fbpx
Таг: загадување

таг: загадување

Охрид: „Кој фрла ѓубре е магаре“

Првомајските празници ја оставија вообичаената слика на охридското крајбрежје: свежи отпадоци, пластични шишиња, кеси, стари душеци, тоалет-хартија, храна... Годинава сезоната со убавото време за Велигден и за 1 Мај како да почна парано, плажите се полни со гости и со охриѓани кои се релаксираат на благото сонце. Факт е дека на плажите нема написи „Забрането фрлање отпадоци“, но зарем стигнавме до...

Големите загадувачи мора да го известат Министерството за животна средина

Македонското законодавство уште пред две годни пропишало донесување Национален регистер на загадувачи на животната средина и изработен е национален софтвер со географски приказ на загадувачите. Кои се, каде се наоѓаат и каков вид загадување вршат – тоа се податоците што преку интернет-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) треба да бидат достапни до сите граѓани. Големите загадувачи...

Нови штетни честички присутни во воздухот во Тетово

Во воздухот во Тетово се појави нов загадувач, кој повеќе месеци ги надминува дозволените граници. Се работи за озон, присутен во приземниот слој на атмосферата, чија концетрација не треба да биде поголема од 120 микрограми на еден кубен метар, а присуството на озонот во воздухот достигна и двапати поголема вреднот од дозволеното, покажуваат неколкуте податоци на Миниситерството за животна...

„Еко герила“ бара увид во поставувањето филтри на „Југохром“

Движењето „Еко герила“ ја поздрави одлуката за поставување филтри на најголемиот загадувач „Југохром“. Поради сомневање и евентуално манипулирање во имплементирање на овој проект, од движењето бараат да се запознаат поблиску со програмата што треба да се имплементира, за да се спречи понатамошно загадување и труење на воздухот. Во спротивно, велат од движењето, ќе сметаат дека се работи за уште една...

Скопје, Битола и Велес повторно одвај дишат

Во 20 часот загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, Битола и во Велес е на многу високо ниво. Во Битола нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 196 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси четирипати повеќе од дозволените 50 микрограми. Многу високо ниво на ПМ10-честичките освен во Битола и во Велес, се забележува и во скопско Лисиче и во...

Издржете: Ќе се задушуваме само уште две-три години

Мерки за намалување на загаденоста се преземаат, надлежните работат во согласнот со законите, а загадувањето на воздухот останува на високо ниво и тоа нема да се промени во наредните неколку години. Најголеми концентрации има на загадувачката супстанца ПМ10, а доминатен извор на загадувањето нема. Ова е заклучокот од денешната дебата „Загадување во Македонија: Битка за чист воздух“ во организација...

Вечерва Скопје, Битола, Кичево, Велес, Кочани и Кавадарци дишат отров

Во 20 часот загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, Битола, Кичево, Велес, Кочани и во Кавадарци е на многу високо ниво. Во Скопје, нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 195 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси четирипати повеќе од дозволените 50 микрограми. Многу високо ниво на ПМ10-честичките се забележува и во скопските општини Карпош, Лисиче, Гази Баба и...

Тетово се задушува, Скопје и Битола одвај дишат

Во 11 часот утринава, загадувањето на амбиенталниот воздух во Тетово е на многу високо ниво, а во Скопје и во Битола на високо ниво. Во Тетово нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 237 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси петпати повеќе од дозволените 50 микрограми. Високо ниво на ПМ10-честичките, освен во Битола, се забележува и во скопските општини...

Скопје и Тетово повторно се задушуваат

Загаденоста на воздухот во Скопје и во Тетово утринава е на многу високо ниво. Во Скопје, концентрацијата на канцерогените ПМ10-честички, измерена во 10 часот, изнесува 240 микрограми на еден кубен метар , што е речиси петпати повеќе од дозволните 50 микрограми. Во Тетово, ПМ10-честичките утрово достигнаа до 500 микрограми на еден кубен метар, што е 10 пати повеќе од...

Протест против загадувањето на Скопје

Стотина главно млади луѓе излегоа на денешниот марш против загадувањето на воздухот во центарот на Скопје, во организација на невладината „Гоу грин“, пишува „Радио Слободна Европа“. Демонстрантите, кои носеа гас-маски, за симболично да покажат дека во Скопје тешко се дише, извикуваа „Биди зелен“, „Кој е крив што градот ни е сив“ и „Сакаме чист воздух“. Тие велат дека Скопје е...

