Порталб: Странските студенти заминаа, Универзитетот ЈИЕ се префрла целосно на онлајн модел на настава

Фото: Арбнора Мемети

И единствениот универзитет во Северна Македонија, Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), кој повеќе од 90 отсто од предавањата ги реализираше со физичко присуство, од 9 ноември преминува на онлајн моделот, пишува Порталб.мк.

Дури и тие малку странски студенти кои престојуваа во Тетово последните неколку дена поради предавања на Универзитетот во Југоисточна Европа, веќе ги спакуваа куферите за да се вратат во своите места на живеење, по одлуката на УО на УЈИЕ дека предавањата ќе бидат преместени онлајн, која се должи на зголемувањето на бројот на заразени од ковид-19 во земјата. УЈИЕ преку порака ги извести студентите дека оваа одлука е донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во просториите на универзитетот.

„Во последните неколку недели, нашата земја и регионот бележат зголемување на бројот на заразени лица. Според извештајот објавен од Институтот за јавно здравје на Северна Македонија, само минатата недела се регистрирани нови позитивни случаи на ковид-19 во 35 градови, што е пораст од 27,4 проценти во споредба со пред една недела. Зголемувањето на овие бројки продолжува секоја недела и тие се загрижувачки во Скопје и Тетово, каде што работиме како Универзитет. Врз основа на горенаведените информации, раководството на Универзитетот одлучи од 9 ноември 2020 година, сите предавања во кампусот, ќе се одржуваат целосно онлајн. Овој начин на предавањата ќе се одвиваат до 30 ноември 2020 година“, пишуваат од Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).

Додека повеќето предавања на Универзитетот во Тетово се реализираат преку интернет, од овој Универзитет нè информираа дека сите факултети се разликуваат во тоа како одржуваат предавања, според нив, засновано на повеќе фактори.

„Наставата на Универзитетот во Тетово во моментов се одвива со комбиниран модел, во зависност од одлуките донесени од секој факултет, според природата на студиската програма, предметите, бројот на студенти и состојбата со пандемијата во последните денови“, велат од Универзитетот во Тетово.

Од универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје исто така истакнаа дека по зголемувањето на бројот на заразени и по одлуката на Владата за администрацијата да работи од дома, предавањата се реализираат преку интернет.

„На универзитетот „Мајка Тереза​​“, по зголемувањето на бројот на заразени со ковид-19 во земјата и по одлуката на Владата на РСМ, администрацијата да работи од дома, се одржуваат предавања преку интернет со цел да се спречи ширењето на коронавирусот на нашиот универзитет“, рекоа од Универзитетот „Мајка Тереза​​“.

Дури и на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје сите предавања се изведуваат преку интернет.

Инаку, според статистиките на Ворлдметер досега од вирусот ковид-19, ширум светот, имало вкупно 48 милиони заразени лица и 1.2 милиони смртни случаи. Во меѓувреме, само во Северна Македонија досега вкупниот број на заразени достигна 35.097 и 1.071 смртни случаи.