fbpx

„Макстил“ затвора, „Југохром“ бара ново продолжување на рокот

-

Во согласност со предвиддените обврски за реализација на оперативниот план за воведување еколошки стандарди, „Макстил“ од денеска го прекинува производството во погонот „Челичарница“. Како што информираат од компанијата, производството ќе биде прекинато во погонот сè до ставање во целосна функција на новата филтерска постројка.

– Во претстојниот период, од ноември 2014 до јануари 2015 година, следува завршната фаза од реализацијата на проектот за нова филтерска постројка. Таа опфаќа монтажа и поврзување на новата постројка со постоечките инсталации. Од средината на декември 2014 до средината на јануари 2015 следуваат ладни и топли проби, по што погонот „Челичарница“ повторно ќе биде активиран, а ќе работи по најстрогите европски норми за емисии на издувни гасови во амбиенталниот воздух – појаснуваат од компанијата.

Од Министерството за животна средина велат дека „Југохром“ вчера доставила ново барање за пролонгирање на рокот за воведување на стандардите за две години.

Битолчани на протест за смртта на Јана: „Немаме солзи да ви ги исплачиме гревовите“

Под мотото „Правда за Јана“, „Сите сме Јана“ на плоштадот „Магнолија“ во Битола се одржа протест за смртта на шестгодишното девојче кое минатата среда почина на детското одделение во...
Free Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
udemy paid course free download
download mobile firmware
Download WordPress Themes Free
udemy paid course free download