fbpx
Таг: универзитети

таг: универзитети

Илија Ивановски е нов студентски правобранител на УГД

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип го добија новиот правобранител – студентот Илија Ивановски. Од Универзитетското студентско собрание на УГД соопштија дека со одлука на Сенатот е потврден неговиот мандат. Ивановски е студент во четврта година на Факултетот за медицински науки. Од УСС УГД информираа дека за сите прашања и информации кои се од неговата област студентите ќе можат да...

Стотици студенти известени дека им е укинат студентскиот оброк, од МОН смируваат дека ќе нема оштетени

Нови незгоди околу исплатата на субвенционираниот студентски оброк. Најмалку 500 студенти на социјалните мрежи реагираа дека добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН) во кое пишува дека од денес им се укинува правото на студентски оброк, мерка која претходниот месец им беше одобрена. Информацијата за укинувањето на оброкот студентите ја добиле на своите електронски адреси, каде МОН ги...

УКИМ ги додели наградите на најдобрите дипломирани студенти

Денеска пред платото на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беа доделени пофалниците и пригодните награди за најдобрите дипломирани студенти за академските 2018/2019 и 2019/2020 година. Наградата – златник со ликот на светите Кирил и Методиј, за учебната 2018/2019 година ја примиле вкупно 23 студенти, додека за учебната 2019/2020 година биле наградени вкупно 26 студенти. Покрај тоа, на...

Од утре студентите ќе можат да аплицираат за нови студентски стипендии и да ги продолжат старите

Студентски дом Гоце Делчев
Од утре започнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, согласно условите и критериумите наведени  во конкурсот за академската 2021-2022 година, информираат од Министерството за образование и наука. Постапката за аплицирање е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што, како што велат од МОН, значително се поедноставува начинот на остварување на правото. Оние студенти кои немаат можност да аплицираат електронски...

МОН: Зголемени стипендии и за студентите од регионот со македонско потекло кои студираат во земјава

Министерството за образование и наука и оваа година обезбеди 50 стипендии за студенти со македонско потекло кои живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција и тоа за додипломски студии на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Мајка Тереза“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Гоце Делчев“ во Штип...

Универзитетите сѐ уште не знаат колкава школарина ќе плаќаат студентите со самохрани родители

Студентите со самохрани родители сè уште не знаат дали ќе треба да плаќаат целосна школарина во претстојната учебна година. Конкретен одговор за ова прашање нема ниту од државните универзитети. Ова се само дел од анонимните коментари и искуства на студентите од оваа категорија: „Кога започнав со факултет бев дете на самохран родител и плаќав целосна партиципација во приватна квота. Пред една...

Од октомври комбинирана настава на факултетите на УКИМ

Зимскиот семестар во академската 2021/22 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе започне со комбиниран пристап од онлајн настава и настава со физичко присуство, соопшти Универзитетското студентско собрание. Неколку минути откако извести дека наставата ќе се одвива онлајн, поради лавината реакции од студентите, Универзитетското собрание ја промени одлуката и упати ново известување. Во соопштението до студентите се  додава...

По реакциите во јавноста, студентите со самохрани родители повторно ќе плаќаат пониска партиципација на сите факултети на УКИМ

По реакциите на граѓанската организација „Младите на Една Може“ (One Can - Youth) и објавата дека студентите од еднородителски и самохрани семејства се изоставени како категорија при упис на дел од факултетите, од Универзитетското студентско собрание на УКИМ соопштија дека студентите од оваа група повторно ќе ги имаат поволностите на намалување на партиципацијата и школарината. Од таму велат дека надлежните...

Студентите од самохрани и еднородителски семејства изоставени како категорија при упис на дел од факултетите

Студентите од самохрани и еднородителски семејства се изоставени од сегментот на специјални околности при упис на некои факултети на дел од македонските универзитети, со што им е одземена можноста да плаќаат пониска партиципација.  Ова го утврдиле од „Младите на Една може“ (One Can - Youth), за што реагираа на социјалните мрежи. Од таму забележуваат дека при упис на универзитетите во...

Одлична можност за студентите од земјава, секоја година сè повеќе заинтересирани за Еразмус+

Еразмус+ е програма на ЕУ за поддршка на образованието, обука, млади и спорт во Европа. Дел од оваа програма се и универзитетите од земјава. Според нив, секоја година сé повеќе расте интересот на студентите за учество во оваа програма. Истото го потврдува и Националната агенција за европски студиски програми и мобилност, пишува Порталб.мк. Програмата Еразмус+ им овозможува на студентите, запишани...

