Заев најави затворање на првиот блок на РЕК Битола како и централите кои работат на јаглен

-

Првиот блок на РЕК Битола ќе биде затворен за најмногу пет години. Следува период во кој ќе мора да се затворат сите централи кои работат на јаглен, најави премиерот Зоран Заев кој денеска заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) Васко Ковачевски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани, извршија обиколка и увид на претоварната станица во Карпош-Скопје, каде што граѓани ги одложуваат старите печки на нееколошки горива, дрво, јаглен и фосилни горива, откако претходно се пријавиле на јавниот повик за добивање субвенции за набавка на инвертер клима уреди, кои се еколошко и далеку поевтино греење.

Заев додаде дека првиот блок на РЕК Битола треба да се пренамени во гасна централа, односно да биде приклучен на гасоводната мрежа која е изградена пред извесен период.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека останатите два блока ќе работат на јаглен се додека дозволува Европската Унија, а тоа е најмалку десет години, во кој што период, блоковите ќе се затвораат еден по еден.

Во однос на изворите на загадување, Заев додаде дека „следејќи ги сите анализи кои покажуваат дека нееколошкото греење е најголемиот загадувач на амбиенталниот воздух, со замената на греењето со еколошки системи, драстично ќе се намали загадувањето“.

Тој потенцираше дека имплементирањето на оваа мерка за намалување на загадувањето е при крај. ЕСМ обезбеди средства во висина од 10 милиони евра, за реализација на мерката субвенционирање на високоефикасни инвертери, како и до јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и вработените во депонијата „Дрисла“ за финализирање на мерката.

Според Заев вратените печки, покажуваат дека толку домаќинства годинава нема да бидат извор на концентрации од загадувачки супстанци.

Градоначалникот Шилегов информираше дека јавниот повик за субвенционирање на инвертер клими е најголем што досега го има реализирано Град Скопје, објаснувајќи  дека секој граѓанин кој аплицирал за набавка на вакви уреди, а притоа ја вратил старата печка, добива можност да му биде вратен целиот износ за набавка на уредот најмногу во висина до 62.000 денари.

„Град Скопје досега има примено околу 4.060 апликации од кои досега околу 1.000 печки се вратени само во општините Сарај и Шуто Оризари. На оваа локација согласно примените апликации се очекува да бидат вратени околу 1.300 печки од општините Ѓорче Петров, Карпош и Центар. Пред 20-тина дена повикот беше стопиран, со цел да се провери уште колку средства остануваат за доделување, имајќи предвид дека различните уреди кои ги набавуваат граѓаните имаат различни цени, а согласно тоа потребно е време прецизно да се пресметаат преостанатите средства“, рече Шилегов кој најави дека повикот повторно ќе продолжи.

Тој нагласи дека оваа мерка за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје, со враќање на старите печки кои користат нееколошки енергенси, во Скопје, ќе има околу 4.000-5.000 оџаци помалку и изрази уверување дека тоа ќе биде забележано и од мерните станици за мерење на аерозагадувањето во градот.

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на повеќе места...

Пакистан сака да го номинира Доналд Трамп за Нобелова награда за мир

Пакистан соопштија дека сакаат да го препорачаат Доналд Трамп за Нобелова награда за мир за неговата работа во помагањето при решавањето на неодамнешниот конфликт меѓу Индија и Пакистан, пренесува Гардиајан. Овој потег...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...
Колаж: (лево) Черепот од Харбин, фото од Чиамеи Фу преку Википедија (CC BY). (средина) Профилна слика на д-р Фу од Resarch Gate. (десно) Реконструкција на ликот на праисторискиот човек од Харбин од бразилскиот уметник Цицеро Мораес (CC BY 4.0)

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на...