fbpx

ДИЖС: Отстранета бетонската база што го загадуваше Р’жаничино и околината

-

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека е отстранета бетонската база АРАДИКО КОП ДООЕЛ во Р’жаничино, што со години го загадуваше селото и околината. Инспекторите утврдиле дека базата работела без интегрирана Б дозвола, а покрај функционирањето без соодветна документација, од базата и од тешките товарни возила се ослободувале емисии во воздухот, бучава и вибрации. Дополнително, вишокот на бетон од цистерните се исфрлал во река.

„По утврдувањето на незаконското работење, извршено е отстранување на бетонската база од локацијата и чистење на реката, како резултат на инспекциската постапка“, информираат од ДИЖС на нивната фејсбук страница.

Објаснуваат дека нивната интервенција е по претставка на граѓани и на барање на општината Петровец, која нема овластен инспектор за животна средина, врз основа на што во неколку наврати во текот на март бил извршен надзор во бетонската база АРАДИКО КОП ДООЕЛ.

„Бетонската база работела врз основа на Елаборат за заштита на животната средина, што Министерството за животна средина го одобрил за проектна документација со предвиден силос за цемент со волумен до 50 кубни метри. Но, базата работела со два силоса од по 50 тони, за кој капацитет е неопходно издавање на Б интегрирана еколошка дозвола, што не била обезбедена“, посочуваат од ДИЖС.

Додаваат дека, домаќинствата од блиската населба може да здивнат поради отстранувањето на овој загадувач, што долги години бил причина за нарушување на нивното здравје и квалитет на живот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...