fbpx
Таг: Собрание на РСМ

таг: Собрание на РСМ

СДСМ најави смена на седум министри, Алтернатива наредната недела ќе одлучи за влез во влада

По неуспешниот обид за изгласување на недоверба на владата во Собранието на РСМ минатата недела и по завршените локални избори, од владејачката партија СДСМ најавуваат владина реконструкција, додека од опозициската албанска партија Алтернатива излегоа со информација дека наредната недела ќе одлучат дали ќе влезат во реконструираната влада. Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи во денешното гостување...

Усвојувањето на буџетот за 2022 година пред пратениците, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 220 амандмани

Пратениците денеска ја започнаа расправата во Собранието за предлог-државниот буџет за 2022 година. Вкупните приходи догодина се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани во износ од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 проценти повеќе oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или...

Пратеникот Реџепи самоволно се засолнил, бидејќи добивал закани по живот

Пратеникот Кастриот Реџепи, којшто не се појави на собраниската седница за гласање доверба на владата во четвртокот, денеска одржа прес-конференција во Собранието. Тој рече дека на денот на гласањето доверба на владата самоволно се засолнил за да не дозволи земјата да отиде во правец спротивен на неговите убедувања и стратешката определба. „Се надевам дека разумот ќе надвладее во деновите пред нас,...

СДСМ најавува проширување на мнозинството, Мицкоски се прашува дали вреди да се занимава со политика

Изјавите на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и обраќањето преку Фејсбук на пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, укажуваат дека наместо да се изгласа недоверба на владата, владеачките партии ќе го прошират мнозинството. Пратеникот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи, кого денеска го бараа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на БЕСА Билјал...

(ФОТО) Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во скафандер во Собрание, пред седум месеци критикуваа за истата работа

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој е и координатор на пратеничката група и Ангелинка Петкова денеска во скафандери дојдоа во Собранието на РСМ за да учествуваат на седницата на која треба да се гласа недоверба на актуелната влада. Бидејќи и двајцата се позитивни на ковид-19 и се во изолација, под посебни протоколи е дозволено нивното присуство во парламентарниот дом. Пред...

Опозицијата и власта со противречни изјави за тоа кој го има мнозинството во Собранието

Неизвесност околу тоа кој го има мнозинството во Собранието на РСМ пред гласањето за доверба на Владата што ќе се одржи во четврток. И владејачката СДСМ и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека имаат поддршка од 61 пратеник, со која што би се задржала актуелната влада на премиерот Зоран Заев или би се формирало ново парламентарно мнозинство. Пратеникот на партијата Алтернатива,...

Седницата за гласање на доверба на Владата e закажана за во четврток

На 11 ноември (четврток) ќе се одржи собраниската седница за гласање на доверба на Владата, соопштија денеска од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија. Барањето за гласање за доверба на Владата на Република Северна Македонија е доставено и истото е архивирана од надлежните служби. „Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот...

Реакции на експерти по оставката на Заев: Тропа на врата политичка криза во земјава

Северна Македонија е пред политичка криза, со повеќе излезни решенија, но и со нејаснотии како ќе излезе од неа во ситуација кога на подрачјето на Западниот Балкан треба да се решаваат сериозни надворешнополитички прашања меѓу соседите, но и самава земја ќе треба да го решава спорот со Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ. Професорката Мирјана Најчевска од Институтот за...

Пендаровски и Нуредини ќе учествуваат на климатскиот Лидерски самит во Глазгов

На клучниот самит за климатски промени што ќе се одржи од 31 октомври до 12 ноември во Глазгов ќе учествуваат претседателот Стево Пендаровски и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тие ќе ги презентираат позициите на нашата земја на климатскиот Лидерски самит во Глазгов. Заеднички домаќини на 26-тата Конференција за климатски промени на Обединетите нации ќе...

Собранието ги усвои шесте закони за управување со отпад што ги бараше ЕУ

На денешната седница на Собранието на РСМ беа усвоени Законот за управување со отпадот, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Гласањето за овие четири закони следи откако во август годинава од пратениците беа донесени...

Законот за отпад во септември пред пратениците: Палењето ќе се казнува со 200 евра, фрлањето ѓубре 150 евра

Граѓаните кои ќе фрлаат ѓубре насекаде или ќе палат отпад и во иднина ќе поминуваат евтино. Физичките лица во иднина ќе се казнуваат со глоби од 200 евра ако спалуваат или закопуваат отпадни гуми, масла и друг вид отпад во природата или на патиштата. Со казни од 150 евра пак ќе поминат оние граѓани кои фрлаат ѓубре кајшто ќе...

