fbpx

По три години проработи мерната станица Битола-2

-

По речиси три години пауза, проработи мерната станица за квалитет на воздухот Битола-2, сместена во центарот на градот, кај Јавното претпријатие „Стрежево“.

Податоците за загаденоста на амбиенталниот воздух од новите мерења се алармантни. Инструментите на станицата за викендов измериле од 1.000 до 800 микрограми на еден метар кубен суспендирани честички ПМ10 во воздухот, во зависност од времето.

Оваа вест колку ги загрижи толку ги израдува битолчани, особено од здружението „За нас се работи“. Според нив, оваа мерна станица е важна затоа што го мери хемискиот состав на воздухот и може да ги открие примарните, но и секундарните загадувачи. Од здружението велат дека без оглед на тоа дали поправката на мерната станица е резултатат на протестите на битолчани за чист воздух или, пак, добра волја на надлежните, сепак веќе се поместиле работите од мртва точка.

– Претходните најави на Министерството за животна средина беа дека оваа мерна станица нема да проработи до крајот на годината. Без оглед на тоа дали поправката е „наша заслуга“ или добра волја на надлежните, ова е чекор напред. Сега ќе имаме сознанија за загадувањето во центарот на градот и особено анализите за хемискиот состав на честичките, од каде може да откријат загадувачите – вели Горан Пинза, еден од основачите на здружението „За нас се работи“.

Пинза вели дека за десет дена ги очекуваат резултатите од мерењето на квалитетот на воздухот што на нивно барање го направи „Фармахем“ пред Нова година.

– Анализите од нашето мерење се обработуваат во Србија, во лиценцираната лабораторија и во согласност со добиените податоци, ние ќе предложиме мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во Битола – додава Пинза.

Сепак, за здружението, една од мерките за намалување на загадувањето во градот е Општината што поскоро да го реализира предизборното ветување за воведување топлификација.
Засега нема официјален одговор што беше поправено во мерната станица Битола-2.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...