fbpx
Таг: Собрание на РСМ

таг: Собрание на РСМ

Формално-правно пописот почнува денеска, одложувањето не е изгласано во Собранието

Утрово во 8 часот формално започна главната фаза од попишувањето на населението, домаќинствата и становите на целата територија на земјава, која што законски треба да трае до 21 април во 20 часот. Ова не е првоаприлска шега, туку постојниот важечки закон за одржување на пописот предвидува од 1 април на вратите од домовите низ земјава да чукнат попишувачите. Иако неделава...

Март помина, идејниот проект за „трамвајот на тркала“ во Скопје не е објавен

Проектантите доцнат со изработка на проектната документација или Градот Скопје тактизира со објавување на идејниот проект за првата линија од брзиот автобуски систем (БАС) на потегот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров? Кога беше потпишан договорот со проектантите на почетокот од октомври лани, рокот за изработка на проектната документација беше договорено да биде 100 работни дена. Од градските власти првично...

Пописот ќе се одложи за во септември, локалните избори во втора половина на октомври

На денешната лидерска средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски договорено е пописот да се одложи од април за периодот од 5 до 30 септември годинава. Ова е клучното прашање што го договорија лидерите на двете најголеми партии во земјава. ВМРО-ДПМНЕ нема да го бојкотира претстојниот попис, а за возврат власта се согласи да го одложи...

Партиите меѓусебно се препукуваат, Џафери ќе чека пратеник да излезе од изолација за да се одржи седница

Опозициските партии продолжуваат да ја блокираат нормалната работа на Собранието на РСМ, во услови кога двајца пратеници од владејачкото мнозинство се во изолација поради ковид-19 пандемијата. Алијансата на Албанците и Алтернатива поднесоа над 400 амандмани на одлуката за продолжување на кризната состојба во земјава, која истекува на 31 март. Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска изјави дека ќе почека до...

Алијанса за Албанците и Алтернатива со 19.500 амандмани дополнително го блокираа Собранието

Блокадата на работењето на македонскиот парламент продолжува. Албанската опозиција предводена од Алијансата за Албанците и Алтернатива поднесе над 19.500 амандмани на 10 предлог-закони што се најдоа денеска на расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Со ова, бројот на блокирани закони во Собранието порасна на 20, за што од албанската опозициска коалиција се поднесени 32.000 амандмани. Високиот број амандмани...

Власта и опозицијата не се согласуваат околу изградбата на „трамвајот на тркала“ во Скопје

По речиси четири месеци лутање низ собраниските лавиринти, низ филтерот на Комисијата за финансирање и буџет денеска помина владиниот предлог-закон за задолжување на земјава кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на две линии од „трамвајот на тркала“ во Скопје. Владата го утврди текстот на предлог-законот за брзиот автобуски превоз-БРТ уште кон средината на ноември минатата...

ВМРО-ДПМНЕ бара, СДСМ прифаќа пратениците да имаат само македонско државјанство

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи измени на Законот за пратеници, со кои ќе се овозможи пратеници во Собранието на РСМ да станат единствено оние лица кои поседуваат само македонско државјанство. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека законските измени се со цел да се заштити функцијата пратеник од негативни влијанија на угледот на лицето кое ќе биде избрано на избори. Од владејачката партија...

Со 62 гласа „за“, Собранието изгласа доверба на владата предводена од премиерот Заев

Откако премиерот Зоран Заев денеска усно во Собранието на РСМ побара пратениците да гласаат за доверба на владата, пратениците пристапија кон гласање на доверба на актуелната влада. Владата доби доверба од сите 62 пратеника од парламентарното мнозинство, кои гласаа „за“ доверба на владата, без ниту еден пратеник „против“ или „воздржан“. Опозициските пратеници попладнево не присуствуваа на гласањето на доверба...

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата на Спасовски во Собранието, СДСМ против

Откако албанската опозициска коалиција Алијанса на Албанците-Алтернатива вчера поднесе барање за гласање на доверба во Собранието за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија за гласањето за недоверба кое беше иницирано поради бегството на Сашо Мијалков. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека неговата партија ќе ја поддржи интерпелацијата на министерот Оливер...

