Одлична можност за студентите од земјава, секоја година сè повеќе заинтересирани за Еразмус+

Извор: Порталб.мк

Еразмус+ е програма на ЕУ за поддршка на образованието, обука, млади и спорт во Европа. Дел од оваа програма се и универзитетите од земјава. Според нив, секоја година сé повеќе расте интересот на студентите за учество во оваа програма. Истото го потврдува и Националната агенција за европски студиски програми и мобилност, пишува Порталб.мк.

Програмата Еразмус+ им овозможува на студентите, запишани во високообразовните институции, да посетуваат еден до два семестри како размена или дванаесет месеци пракса во европски компании или институции. Во овој период, студентите добиваат финансиски стипендии за да ги покријат своите трошоци.

Колку студенти ја искористиле оваа програма во академската 2020/2021 година?

Во текот на академската 2020/2021 година, 28 студенти на Универзитот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) следеле еден семестар во рамки на програмата Еразмус+ во Европа, додека 5 студенти реализирале пракса во европски компании-институции. Од друга страна, 20 семестрални размени и 6 практиканти биле откажани како резултат на пандемијата. Од истата причина, само 3 странски студенти можеле да следат еден семестар на УЈИЕ.

„Како резултат на пандемијата, во 2020/2021 година бројот на реализирани мобилности е помал во споредба со претходните години. Започнавме со само тројца студенти за мобилност во 2012/2013 година и во последните години стигнавме околу 70 мобилности“, вели Бујар Синани од Канцеларијата за меѓународни односи УЈИЕ.

Универзитетот во Тетово (УТ) не одговори на прашањата поставени од Порталб.мк.

Сепак, според податоците на веб-страницата на УТ, во текот на претходната академска година 2019/2020 година, Универзитетот во Тетово од Националната агенција за европски студиски програми и мобилност одобри 60 мобилности за студенти, 22 студенти ја искористиле програмата Еразмус+ во текот на зимскиот семестар (18 за студии и 4 за практиканти) и 24 студенти во летниот семестар за време на пандемијата (22 за студии и 2 за пракса).

Ниту еден студент од Универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ) во Скопје немал можност да ја искористи оваа програма. Од Универзитетот „Мајка Тереза“ велат дека поради пандемијата, во текот на академската 2020/2021 година тие ниту пратиле ниту примале студенти за размена или пракса.

Национална агенција за европски студиски програми и мобилност е јавна институција основана со закон усвоен од Собранието на Република Северна Македонија. Целта на оваа институција е да работи на промоција и имплементација на европски програми од областа на образованието, обуката, младите и спортот во РСМ.

Од оваа институција велат дека за академската 2020/21 година, вкупно 180 студенти имаат реализирано размена на семестар и пракса, и покрај ограничувањата на движењето заради пандемијата. Со оглед на фактот дека сите размени не се сè уште воведени во системот, од агенцијата очекуваат дека кога конечните извештаи ќе бидат доставени од универзитетите, бројот на размени и спроведени практики ќе достигне околу 300-350.

Илир Камбери, ја искористил програмата Еразмус+ три пати и вели дека тоа е најдобрата одлука што ја донел за време на додипломските и постдипломските студии. Според него, оваа програма има повеќе димензионални придобивки, а не само академски.

„Тоа е едно од најдобрите можни искуства што студент може да ги доживее за време на студиите, за мене беше најдоброто, па затоа го искористив максимално. Ако некој има дилеми, нека се консултира со студенти кои биле во размена на студенти со програмата Еразмус+ и ќе се убедат дека сите треба да ја испробаат оваа златна можност“, рече Илир Камбери.

Интересот на студентите за Еразмус+ од година во година сé поголем

Александар Богојески, од Националната агенција за европски студии и мобилност, истакнува дека интересот на студентите од година во година е сé поголем, освен за периодот на пандемијата.

„Со оглед на бројот на запишани студенти, мислам дека интересот на студентите постојано расте. Ние работиме на промовирање на оваа програма и сите нејзини активности, овозможувајќи им на студентите да бидат дел од академскиот свет во движење“, рече Бујар Синани од Канцеларијата за меѓународни односи на УЈИЕ.

Истото го велат и од УМТ, и велат дека Еразмус+ е доволно користен од студентите. УМТ од 2018 година кога ја доби Повелбата за програмата Ерамсус+ од Европската комисија, испрати 30-тина студенти на мобилност.

Националната агенција неодамна спроведе анализа/прашалник со студентите кои биле во замена за програмата Еразмус+, при што едно од прашањата било дали повторно би ја реализирале размената или праксата, 87 отсто од студентите одговориле дека повторно би ја реализирале размената.

„Очекуваме, по надминувањето на пандемијата Ковид-19, бројот на размени да продолжи да расте. Како пример ќе го земам фактот дека универзитетите пред пандемијата спроведуваа повеќе од 620 размени на студенти и практиканти годишно “, рече Александар Богојески од Националната агенција.

Има и студенти кои ја избегнуваат оваа можност

Илир Камбери вели дека главната причина што многу студенти се скептични кон оваа програма е нивниот недостаток на самодоверба и недостаток на храброст да излезат од нивната удобна зона. Повеќето студенти не пробале да живеат сами во друга земја, па затоа им се чини како голем предизвик.

„Ги охрабрувам студентите да се приклучат кон овој проект и покрај дилемите што ги имаат. Свесен сум дека не е пријатно да се напушти зоната на удобност и да се соочиме со нови предизвици, но да бидат убедени дека вреди да се доживее, ова искуство ќе остане меѓу најубавите спомени во животот“, нагласува Илир Камбери.

Инаку, во текот на април годинава официјално беше објавена програмата Еразмус+ за периодот 2021-2027 година. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (АКПАЕМ) објави дека програмата Еразмус+ во овој период ќе има историски највисок буџет од 28,4 милијарди евра на европско ниво и предвидува да вклучи над 10 милиони учесници.