Фото: Арбнора Мемети

Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на 30 ноември среднодневните концентрации на ПМ10-честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци и со тоа престануваат да важат препораките и мерките при надминат праг на алармирање, информираат од Влада.

Поради високото ниво на ПМ-10 честички во Тетово, Куманово и Кавадарци, Владата во саботата издаде препораки до надлежните институции за заштита на граѓаните од загадувањето.