Сè што треба да знаете за субвенционираниот оброк за студенти што ќе стартува од октомври

Од октомври годинава субвенциониран студентски оброк од 2.400 денари ќе добијат 40.000 студенти од земјава, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН). Оваа месечна сума на средства ќе им биде достапна на сите редовни студенти запишани на државните, но и на приватните универзитети во земјава. Право на користење ќе имаат единствено студентите на додипломските студии. Од МОН објаснуваат дека...

Универзитетите задоволни од оваа aкадемска година, успехот на следната ќе зависи од имунизацијата на студентите и професорите

Учење од далечина
Првиот академски час на државните универзитети минатиот октомври започна во неизвесност, но академската 2020/2021 година на крај заврши успешно. За првпат во историјата на македонските универзитети поголем дел од академскиот кадар и студентите една цела академска година поминаа дома, одржувајќи ги предавањата и испитите преку средства за далечинско учење. Новите корона услови ја ставија на тест подготвеноста на образовниот систем...

Во новата академска година студентите ќе добиваат по 2.400 денари месечно за оброци

По скратена постапка во рамки на 39 седница на Собранието, пратениците вчера ги донесоа измените и дополнувањето на Законот за субвенциониран студентски оброк. Во новата академска година, секој студент кој е државјанин на Република Северна Македонија и е запишан како редовен студент на додипломски студии на државните или приватните универзитети, месечно на сметка ќе добива по 2.400 денари наменети за...

УКИМ „падна“ за 27 места на листата на најдобри универзитети во светот

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се најде на 1.944 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за академската 2021/2022 година, која ја издава Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). И годинава УКИМ е единствениот македонски универзитет на листата, со вкупно 65,9 бодови од можни 100. Сепак, најголемиот универзитет во државата бележи пад од 27 места во однос...

Култура на универзитетите! – утре почнува „Студентска музичка пролет“

Студентска музичка пролет
Утре почнува годинешното, четврто издание на „Студентска музичка пролет“ – настан кој изминативе години значително придонесува за збогатување на културниот живот на студентите преку организирање на настани од културата на самите универзитети. Поради ситуацијата, манифестацијата годинава ќе биде со скратена програма, без концерти и рецитали, но тоа нема да го намали квалитетот на содржините, велат организаторите. „Студентска музичка пролет“ е интердисциплинарен...

Една година по затворањето на факултетите и студентските домови: „Никој не можеше да претпостави што нѐ чека“

Студентски Дом - Гоце Делчев во Скопје
Со препорака на Комисијата за заразни болести, а на одлука на Владата, на денешен ден минатата година беше соопштено дека се затвораат сите градинки, основни и средни училишта, високи школи и факултети во државата. Наставата во основното, средното и високото образование беше прекината, а беше донесена одлука да се затворат и сите ученички и студентски домови, па станарите кои...

Протести во време на пандемија: Младите го креваат гласот без оглед на условите

Пандемијата со корона вирусот и условите кои ги наметна не ја спречи младината низ светот да го крене својот глас за промените во општествата што ги засегаат токму нив. Од почетокот на пандемијата па досега, светот беше сведок на младински протести, собири и соочувања со полицијата. И покрај забраната за собири над 100 лица, стотици студенти на универзитетите во Грција...

На УКИМ и УКЛО се пријавуваат повреди на студентските права, другите универзитети немаат правобранители

универзитети студенти
Недостапни професори, ненавремено закажување на испити, скратени рокови за сесии и бавни процеси на издавање документи од студентските служби – ова се проблемите што студентите ги пријавувале кај студентските правобранители на дел од државните универзитети во Македонија. Според Законот за високо образование, заради заштита на правата на студентите, на секој универзитет се избира студентски правобранител. Тој делува на ниво на...

Порталб: Се реконструира само eдна населба во Teтово населена главно со студенти, другите во мизерна состојба

Студентската населба во Тетово, за која Порталб.мк информира редовно, конечно се реконструира. Станува збор за населба која е, главно, населена со студенти, бидејќи се наоѓа на пет минути од двата универзитета на овој град, пишува Порталб.мк. Студентите во Тетово живееја како во среден век, во населба со руинирана инфраструктура, отпадоци фрлени насекаде и како последица на лошите услови, на...

Порталб: Странските студенти заминаа, Универзитетот ЈИЕ се префрла целосно на онлајн модел на настава

И единствениот универзитет во Северна Македонија, Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), кој повеќе од 90 отсто од предавањата ги реализираше со физичко присуство, од 9 ноември преминува на онлајн моделот, пишува Порталб.мк. Дури и тие малку странски студенти кои престојуваа во Тетово последните неколку дена поради предавања на Универзитетот во Југоисточна Европа, веќе ги спакуваа куферите за да се вратат...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...