„Пејпер мил“ доби казна од 20.000 евра за емисии на ПМ 10, инспекторите во офанзива против загадувачи

Фото: Anne Nygård на Unsplash

Државниот инспекторат за животна средина ја казни кочанската компанија „Пејпер мил“ со 20.000 евра и обврска за два месеци да вгради филтер за да запре загадувањето на воздухот со ПМ 10 честички од нејзините оџаци. Казна може да добие и општината Тетово која и покрај предупредувањето дека каптажата за вода за пиење за градот е незаштитена и под опасност од градежните работи на малата хидроцентрала Лешница, не преземала ништо за да ја обезбеди.

Директорката на Инспекторатот Ана Петровска денеска информираше дека инспекторите активно работеле на новата жешка точка во Кочани, фабриката „Пејпер мил“. Компанијата, инпектори ја посетија минатиот месец кога беше откриено дека мерењата биле вршени од неакредитирана лабораторија и кога беше извршено вонредно мерење со што утврдиле дека фабриката загадува со прашина и јаглероден моноксид над дозволените граници.

„Фабриката беше задолжена да го смени горивото од пелети на метан за да не загадува. Во меѓувреме тие инсталираа опрема за озонирање и извршија корекции на воденото отпрашување. По новото мерење на емисииите, резултатите повторно беа над дозволените заради што беше изречена казна. Како трајно решение Пејпер мил во следниот период ќе треба да вгради филтер и сериозно да ги намали емисиите на ПМ честички“, посочи Петровска.

Таа информираше дека во изминатиот период Државниот инспекторат за животна средина направил 124 надзори од кои 28 се вонредни и издал 47 решенија за отстранување на недостатоци, две прекршочни пријави, две забрани за горење отпад и предлози за три казни. Вонреден надзор бил направен и во кругот на Железара каде беше констатирано дека повеќе инсталации работат без елеборати, кои ќе треба во најскоро време да ги изработат.

Инспекторите за животна средина побарале и преиспитување на елаботатот за заштита на животната средина за третман на медицински отпад на фирмата „Ремондис медисон“ или поранешен „Еко клуб“ од Битола кај која се констатирани сериозни недостатоци. Фирмата требало да третира опасен отпад во близина на три погони за производство и складирање на храна иако самото присуство на ваков објект може да има негативнио влијание на прехранбената индустрија.

Петровска најави дека малите хидроцентрали, кои се во интересот на јавноста зарадии своето влијание врз бидиверзитеотот и опстанокот на природата на животните, ќе бидат контролирани од инспекторите, особено во делот на почитувањето на испуштањето на утврдениот биолошки минимум.

„Увидот во изградбата на малата хидроцентрала кај Лешница минатиот месец утврди дека каптажата за водоснабдување за Тетово не е заштитена, а градежната механизација може да ја загади водата за пиење за градот. Во надзорот во Општината Тетово и јавното комунално прептијатие, Општината не доставила елаборат за заштитна зона, кој е неопходен, а доколку не ги достави овие одлуки, по истекот на рокот водостопанскиот инспектор ќе изрече казна“, вели Петровска.