fbpx

По победата над „Пејпер Мил“ во Кочани, 12 организации со нова иницијатива „За здрав живот“

-

Борбата против загадувањето на животната средина и најавената изградба на мини хидроцентрала на браната Гратче, деновиве обедини 12 граѓански организации од Кочани, кои имаа заедничка цел – Кочани да биде почиста средина за живот.

На заеднички состанок овие здруженија најавија засилени активности за почиста животна средина. Како што најавија, здружени ќе вршат поголем притисок врз институциите, а ги повикаа да им се приклучат сите спортски друштва, хуманитарни организации и другите тела што имаат цели како нивните.

„Здружени можеме да направиме многу повеќе, со цел граѓанскиот збор да има поголема вредност во локалната средина. Досега нашите состаноци беа насочени кон борба против загадувачот „Пејпер Мил“, но и другите загадувачи, а ќе делуваме и за запирање на изградба на мини хидроцентрала на Мала Река“, соопшти Зоран Тодоров, кој беше избран за координатор на иницијативата.

Организирањето во заедничка иницијатива го предизвика неколкумесечното залагање на решавање на загадувањето во Кочани, за што како главен предизвикувач беше посочена фабриката „Пејпер мил“. Капацитетот по неколку протести и посета на еколошките инспектори престана со работа, откако беше наложено да работи на еколошкото гориво метан.

Спречувањето на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река, како што најавуваат од иницијативата, е следната значајна активност.

На инвеститорот на тој капацитет му остануваа да го комплетира уште последниот документ – дозволата за градба, што засега Општина Кочани одбива да ја издаде. Граѓаните реагираат дека проектот за мини хидроцентралата се спроведува без јавна расправа и тие не се прашани за мислење.

Согласноста од Општина Кочани е издадена непосредно пред локалните избори во 2017 година, што исто така е симптоматично за иницијаторите на спротивставувањето на изградбата на оваа мини хидроцентрала.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...