fbpx
Таг: Собрание на РСМ

таг: Собрание на РСМ

ВМРО-ДПМНЕ најавува собраниска блокада на законот за еколошка такса, власта се дообјаснува

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека во Собранието на РСМ ќе се спротивстави на донесувањето на новиот закон со којшто ќе се воведе еколошката такса за нафтените деривати. Пратеникот Тимчо Муцунски денеска рече дека за опозицијата еколошката такса е форма на кризен данок. „Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е цврст и јасен: Без двоумење ќе го блокираме овој Предлог закон, користејќи ги...

Собраниската расправа за ребалансот на буџетот ќе почне на 1 јули

Расправата во Собранието на РСМ за ребалансот на годинешниов државен буџет ќе започне на 1 јули. На парламентарната веб-страница за овој датум е закажано заседанието на Комисијата за финансирање и буџет. Со буџетскиот ребаланс, предвидено е зголемување на приходите и расходите за оваа годинава, но и пораст на буџетскиот дефицит. Според објавениот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на...

Обвинителството ги отфрли пријавите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за гласањето во скафандери во Собранието

Основното јавно обвинителство (ОЈО) ги отфрли кривичните пријави што ги поднесоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица против собранискиот спикер Талат Џафери и двајцата пратеници од власта кои во скаfандери дојдоа на гласање во парламентот, поради тоа што беа заболени од ковид-19. Нивните гласови беа неопходни за усвојување на пакет мерки за помош за справување со пандемијата, кои беа со месеци...

Законот за дивоградби успеа два пати да дојде во Собрание, оние за управување со отпад чекаат половина година

Додека законот за легализација на дивоградбите успеа два пати во изминативе месеци да се најде на седница на Собранието на РСМ и Владата во последен момент го повлече на 29 мај, на власта и опозицијата во парламентот им треба повеќе од половина година за да го стават на дневен ред на собраниска седница сетот од шест закони за управување...

Пратениците прифатија, се чека на Џафери за собирање потписи за референдум против дигиталните учебници

Двете собраниски комисии за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска донесоа заклучок дека предлогот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ е уреден. Собранискиот спикер треба следно да го прифати поднесениот предлог, по што тој ќе треба да ја извести Државната изборна комисија да ги отвори нејзините подрачни единици во кои ќе треба...

Спорниот закон за дивоградби ќе се врати кај пратениците на седницата закажана за 8 јуни

Спорниот закон за легализација на бесправно изградените објекти ќе се најде повторно пред пратениците на собраниската седница предвидена за 8 јуни. Откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша законот и истиот со забелешки го врати во Собранието на РСМ, парламентарниот спикер Талат Џафери тврди дека тој има обврска да го врати законот на дневен ред во трето читање во...

Доставен предлог до Собранието за одржување референдум против воведувањето дигитални учебници

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска до Собранието на РСМ го достави предлогот за покренување на иницијатива за распишување на референдум, со цел граѓаните да се изјаснат околу нацрт-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали. Покрај тоа што се залагаат за стопирање на дигитализацијата во образованието, бараат и да се сопре воведувањето на сеопфатно...

Џафери: Нема законска можност ВМРО-ДПМНЕ да формира повеќе пратенички групи

Спикерот на Собранието Талат Џафери оценува дека не постои законска можност за формирање на повеќе пратенички групи, како што најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според него, за такво нешто нема деловничка можност, иако порано имало таква практика. „Беше тоа период што е веќе зад нас, поминаа четири години и не би требало да се вратиме во тие правци“, рече Џафери, на денешната...

Пратениците не ја изгласаа интерпелацијата на министерот Оливер Спасовски

Со 11 гласа „за“ и 60 гласа „против“, Собранието на РСМ вечерва не ја прифати интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ќе продолжи да ја извршува својата функција во владата на премиерот Зоран Заев.  Интерпелацијата беше поднесена од Алијансата за Албанците и Алтернатива поради бегството на Сашо Мијалков. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште претпладнево ја напуштија собраниската расправа...

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската седница, за Спасовски интерпелацијата против него е чудна

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ја напушти собраниската седница на која се разгледува поднесената интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од страна на Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива поради бегството на Сашо Мијалков. Од ВМРО-ДПМНЕ се налутија поради тоа што собранискиот спикер Талат Џафери им соопшти дека не ја поднеле навреме листата со говорници, како што се предвидува во...

