Фото: Порталб.мк

Пријавувањето на загадувачите на животната средина во Тетово е како во минатото, односно, загадувач не може да се пријави во дигитален формат, па дури ни по телефон. Во случај да се сведоци на „злосторство“ против природата, граѓаните треба да одат лично во зградата на општинскиот инспекторат, и тоа само до 16 часот. „E-report” не функционира, пишува Порталб.мк.

Но, ако не дојдете во општинскиот инспекторат, или ако не стигнете пред 16 часот нема како да се пријават загадувачите.

Од Општина Тетово објаснија дека постапката е да се пополни образецот, па дури потоа почнува процедурата.

„Пријавувањето се врши во општинскиот инспекторат, се архивира и се отвора предмет. Оваа зграда се наоѓа веднаш до зградата на Општина Тетово“, рекоа за Порталб.мк од Општина Тетово.

Активистката Елмедина Абдулаху од Движењето „Мајка и дете” завчера била очевидец на еден случај на загадување на животната средина, по што неколку пати се обидела да воспостави контакт преку броевите за пријавување загадување кои Општина Тетово ги има објавено на веб страницата, но безуспешно.

„Јас не успеав да најдам контакт број на инспекторатот за заштита на животната средина при општина Тетово, дали некој има информација дали освен бројот 0800 5 50 43 и e-report (И ДВЕТЕ НЕФУНКЦИОНАЛНИ) каде може да се пријави загадување?“ напиша Елмедина Абдулаху.

Сопственикот на една продавница во „Блок 82“ за Порталб.мк рече дека многу пати бил очевидец како пред неговата продавниц, се гореле отпадоци коишто, како што тој вели, не знае од каде дошле, но не е информиран каде треба да го пријави случајот.

„Сум видел лично, многу пати, пред мојата продавница луѓе палеле отпадоци што ги донеле. Бројот на општината што започнува со 0800 не е функционален, се јавува секретарката, не работи, а не знаеме кои се инспекторите“, вели тој.

Пред дека неколку дена, Порталб.мк беше сведок на палење на отпадоци во ромската населба, за што го информирале и директорот на општинскиот инспекторат за екологија, Гезим Ганиу, но никаква мерка не е преземена.

Инаку, во Тетово во текот 2019 година, имаше само 88 дена со чист воздух, 120 дена воздухот бил загаден над дозволеното ниво, а за 157 дена немало објавени податоци.