Идејниот проект во март, се чека на Собранието за потпишување на договорот за „трамвајот на тркала“

Градот Скопје во текот на март очекува да го добие идејниот проект и пропратната документација за првата линија на брзиот автобуски систем (БАС) во Скопје на потегот од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Градските власти за „Мета.мк“ велат дека немаат никакви најави за доцнење во изработката на идејниот проект, за кој беше склучен договор за проектирање минатата есен. По изработката...

Димитров останува вицепремиер за европски прашања, интерпелацијата не успеа

По вчерашната 12-часовна расправа за интерпелација на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, „за“ гласаа 53 пратеници, 55 беа „против“ и ниту еден „воздржан“. Со тоа, Собранието не ја прифати иницијативата на опозицијата за отповикување од функцијата на Димитров. Тој вчера во Собранието рече дека интерпелацијата за неговата работа е збир од лажни вести. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, образложувајќи ги...

Димитров: Интерпелацијата за мојата работа е конструирана на лажни вести

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во своето прво обраќање од собраниската говорница по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека интерпелацијата е полна со апсурди, како на пример, обвинувањето дека не испорачал преговори по цена на одбрана на македонскиот јазик за да можат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница и од...

По Димитров, ВМРО-ДПМНЕ најавува интерпелација во Собранието за Николовски и Маричиќ

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација во Собранието на РСМ за министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за спречување корупција Љупчо Николовски, најави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. Причина за ова, како што рече тој, се катастрофално лошите резултати со корупцијата по објавеното рангирање од Транспаренси Интернешнл. „Вклучен е црвениот аларм одамна. Потребни се оставки, најпрвин од таканаречениот...

ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ: Изборот на органите во МРТ и АВМУ со просто мнозинство е ризичен

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) со загриженост го следат процесот за измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, инициран од група пратеници на владејачкото мнозинство. Во овој предлог се бара изборот на членови на Програмскиот совет во...

Законски измени за Програмскиот совет на МРТ и Советот на АВМУ да се бира со 61 пратеник, опозицијата против

Собранието на РСМ на продолжението на 32-та седница треба да ги усвои измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по скратена постапка, кој пред пратениците се наоѓа на второ читање. Со законските измени предложени од група пратеници од владејачкото мнозинство се предвидува во иднина Собранието да ги избира членовите на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) и...

Собранието со 62 гласа „за“ го донесе Законот за попис

Со 62 гласа „за“ и без „воздржани“ и „против“, пратениците од Собранието денеска го донесоа Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година. За усвојување на законот гласаа пратениците од СДСМ и останатите партии од владејачката коалиција, ДУИ и опозициската коалиција Алијанса на Албанците-Алтернатива, додека опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето. Од...

Собранието го изгласа новиот состав на ДИК, за претседател е избран Александар Даштевски

Собранието денеска со 95 гласа „за“ и ниту еден „против“ го избра новиот состав на Државната изборна комисија, чиј претседател ќе биде Александар Даштевски кој доаѓа на местото на Оливер Дерковски, а кој е предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Потпретседателка на ДИК останува Дитмире Шеху, на предлог на ДУИ. Во старо-новиот состав на ДИК на предлог на ВМРО-ДПМНЕ е избран и Бобан Стојаноски,...

Вистиномер: Дезинформација е дека спикерот Џафери бил пијан на седница

Пост на Фејсбук шири лажна вест дека спикерот на Собранието, Талат Џафери, бил пијан на седница. Станува збор за седницата која се одржа на 24.12.2020, а која траеше цела вечер, до доцните утрински часови. На седницата се расправаше за спорот меѓу Владата и Макпетрол, односно преземањето на ГАМА од страна на државата, пишува Вистиномер. Постот за кратко време стана вирален...

По скратена постапка, во Собрание помина законот за намалени давачки за регистрација на странски возила

Собранието на РСМ вчеравечер по скратена постапка го усвои Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички. Со овој закон, сите возила кои влегле во земјава до 1 октомври 2020 година со странски регистарски таблички, ќе може во рок од една година да се регистрираат со намалени давачки од 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои...

Пендаровски: Не смееме да дозволиме негативни кампањи и теории на заговор против вакцинација од ковид-19

Пред почетокот на денешното, годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието на РСМ, сите присутни во салата со едноминутен молк им оддадоа почит на 2.169 граѓани кои ја загубија битката со корона вирусот. Пендаровски им се заблагодари и на лекарите, на медицинскиот персонал и на сите граѓани кои беа и сѐ уште се на првата линија на фронтот...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...