fbpx

Скопје, Кичево и Тетово утрово дишат отров

-

Загадувањето во Скопје измерено во 10 часот утринава изнесува 319,69 микрограми на еден кубен метар, што е речиси седумпати повеќе од дозвелените 50 микрограми.

Нивото на загаденост во Скопје од неделата во континуитет е многу високо.

Ако загадувањето продолжи и во наредните четири дена, тогаш од Град Скопје треба да ги прскаат улиците со калциум-магнезум ацетат, Јавното сообраќајно претпријатие треба да воведе бесплатен јавен превоз, а Министерството за внатрешни работи да воведе возење на автомобилите по системот пар – непар.

Моментално, според податоците од страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, стои дека многу високо ниво на ПМ10-честичките е забележано во скопските населби Гази Баба, Карпош, Лисиче, Центар и на мерната единица Ректорат, како и во Кичево и во Тетово. Во Миладиновци, Велес, Кочани и во Кавадарци загадувањето е на високо ниво, а во Битола на средно ниво. Во Центар утрово е забележано и високо ниво на ПМ2,5-честичките. Висока концетрација на канцерогените ПМ10-честички е забележана во континуитет изминатите шест дена.

Во случај на надминување на прагот од 50 микрограми на еден кубен метар на ПМ10-честички во пет последователни дена, Министереството за животна средина и просторно планирање издава предупредување да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, за затоплување на простории да не се користи каков било синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва.

Од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ги даваат следните пепораки: ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го извршуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Вообичаено, концетрацијата на ПМ10-честички постигнува максимално ниво во вечерните часови, од 22 часот до 1 часот по полноќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...