Платформа за борба против корупцијата: Се поткопува владеењето на правото со законот „Бехтел-Енка“ да гради автопати

Со одлуката за носење на посебно скроен закон за изградба на автопатишта со стратешкиот партнер Бехтел и Енка, се поткопуваат темелите на владеењето на правото, реагираат од Платформата за борба против корупцијата која е составена од 17 членки – организации кои работат на теми од антикорупција, владеење на правото и добро управување. „Во состојба во која постојат веќе воспоставени начини како...

02 Иницијатива ќе предложи амандмани на законите за управување со отпад, бараат регулативата да биде применлива на терен

За нас клучно треба да биде носењето на закони кои ќе овозможат подобра состојба на терен, а не дали законите се од збор до збор препишани од ЕУ регулативата без осврт на нашата реалност, велат за „Мета.мк“ од граѓанската 02 Иницијатива во однос на пакетот закони кои се однесуваат на управувањето со отпад, кои се наоѓаат на разгледување во...

Намалувањето на данокот за струја на 5 отсто заглави во Собранието, сметките за јули ќе се плаќаат по старо

Сѐ додека Собранието не ги донесе законските измени за намалување на ДДВ-то за електричната енергија, од 18 на 5 отсто, домаќинствата ќе ги плаќаат сметките со постојната ставка на ДДВ од 18 отсто, која е сега на сила, потврди денеска на прес конференција во Владата, министерот за финансии Фатмир Бесими, како одговор на новинарско прашање. Тој рече дека се надева...

ДУИ против Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за идентитетските линии, албанската опозиција ќе гради партиски став

Владејачката партија ДУИ не ја прифаќа најавената Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ за дефинирањето на македонските идентитетски линии, за која што ќе треба да се гласа во Собранието на РСМ. И покрај тоа што СДСМ ја прифати ваквата резолуција, од ДУИ пристигна информацијата дека нивните пратеници нема да ја прифатат оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. По средбата со пратеникот Антонио Милошоски, пратеникот од...

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со интерпелација за собранискиот спикер Талат Џафери

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат интерпелација за собранискиот спикер Талат Џафери. Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова денеска во парламентот образложи дека интерпелацијата ја поднесуваат поради обраќањето на спикерот Џафери во Европскиот Парламент во Брисел на албански јазик. „Можеби се ова најтешките моменти на атак на македонскиот јазик не само однадвор, од соседството туку и одвнатре. Суспендирајќи го македонскиот јазик како ексклузивен...

СДСМ најави прифаќање на резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за македонските идентитетски линии

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска потврди дека нивните позиции во однос на македонскиот јазик и македонскиот идентитет се кристално јасни и многу пати досега се потврдувани и кажани во јавноста. Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов денеска рече дека доколку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа и ако им треба потврда и во рамки на...

Рокот за изведба на автопатот Кичево-Охрид измина, анексот со кинески „Синохидро“ допрва ќе оди во Собрание

На 30 јуни годинава измина вториот зададен рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид на патниот Коридор 8. Дополнителниот анекс на договорот за продолжување на изградбата на оваа автопатска делница допрва ќе оди во Собранието на РСМ на усвојување кај пратениците. „Мета.мк“ во понеделникот до Јавното претпријатие за државни патишта испрати прашања во однос на тоа кој е најновиот...

Со 66 гласа „за“, пратениците го усвоија законот за прогласување на Шар Планина за национален парк

Собранието на РСМ денеска го усвои Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Со ова, Шара станува четвртиот национален парк во земјава, но и првиот прогласен по осамостојувањето. Последното прогласување на национален парк во земјава било во далечната 1958 година. По гласањето на пратениците, се огласи министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој...

Фајнанс Тинк: Воведувањето на еколошката такса за нафтените деривати да се одвива постепено

Институтот за економски истражувања Фајнанс Тинк смета дека еколошката такса за нафтените деривати може да има еднократен краткорочен ефект врз инфлацијата кој би се движел од 0,15 до 0,3 проценти. Тие сметаат дека долгорочниот ефект од еколошката такса врз инфлацијата е потенцијално посилен, од 0,8 до 0,9 проценти, но емпириските докази за неговата статистичка значајност се поограничени. Токму поради...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...