fbpx

Кочовски: Состојбата во металната индустрија се подобрува, тоа ќе влијае и на економијата

-

Во металната индустрија се чувствува заживување на пазарот, се зголемува обемот на нарачки и со тоа поголема е искористеноста на производствените капацитети, поголеми се производство, извозот и приходите, рече денеска на прес-конференција, претседателот на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија, Митко Кочовски.

Политичката криза, но и случувањата на светскиот пазар од кои најмногу зависи оваа индустрија влијалеле на стагнацијата во овој сектор, но цените на суровините во овој период им одат во прилог.

– Кога оваа индустрија оди напред, и економската состојба се подобрува и, обратно, кога оди надолу, ја повлекува и економијата. До крајот на годината ќе видиме добри резултати од работењето на „Макстил“, „Арцелор митал“, „Дојран стил“. Овие компании веќе имаат евидентен пораст на производството и подобри финансиски показатели во однос на лани – рече Кочовски.

Кочовски нагласи дека состојбата во снабдувачите „Фени“ и „Југохром“ не е добра, но дека се очекува подобрување.

– Со новата сопственичка структура во „Фени“ очекуваме да има зголемување на производството и работа со полн капацитет. За „Југохром“, рестартирањето на производството го очекуваме напролет. Почетокот на работата на комбинатот е условен со поставување нови филтри на фабриката – додаде Кочовски.

Од новата влада, тој очекува дека ќе ја поддржи оваа индустрија, но не со субвенции туку преку енергетиката, транспортот, инфраструктурата, еколошките мерки, администрацијата.

Во однос на претходната влада, Кочовски рече дека и покрај тоа што ги кажале нивните проблеми, нивните иницијативи биле развлечени низ администритативни механизми.

Недостигот од кадар го оцени како еден од најголемите проблеми во овој сектор, поради што порача дека образовниот систем треба да се менува од корен.

– Просечната старост на вработените во овој сектор е 54 години, а нив некој треба да ги наследи за да се пренесе знаењето. Кадарот не се создава преку ноќ, треба промени од корен. Неповолно влијание има стапката на прираст на населението, но и миграциските движења – додаде Кочовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...