вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: загадување | 506 резултати

Скопје, Битола и Тетово и денеска се задушуваат, а никој не се потресува

3 ноември 2015

Утринава Скопје, Битола и Тетово се задушуваат во загаден воздух. Сите мерни станици во Скопје, двете мерни станици во Битола и мерната станица во Тетово покажуваат високо ниво на канцерогените честички ПМ10. Во Карпош, честичките ПМ2,5 се на многу виско ниво, а во Центар на високо ниво. Синоќа мерната станица во Тетово покажа 592 микрограми на […]

На битолчани им недостига повисока свест за да се спротистават на загадувањето

1 ноември 2015

Загадениот воздух во Битола и поразителните податоци што директно се одразуваат врз здравјето на битолчани, со еден новозаболен од рак секој ден, не ја издигнаа свеста кај граѓаните под Пелистер на повисоко ниво за да можат и поодговорно да побараат справување со проблемите. Ова е еден од заклучоците на синоќешната трибина во Битола на тема „Здравата […]

Почна сезоната на загаден воздух – ќе се задушуваме цела зима!

28 октомври 2015

Почетокот на грејната сезона ги донесе првите денови со зголемена загаденост на воздухот, особено во вечерните и во ноќните часови. Загаденоста во последните неколку дена повеќе од петпати ја надминува дозволената граница. Зголемено ниво на концентрациие на ПМ10-честичките заеблежано е во сите скопски општини, како и во Тетово, Битола и во Кавадарци. Во скопската населба Лисиче, […]

Македонија, шеста најзагадена земја во светот

1 септември 2015

Независниот истражувачки центар „Нумбео“ (Numbeo) ја рангираше Македонија на неславното шесто место во светот, на листа од 103 држави, според индексот на загадување за 2015 година. Од регионот Албанија е рангирана на 21. место, Бугарија на 53., Србија на 57., Хрватска на 90. место. Најнезагадена земја, според индексот на загадување, е Исланд.

Тоневски: Нема да дозволам инвестиција на штета на граѓаните

30 јули 2015

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, еден ден по потпишувањето на договорот за изградба на леарница, на дополнителна прес-конференција објаснуваше зошто е значајна оваа инвестиција за градот. Леарницата,  според пробиштипскиот градоначалник, уште од  почеток ја следат шпекулации, особено за влијанието на животната средина. Како што вели градоначалникот Тоневски, капацитетот во првата фаза, ќе преработува околу 29.000 […]

Општина Битола усвои Програма за заштита на животната средина за оваа година

10 јули 2015

  Со задоцнување од шест месеци општина Битола усвои Програма за заштита на животната средина и природата за 2015 година . За заштита на водата, воздухот почвата и воопшто прородата општината планира да потроши 10.700.000ден. Доцнењето од  половина година од донесувањето  на оваа програма, но и планот како да се потрошат парите денеска предизвикаа бурна […]

Вонредна еколошка ситуација во Сантјаго

22 јуни 2015

Вонредна еколошка ситуација прогласија денеска чилеанските власти во престолнината Сантјаго и во регионот околу градот. Мерката е воведена во момент кога земјата е домаќин на континенталното фудбалско првенство на Јужна Америка, „Копа Америка“. Повеќе од 900 фабрики привремено ќе се затворат и издадена е забрана за движење по улиците за околу 40 проценти од 1,7 милион […]

Тетово, рекордер по аерозагаденост

5 мај 2015

Поволните временски услови во пролетниот период го подобрија квалитетот на воздухот во цела Македонија. Само во Тетово, пет дена по ред, концентрацијата на штетните ПМ10-честички во воздухот е повисока од дозволените вредности. Градот под Шара, овој праг го надминува неколкупати месечно и сè уште останува црна точка на картата на аерозагадување во Македонија. Поради ваквата состојба, Министерството […]

Охрид: „Кој фрла ѓубре е магаре“

4 мај 2015

Првомајските празници ја оставија вообичаената слика на охридското крајбрежје: свежи отпадоци, пластични шишиња, кеси, стари душеци, тоалет-хартија, храна… Годинава сезоната со убавото време за Велигден и за 1 Мај како да почна парано, плажите се полни со гости и со охриѓани кои се релаксираат на благото сонце. Факт е дека на плажите нема написи „Забрането […]

Големите загадувачи мора да го известат Министерството за животна средина

27 април 2015

Македонското законодавство уште пред две годни пропишало донесување Национален регистер на загадувачи на животната средина и изработен е национален софтвер со географски приказ на загадувачите. Кои се, каде се наоѓаат и каков вид загадување вршат – тоа се податоците што преку интернет-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) треба да бидат достапни до […]

