fbpx
Таг: загадување

таг: загадување

Карантинот привремено го расчисти воздухот во Европа, но како последица од загадувањето сè уште умираат над 400.000 луѓе годишно

Карантинското затворање на земјите, како одговор на ширењето на Ковид-19 што се случи пролетта, придонесе за значително намалување на емисиите на загадувачи на воздухот, особено од патниот транспорт, авијацијата и меѓународната трговија, нотира Извештајот на квалитетот на воздухот во 2020 година на Европската агенција за животна средина. Сепак, загадениот воздух, кој е присутен и сега, и понатаму е причина за...

„Дрисла“ работи најдобро што може, Вардариште е црна точка, Инспекторатот за животна средина вонредно ги чешла загадувачите

Државниот инспекторат за животна средина за три недели направил 68 редовни надзори и 25 вонредни контроли и издал 12 решенија за корекции на индустриските капацитети. Директорката Ана Петровска денеска информираше дека инспекторите ги посетиле „Дрисла“, „Макстил“, „Пејпер мил“ од Кочани, МЕПСО, „Фени“ и други компании, а деновиве ќе го посетат и БЕГ, кој неодамна резервираше поголеми количини на мазут,...

Иницијативата за забрана на пластични кеси потсетува на нереализираните ветувања на власта

Неодамна формираната Иницијатива за забрана на пластични кеси, која обединува екологисти, потсетува дека е крајно време надлежните да донесат законска одредба за забрана на пластичните кеси за пазарење и да воведат нови, вистински биоразградливи, според европските стандарди, а истовремено, кај потрошувачите да се поттикне создавањето навика за користење на платнени торби за повеќекратна употреба. Екологистите потсетуват дека Владата вети но...

Казните за загадување на животната средина се зголемуваат до 20 пати

Се зголемуваат казните за загадување на животната средина. Владата на вчерашната 19-та седница усвои предлог-законско решение за измени во Законот за прекршоци со кое се зголемуваат глобите до 20 пати од сегашните, за прекршоци во областа на животната средина кои се предвидени во законите кои ја регулираат заштитата на природата, водата, воздухот, третманот на отпадот и други области од...

Иницијатива на граѓанската О2 – 39 пратеници здружени ќе се борат против загадувањето

Од здружението О2 Иницијатива, денеска соопштија дека е формирана интерпартиска парламентарна група која ќе треба заеднични да се бори против загадувањето и климатските промени, во име на заштита на животната средина. Во оваа група се вклучиле 39 пратеници од девет политички партии. Од О2 Иницијатива велат дека денеска ја имале првата средба со парламентарна група, а на агендата биле измените...

Се отстранува „картон-маало“ и депонијата под Железничка станица (галерија)

Денеска, од раните утрински часови со механизација се отстранува импровизираното картон-маало формирано на паркиралиштето под Железничка, како и натрупаниот отпад, купиштата пластична амбалажа и стариот мебел што го нагрдуваат овој јавен простор и претставуваат извор на загадување, информираат од Град Скопје. Во оваа акција учествуваат екипи на Инспекторатот на Град Скопје, Центарот за социјални работи на град Скопје, Министерството за...

Заев најави затворање на првиот блок на РЕК Битола како и централите кои работат на јаглен

Првиот блок на РЕК Битола ќе биде затворен за најмногу пет години. Следува период во кој ќе мора да се затворат сите централи кои работат на јаглен, најави премиерот Зоран Заев кој денеска заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) Васко Ковачевски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје,...

По две години во „магла“, пред крај се набавките за нови инструменти за мерење ПМ-10 честички

Од 17 мерни места низ земјава, каде што Министерството за животна средина и просторно планирање ја контролира состојбата со квалитетот на воздухот, шест не мерат ПМ-10 честички. Од нив четири се расипани, во Гази Баба, Миладиновци, Битола и Струмица, а во две, Ѓорче Петров и Карпош, инструментите се исклучени, бидејќи не даваат точни резултати. На две места, во скопските...

Владата да не планира нови рудници за јаглен, апелираат еколошките организации

Најголемиот дел од инвестициите да се насочат кон обновливите извори на енергија, а да се затворат сите постројки кои работат на јаглен е заедничкиот став на еколошките граѓански организации за програмата на Владата за животна средина. Екологистите ѝ забележуваат на новата влада што на маса го враќа отворањето на рудникот „Живојно“, кој ќе значи и продолжување на векот на...

Бележиме 1.500 смртни случаи на 100.000 жители како последица на загадениот воздух

Македонија, особено скопскиот и северозападниот регион, влегува во црвената зона на земји со загадување со ПМ 2,5 честички со концентрации над 25 микрограми на кубен метар, нотира годишниот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) за 2019 година, кој беше објавен пред два дена. Заедно со останатите земји од источна и југоисточна Европа, земјава бележи и над 1.500 смртни...

