fbpx

СДСМ: Долго време требаше ВМРО-ДПМНЕ да го признае загадувањето во Битола

-

ВМРО-ДПМНЕ го призна загадувањето на воздухот во Битола, по многу алармирања од  СДСМ, изјави денеска претседателот на Општинската организација (ОО) на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски. Тој посочи дека освен признанието, не е преземена сериозна мерка, туку само комичен обид.

– ВМРО-ДПМНЕ го призна проблемот со загадувањето на воздухот во Битола. Но, наместо да преземе контретни мерки и да се реши овој многу важен проблем за битолчани, ВМРО-ДПМНЕ постави прашање. На собраниската седница за пратенички прашања, битолскиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски му постави прашање на заменик-министерот за животна средина: Дали и кога ќе биде ставена во функција мерната станица која веќе подолг период не работи? Одговор од страна на заменик-министерот нема, а пратеникот Зоран Илиоски е задоволен! – рече Ковачевски.

Потсетувајќи дека СДСМ многупати досега алармирал за загадувањето во градот под една од најголемите планини во земјава, Ковачевски рече дека сегашниот пратеник во времето кога бил функционер на ВМРО-ДПМНЕ негирал дека воздухот во Битола е загаден.

– ВМРО-ДПМНЕ се сети да праша за она што СДСМ и коалициските партнери веќе подолг период алармираат, апелираат и неколкупати предлагаат конкретни мерки и активности. Тогаш, Зоран Илиоски од комотната фотелја на координатор на Општинскиот комитет во Битола и како член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ убедуваше дека само без причина ја плашиме јавноста и дека ситуацијата со загадениот воздух не е критична. Во меѓувреме, Илиоски стана пратеник, па во согласност со новата улога, го смени и мислењето. Од скептик се претвори во загрижен битолчанец, кој како и сите други бара одговор на прашањата кои досега самиот тој требаше и мораше да ги одговори. За ВМРО-ДПМНЕ загадување немаше, а денес се сети дека има! Ваквото лицемерие не е ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ. Нивното однесување зависи само од нивната моментална функција, а не од фактичката состојба и од потребите на граѓаните – рече пратеникот и претседател на ОО на СДСМ во Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...