Нови штетни честички присутни во воздухот во Тетово

14 април 2015

Во воздухот во Тетово се појави нов загадувач, кој повеќе месеци ги надминува дозволените граници. Се работи за озон, присутен во приземниот слој на атмосферата, чија концетрација не треба да биде поголема од 120 микрограми на еден кубен метар, а присуството на озонот во воздухот достигна и двапати поголема вреднот од дозволеното, покажуваат неколкуте податоци […]

„Еко герила“ бара увид во поставувањето филтри на „Југохром“

16 март 2015

Движењето „Еко герила“ ја поздрави одлуката за поставување филтри на најголемиот загадувач „Југохром“. Поради сомневање и евентуално манипулирање во имплементирање на овој проект, од движењето бараат да се запознаат поблиску со програмата што треба да се имплементира, за да се спречи понатамошно загадување и труење на воздухот. Во спротивно, велат од движењето, ќе сметаат дека се […]

Скопје, Битола и Велес повторно одвај дишат

15 март 2015

Во 20 часот загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, Битола и во Велес е на многу високо ниво. Во Битола нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 196 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси четирипати повеќе од дозволените 50 микрограми. Многу високо ниво на ПМ10-честичките освен во Битола и во Велес, се забележува и […]

Издржете: Ќе се задушуваме само уште две-три години

17 февруари 2015

Мерки за намалување на загаденоста се преземаат, надлежните работат во согласнот со законите, а загадувањето на воздухот останува на високо ниво и тоа нема да се промени во наредните неколку години. Најголеми концентрации има на загадувачката супстанца ПМ10, а доминатен извор на загадувањето нема. Ова е заклучокот од денешната дебата „Загадување во Македонија: Битка за […]

Вечерва Скопје, Битола, Кичево, Велес, Кочани и Кавадарци дишат отров

16 февруари 2015

Во 20 часот загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, Битола, Кичево, Велес, Кочани и во Кавадарци е на многу високо ниво. Во Скопје, нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 195 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси четирипати повеќе од дозволените 50 микрограми. Многу високо ниво на ПМ10-честичките се забележува и во скопските општини […]

Тетово се задушува, Скопје и Битола одвај дишат

15 февруари 2015

Во 11 часот утринава, загадувањето на амбиенталниот воздух во Тетово е на многу високо ниво, а во Скопје и во Битола на високо ниво. Во Тетово нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 237 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси петпати повеќе од дозволените 50 микрограми. Високо ниво на ПМ10-честичките, освен во Битола, се […]

Скопје и Тетово повторно се задушуваат

5 февруари 2015

Загаденоста на воздухот во Скопје и во Тетово утринава е на многу високо ниво. Во Скопје, концентрацијата на канцерогените ПМ10-честички, измерена во 10 часот, изнесува 240 микрограми на еден кубен метар , што е речиси петпати повеќе од дозволните 50 микрограми. Во Тетово, ПМ10-честичките утрово достигнаа до 500 микрограми на еден кубен метар, што е […]

Протест против загадувањето на Скопје

1 февруари 2015

Стотина главно млади луѓе излегоа на денешниот марш против загадувањето на воздухот во центарот на Скопје, во организација на невладината „Гоу грин“, пишува „Радио Слободна Европа“. Демонстрантите, кои носеа гас-маски, за симболично да покажат дека во Скопје тешко се дише, извикуваа „Биди зелен“, „Кој е крив што градот ни е сив“ и „Сакаме чист воздух“. […]

Познато кој ја загадува Битола

30 јануари 2015

Во Битола стигнаа резултатите од двонеделното мерење на квалитетот на воздухот во центарот на градот, што на своја иницијатива го направи здружението„За нас се работи“. Анализите на воздухот се изработуваа во референтна лабораторија во Белград, Србија, а мерењето го вршеше мобилна мерна станица на „Фармахем“ од Скопје. Поради сериозноста на темата и ситуацијата во Битола […]

В недела ќе се маршира против загаденоста

28 јануари 2015

Скопјани в недела ќе маршираат против загаденоста под мото „Кој е крив што градот ни е сив?“, во организација на здружението за заштита на животната средна „Го грин“. Маршот ќе почне напладне во Паркот на новинарите, а крајот на маршрутата ќе биде кружниот тек кај Католичка црква, кај АМСМ. „Облечете се во темни бои, како […]

Страна 24 од 26