Познато кој ја загадува Битола

Во Битола стигнаа резултатите од двонеделното мерење на квалитетот на воздухот во центарот на градот, што на своја иницијатива го направи здружението„За нас се работи“. Анализите на воздухот се изработуваа во референтна лабораторија во Белград, Србија, а мерењето го вршеше мобилна мерна станица на „Фармахем“ од Скопје. Поради сериозноста на темата и ситуацијата во Битола со квалитетот на амбиенталниот...

В недела ќе се маршира против загаденоста

Скопјани в недела ќе маршираат против загаденоста под мото „Кој е крив што градот ни е сив?“, во организација на здружението за заштита на животната средна „Го грин“. Маршот ќе почне напладне во Паркот на новинарите, а крајот на маршрутата ќе биде кружниот тек кај Католичка црква, кај АМСМ. „Облечете се во темни бои, како смогот кој нè задушува, земете со...

СДСМ предложи мерки против загадувањето

Скопје стана европски шампион според загадување на воздухот, а скопјани добија татковски совет од грижливиот градоначалник да седат дома, да не проветруваат, да не палат оган и да не се возат со моторни возила, изјави на денешната прес-конференција Пеце Мирчески, претседател на Комисија за животна средина на СДСМ. „Тоа што Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ го нарекуваат „мерки за намалување на загадувањето“, не...

„Вила Зора“: Ние се задушуваме, а градските татковци мирно спијат

Загадувањето е алармантно и вакви концентрации на штетни материи во воздухот, медицински кажано, се опасни по живот, велат од еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес. - Mерките на надлежните институции не само што не се ефективни, туку не се ни преземаат. Интересно е што граѓаните буквално се задушуваат во нечист воздух, а надлежните се однесуваат како ништо да не се случува....

Загадување: Честички милион – акција нула

Загадувањето на воздухот изминатите неколку дена е на многу високо ниво. Во Скопје, Тетово, Битола и во Велес, каде нивото на канцерогените ПМ10-честички е високо над дозволеното, граѓаните цела зима дишат отров. Вчера Градот Скопје издаде мерки од прв степен (препораки), кои треба да се преземат за да се намали загадувањето. Еколошите здруженија велат дека загадувањето најмногу доаѓа од сообраќајот,...

Град Скопје: Не проветрувајте за да не дишете отров

Откако неколку дена загаденоста е на многу високо ниво, од Град Скопје издадоа мерки од прв степен поради надминување на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10). Мерките за граѓаните вклучуваат ограничување на движење на отворен простор само на неопходното, да не се користат автомобили без поголема потреба и да се користат средствата за јавен превоз. Тие повикуваат...

Мобилната апликација „Мој воздух“ ќе ве информира колку отров дишете

Корисниците на телефони „андроид“ веќе четири дена имаат можност да ја користат апликацијата наречена „Мој воздух“, што ги покажува податоците од загадувањето на амбиеталниот воздух. Со апликацијата може да изберете која било од мерните станици и загадувачките супстанци, при што се појавува илустрација со круг која покажува колку е моменталното загадување измерено на таа мерна станица. Доколку загадувањето е многу...

Утринава се дише отров во Скопје, Битола, Кичево, Тетово и во Велес

Во 10 часот утринава, загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, Битола, Кичево, Тетово и во Велес е на многу високо ниво. Во Скопје нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 155 микрограми на еден кубен метар, што е за повеќе од трипати од дозволените 50 микрограми. Многу високо ниво на ПМ10-честичките, освен во скопските општини Центар, Лисиче и Гази Баба, се забележува...

По три години проработи мерната станица Битола-2

По речиси три години пауза, проработи мерната станица за квалитет на воздухот Битола-2, сместена во центарот на градот, кај Јавното претпријатие „Стрежево“. Податоците за загаденоста на амбиенталниот воздух од новите мерења се алармантни. Инструментите на станицата за викендов измериле од 1.000 до 800 микрограми на еден метар кубен суспендирани честички ПМ10 во воздухот, во зависност од времето. Оваа вест колку ги...

Скопје се задушува во загаден воздух

Големо загадување на воздухот и високо ниво на канцерогените ПМ10-честички во 13 часот е забележано на сите мерни станици во Скопје, каде количеството на овие честички изнесува 465 микрограми на еден кубен метар, што е за повеќе од деветпати од дозволените 50 микрограми. Многу високо ниво на ПМ10-честичките, освен во скопските општини Центар, Лисиче, Гази Баба и на мерната станица...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...