петок, 5 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Југохром | 56 резултати

Ако не се реши проблемот со депонијата на „Југохром“, шестовалентниот хром може да е закана и за изворот Рашче

2 март 2022

Шестовалентниот хром од депонијата на „Југохром“ во Јегуновце и бесконечното одложување на решението за овој проблем може да бидат закана и за изворот Рашче од кој со вода за пиење се снабдува речиси цело Скопје. Мешањето на подземните води, контаминирани со отпадот од депонијата и водите во Жеденскиот масив, со кои се напојува изворот на […]

Канцерогениот шестовалентен хром од депонијата во Јегуновце го демне здравјето на граѓаните [фото]

17 февруари 2022

Фабриката „Југохром“ од Јегуновце била отворена во далечната 1955 година, но уште од самиот почеток на нејзиното работење не се посветило доволно внимание на заштитата на животната средина, особено на загадувањето на подземните и површинските води во овој дел од Полошкиот регион. Отпадната хроматна кал и отпадната згура од производството на феролегури од „Југохром“ почнала […]

Анѓушев: Со 1,5 милиони евра кредит, „Југохром“ ќе се рестартира до јуни 2019 година

22 ноември 2018

По одлуката на владата за обезбедување кредит од 1,5 милиони евра за комбинатот „Југохром“ од Јегуновце, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при посетата на фабриката порача дека комбинатот може профитабилно да работи, а работниците можат да ја гледаат својата егзистенција во „Југохром“. – Преку одобрувањето на кредитот е постигнат договор за рестартирање на „Југохром“. […]

Владата се изјасни негативно за предлог-амнестијата за настаните на 27 април

21 ноември 2018

На вчерашната 104. седница, Владата донела одлука да му додели кредит на металуршкиот комбинат „Југохром“ од Јегуновце за набавка на филтри. Владата донела и негативно мислење за Предлог-закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 Април 2017 година, кој беше доставен од група пратеници во Собранието. Македонската банка за […]

Загадувањето во Тетово е за 60 отсто намалено по затворањето на „Југохром“ (инфографик)

10 ноември 2018

Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, 60 отсто од загадувањето на воздухот во Тетово било резултат на работењето на комбинатот „Југохром“ чие производство е запрено во ноември 2016 година поради недостиг на соодветна филтер-станица. Во 2015 година, просечната среднодневна концентрација на ПМ10 честичките во Тетово била 298 микрограми на еден кубен […]

Еко герила: „Југохром“ ќе се рестартира без филтри, ни се закануваат за да молчиме

2 јули 2018

Движењето Еко герила денеска алармираше дека во изминатите денови различни поединци им испраќаат пораки, заедно со финансиски понуди, за да го замолчат движењето да не реагира на новиот обид да се рестатира металуршкиот комбинат „Југохром“ без соодветни филтри. „За ова е известена полицијата и денес баравме директна средба со премиерот Зоран Заев за да го […]

Анѓушев: Владата ќе направи напори за помош на „Југохром“ за поставување на филтрите

22 мај 2018

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како што известија од неговиот кабинет, на денешната средба со менаџментот и синдикатот на „Југохром Алзар“ и на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) порачал дека комбинатот не може да почне со работа сè додека не се постават филтрите за отпрашување, а Владата е подготвена да помогне тоа […]

Синдикатот на Југохром бара итна средба со премиерот, во спротивно ќе протестираат

7 мај 2018

Синдикатот на Југохром Алзар на 17 април доставил допис до владата за одржување на неодложна средба, поврзана со статусот на Југохром Јегуновце, информираат од таму. Но, како што се додава во соопштението, средба немало. „Затоа со овој допис повторно ви се обраќаме со барање за одржување на итна неодложна средба. Доколку до крајот на неделава […]

Кочовски: Состојбата во металната индустрија се подобрува, тоа ќе влијае и на економијата

24 октомври 2017

Во металната индустрија се чувствува заживување на пазарот, се зголемува обемот на нарачки и со тоа поголема е искористеноста на производствените капацитети, поголеми се производство, извозот и приходите, рече денеска на прес-конференција, претседателот на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија, Митко Кочовски. Политичката криза, но и случувањата на светскиот пазар од кои најмногу зависи оваа […]

„Југохром“ ќе стави филтри за да спречи загадување и ќе почне да работи догодина

12 октомври 2017

Фабриката „Југохром“ од Јегуновце ќе почне со работа кон крајот на мај или на почетокот на јуни наредната година, а планирано е да се постави филтер за отпрашување на печките 7 и 8 за да се спречи загадувањето. Ова беше истакнато на денешното потпишување на меморандумот за разбирање помеѓу Владата и „Југохром“. – Фабриката ќе продолжи да […]