Аерозагадувањето, климатските промени и обновливите извори највисоко на еколошката агенда на новата Влада

Интензивно зазеленување на земјата и промена на начините за загревање на институциите и домовите, како еден од најитните одговори на аерозагадувањето, потоа соодветен третман на отпадот како и нови транспортни политики со акцент на субвенции за еколошки возила и велосипеди, се главните еколошки определби на новата Влада во програмата за периодот од 2020 до 2024 година. Ќе се работи...

Грантови до 10.000 долари за подобрување на енергетската ефикасност на куќи во Лисиче

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), објави повик за избор на домаќинства во скопската населба Лисиче, коишто ќе бидат поддржани со грант во висина до 10.000 американски долари, во денарска противвредност, со цел да преземат мерки за зголемување на енергетска ефикасност на своите домови...

Зелена иднина без јаглен е основа на Стратегијата за климатска акција

Зеленото сценарио од Стратегијата за енергетика е основа за идната долгорочна Стратегија за климатска акција која е во изработка и која, заедно со законот за климатска акција, треба да биде основа за активностите на нашата држава во борбата против климатските промени. По ратификацијата на Договорот од Париз, прашањата за намалени климатски промени во земјава досега најмногу се интегрираа во енергетските...

Планетата се прегрева, ако не ги спречиме, климатските промени ќе ни донесат нови пандемии

Пандемијата на ковид-19 го стави светот пред нови искушенија. Економиите, здравствените системи и образованието се во создавање на навики од „новото нормално“, кое пак, никако не смее да ја заобиколи животната средина и борбата со климатските промени. Сѐ погласни се апелите дека пандемиите се неизбежното зло кое нѐ очекува во иднина, доколку економијата, но и политичката волја не ја...

Ако не сакаме нови пандемии, мора да го намалиме загадувањето на околината

Пандемијата на ковид-19 и драстичната промена на некои животни навики уште еднаш не потсети дека „новото нормално“ во светот и кај нас ќе мора да се усогласи со потребите на природата и живиот свет околу нас. Особено имајќи во предвид дека воздухот е медиумот преку кои се пренесуваат вирусите, а загадениот воздух истражувањата го поврзуваат со поголема смртност од...

Троската од велешката топилница се анализира за радиоактивност и токсичност во Грција

Примероци од црниот рид со згура од Топилницата во Велес се испратени на анализа во Грција заради обезбедување на последната дозвола пред да започне транспортот на суровината. Грчките власти ќе испитуваат радиоактивност и токсичност на троската пред да обезбедат МСДС (Material Safety Data Sheet), документ за квалитет на стоката при меѓународен превоз. Троската, до крајните дестинации ќе патува преку...

Заради коронавирусот, седум држави мора да дадат нови дозволи за извоз на хемикалиите од ОХИС

Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Швајцарија како и Македонија, треба да издадат нови дозволи за меѓународен транспорт и извоз на опасни материи, за хемикалиите од ОХИС да стигнат во инсенератор во Швајцарија. Претходната нотификација истече пред да биде завршен проектот „Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи“ од АД „Охис“ Скопје, заради пандемијата со коронавирусот и затворањето на...

„Дрисла“ набави стерилизатор за третман на медицински отпад

Скопската депонија „Дрисла“ купи нов стерилизатор за третман на медицински отпад кој во иднина, наместо да се согорува во инсенератор како досега, ќе се стерилизира и депонира како комунален отпад. Стерилизаторот е од италијанската марка ЦИСА, работи на иновативен, целосно автоматизиран систем, со висока технологија и има капацитет од 2.000 литри, односно за еден час може да третира 350...

РКЕВУ: Новата цена на лесното масло за греење 51,5 денари за литар, речиси исто колку дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), одреди нова цена на лесното масло за затоплување, познато како „црвена нафта“ - 51,5 денари за литар - откако беше покачена акцизата на ова гориво. Владата завчера ја измени и дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со кои...

Водечки научни студии докажале дека ПМ2,5 честичките директно влијаат на смртноста од Ковид -19

Дури за 15 проценти е зголемена стапката на смртноста кај лица заразени од Ковид-19 кога има зголемување на загадувањето со ПМ 2,5 од само еден милиграм на кубен метар, утврдиле научниците од Харвард во најновата национална студија, објавена пред неколку дена во Соединетите Американски Држави. Во првите месеци на пандемијата реализирани се бројни научни студии од врвни научни центри...

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“, обвинува Град...