Реакции за говорот на омраза што се појави по емитувањето на емисијата „Моја сторија“ на МТВ

Хомофобичниот и трансфобичниот говор на омраза што деновиве се шири по социјалните мрежи од поединци и по некои медиуми по емитувањето на емисијата „Моја сторија“ на Македонската телевизија (МТВ) доведе до реакции на институциите и на невладиниот сектор. Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето во Собранието на РСМ го осудува говорот на омраза кој се појави...

Собранискиот клуб за младински прашања е невидлив, пратениците се занимаваат со дневно-политички поентирања

Клубот за младински прашања и политики во Собранието, составен од млади пратеници е недоволно видлив во јавноста, а младите пратеници се најчесто преокупирани со дневни политички случувања, наместо со конкретни младински прашања. Додека пак, младите треба активно да ги адресираат нивните прашања и барања токму до младите пратеници. Ова е генералниот заклучок од денешниот настан фокусиран за поголемо запознавање...

Опозициските партии почнаа да ги повлекуваат амандманите на блокираните закони во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ денеска се согласи да ги повлече амандманите од Законот за државјанство, коишто беа причините албанската коалиција Алијанса и Алтернатива да поднесат илјадници амандмани со кои ги блокираа законите од петтиот пакет на антикризни мерки. „Свесни за недостигот на искрена желба за брзо решение, но и за критичниот момент во кој се наоѓа земјата, ќе ги повлечеме сите амандмани на...

„Гласен текстилец“ бара пратениците итно да го изгласаат петтиот пакет мерки

Социо-економската и здравствената криза предизвикана од вирусот ковид-19, удри по вработените од ниско-профитабилните и трудо-интензивни гранки, по жените, младите, возрасните лица пред пензија, хронично болните, самохраните родители. Тие се соочуваат со незаконски откази, непродолжување на договорите за работа, намалена плата, доцнење на платата и по два месеца, губење на права од работен однос и друго. Голем дел од фирмите...

Пописот ќе се одржи од 5 до 30 септември, локалните во октомври, а ќе се гласа со отисок од прст

Пратениците синоќа ги изгласаа законските измени за одложување на пописната акција, наместо до 1 до 21 април, за септември годинава, поточно таа ќе се реализира од 5 до 30 септември. Во меѓувреме, ќе трае попишувањето на дијаспората. Со усвоените измени во Кривичниот законик, пак, локалните избори, ќе се одржат на 24 или на 31 октомври, а граѓаните ќе gласаат...

Армијата ќе продолжи заедно со граничната полиција да ја обезбедува северната и јужната граница

ЖПретседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата на Северна Македонија, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница на земјава, информираат од претседателскиот кабинет. Од Кабинетот на Претседателот на РСМ образложуваат дека одлуката е донесена врз основа на Одлуката на Владата за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република...

Пендаровски нареди Армијата да се повлече од границите – Собранието не донесе одлука за продолжување на кризната состојба

Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница прогласена во врска со мигрантската криза заврши на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница, информираат од Кабинетот на претседателот. Поради тоа, претседателот Стево Пендаровски му наредил на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник...

Законот за одложување на пописот и измените на Изборниот законик ќе се носат по скратена постапка

Во тензична атмосфера со постојани реплики меѓу пратеници на ДУИ и албанската опозиција од Алијанса на Албанците и Алтернатива, Собранието на РСМ го утврди дневниот ред на 38. собраниска седница и одлучи по скратена постапка да се донесат измените и дополнувањата на Законот за попис и на Изборниот законик. Со 95 гласа „за“ и 7 гласа „против“, пратениците одлучија...

Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен

Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика (ДЗС) нема да ги отпочне пописните активности на терен, информираат од ДЗС. „Со оглед дека е...

Донесувањето на законите за заштита на животната средина страда од блокадата на Собранието

Заштитата на животната средина во земјава страда од опозициската блокада на Собранието на РСМ. Иако беше предвидено да бидат донесени од пратениците до крајот на март, пакетот од шест закони за управување со отпадот не се знае кога ќе бидат усвоени од законодавниот дом. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ информираат дека во моментов не...

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...