг на емисиите.
За намалување на емисиите на прашина пак, во тек е спроведување на јавна набавка за реконструкција на филтрите. По изведувањето на предвидените
работи, вредностите на емитираната прашина ќе бидат под 50 mg/m3. Ќе се воспостави и заштитен зелен појас со садење тополи и багреми.
Други поважни мерки се намалувањето на фугитивните емисии од депонијата на јаглен и рекултивацијата на коповите во рудникот за јаглен, како и подобрувањето на пречистувањето на отпадните води.
Инаку од инспекторатот потенцираат дека овој комбинат сè уште нема добиено дозвола за усогласување со оперативен план, а рокот за нејзино издавање е
истечен во 2019 година. Со што, ДИЖС се со соочува со потребата надзорот да се врши согласно одделните закони, наместо да го следи спроведувањето на
одредбите од дозволата на интегриран начин. Со Законот за животна средина што е во собраниска процедура се продолжува рокот, што ќе овозможи Нацрт
А дозволата за усогласување со оперативен план, која е во финална фаза, да биде веднаш издадена.