Договорен меморандум за разбирање за рестартирање на „Југохром“

10 октомври 2017

Владата на денешната 31. седница го усвои предлогот за потпишување меморандум за разбирање, кој треба да придонесе за надминување на состојбите поврзани со работењето на „Југохром“, соопшти владината прес-служба. „Владата на Република Македонија го донесе ова решение со единствена цел – надминување на проблемите во оваа компанија кои доведоа до запирање на нејзиното работење откако […]

Синдикатот на „Југохром“ бара нова средба со Заев

17 јули 2017

Синдикатот на компанијата „Југохром“ бара нова средба со премиерот Зоран Заев, бидејќи, како што велат оттаму, сè уште ништо не е реализирано од претходниот состанок помеѓу нивните претставници и Владата, што се одржа на 18 јуни оваа година. Од синдикатот велат дека сакаат да бидат информирани од премиерот за „моменталната состојба и за неговото видување на […]

На владина седница ќе се расправа за дислокацијата на тетовската депонија

30 јуни 2017

Се работи на решение за дислокација на депонијата во Тетово и тоа прашање наскоро ќе се најде на владина седница. Што се однесува до комбинатот „Југохром“,  прашањето ќе се решава со писмени гаранции за преземени обврски од сите засегнати страни. Тоа премиерот Зоран Заев на денешната средба, на која биле и вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот […]

Заев, Анѓушев и Спасовски разговарале со претставници на синдикатот на „Југохром“

18 јуни 2017

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерите Кочо Анѓушев и Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и претставникот од Министерството за животна средина, Лирим Шабани, на денешната средба со претставниците на синдикатот на работници во комбинатот „Југохром“, Бајрам Амити и Светислав Спасовски, како и со генералната секретарка на СИЕР, Маре Анчева, разговарал за можноста […]

Еко-активистите имаат големо влијание врз институциите за заштита на околината

9 мај 2017

Активностите и дебатите за еколошките теми имаат големо влијание врз надлежните институциите во преземањето соодветни чекори за заштита на животната средина, беше истакнато на денешната панел-дискусија „Жените во заштита на животната средина“, организирана во чест на Денот на Европа. Универзитетската професорка Беса Арифи смета дека досегашните акции на невладините организации дале плод и дел од институциите презеле превентивни […]

„Југохром“: Филтер-страницата би била готова за 8 месеци ако Владата ни дозволи да работиме

26 април 2017

Денеска почнаа градежните активности за бетонирање на темелите на системот за отпрашување на комбинатот „Југохром“, чија изградба претставува услов поставен од Владата за овој некогашен гигант да продолжи со работа. Активностите почнаа во присуство на раководството и на синдикатот на „Југохром“. Оттаму истакнаа дека филтер-станицата со сигурност би ја изградиле во наредните осум месеци, доколку централната власт […]

Синдикатот на „Југохром“ бара итна средба со Димитриев

23 март 2017

Синдикатот на „Југохром Алзар – Јагуновце“ бара итна средба со техничкиот премиер, Емил Димитриев, поради ситуацијата со комбинатот, чии печки се исклучени поради пробивањето на рокот за изградба на пречистителна станица. Од синдикатот реагираат на игнорирањето од страна на Владата на нивниот последен допис и бараат средбата со Димитриев да се случи најдоцна в понеделник. […]

Вработените од „Југохром“ третпат го блокираа автопатот Тетово – Скопје

2 март 2017

Владата да донесе одлука фабриката да работи, а менаџерскиот тим на компанијата да продолжи со изградба на филтер-станицата, побараа вработените од „Југохром“ преку денешната блокада на автопатот Тетово – Скопје кај Желино, која траеше околу два часа. Од синдикатот на „Југохром“ најавија дека утре ќе остварат средба со премиерот Емил Димитриев. Велат дека од одлуката на владата ќе зависи […]

Вработените во „Југохром“ в четврток повторно ќе го блокираат патот Тетово – Скопје

27 февруари 2017

Синдикатот на „Југохром“ в четврток ќе организира нов протест поради, како што велат од синдикалната организација, неоправданото исклучување на печките на фабриката. Вработените во „Југохром“ ќе го блокираат регионалниот пат Тетово – Скопје, кај наплатната рампа Желино, во двата правци, а за време на протестот ќе ги соопштат своите барања. „Југохром“ престана со работа на […]

Вработените во „Југохром“ утре ќе го блокираат патот Скопје – Тетово

30 јануари 2017

Утре, од 11 до 13 часот, вработените на „Југохром“ ќе го блокираат регионалниот пат Тетово – Скопјке, кај наплатната рампа во Желино, во двата правца, поради, како што велат, неоправдано исклучување на печките од погон. Протестот ќе го организира синдикалната организација „Југохром Алзар“, известија оттаму.

Страна 1 од 3