fbpx

Порталб: Се реконструира само eдна населба во Teтово населена главно со студенти, другите во мизерна состојба

-

Студентската населба во Тетово, за која Порталб.мк информира редовно, конечно се реконструира. Станува збор за населба која е, главно, населена со студенти, бидејќи се наоѓа на пет минути од двата универзитета на овој град, пишува Порталб.мк. Студентите во Тетово живееја како во среден век, во населба со руинирана инфраструктура, отпадоци фрлени насекаде и како последица на лошите услови, на ова место, токму во текот на ноќта се собираат корисници на дрога.

„Започнавме со изградбата на вториот дел од патот во „студентската населба“. Паралелно со улицата ќе се уредат и пешачките патеки и ќе се постави јавно осветлување. Вкупната вредност на инвестицијата е 3.200.000 денари“, изјавија од Општина Тетово.

Освен недостигот од градска библиотека, кино или вистински културни активности, голем број од студентите во Тетово се соочуваат со недостиг на елементарни услови. Не подалеку од две минути од Универзитетот на Тетово, улицата во која живеат, главно студенти, е оставена на милоста на судбината.

Инаку, населбата „Видое Смилевски Бато“ се наоѓа на само две минути оддалеченост од Универзитетот на Тетово. Иако е населена во најголем дел со студенти, оваа населба е во мизерна состојба. За да се стигне навреме на предавање, студентите треба да бидат опремени со зимски чизми против разни инфекции што може да ги добијат од отпадоците. Од Општина Тетово нема одговор на прашањето што е преземено за тоа.

Исто така, неколку километри подалеку се наоѓа една друга улица населена најмногу со студенти, за која сè уште нема план за реконструкција. Улици со дупки, мини депонија, без јавно осветлување и место на криминалци, се синонимите за оваа тетовска населба, која се наоѓа на само пет минути од двата Универзитета.

Поради немање асфалтирана улица, студентите направиле „мост“ заради полесен и побрз излез до Универзитетите. Штом ќе го поминат овој „мост“, наидуваат на мала депонија. Во оваа населба нема ниту јавно осветлување, што ја прави непроодна во текот на ноќта, бидејќи има многу кучиња скитници како и дилери на дрога, кои претставуваат опасност за студентите, но и за другите жители на оваа улица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...