fbpx

ВМРО-ДПМНЕ најавува собраниска блокада на законот за еколошка такса, власта се дообјаснува

-

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека во Собранието на РСМ ќе се спротивстави на донесувањето на новиот закон со којшто ќе се воведе еколошката такса за нафтените деривати. Пратеникот Тимчо Муцунски денеска рече дека за опозицијата еколошката такса е форма на кризен данок.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е цврст и јасен: Без двоумење ќе го блокираме овој Предлог закон, користејќи ги сите постоечки демократски механизми и ќе го спречиме неговото донесување. Во случај мнозинството да продолжи да го прави тоа што го прави најдобро, а тоа е насилно и надвор од процедура да донесе уште еден закон кој удира по џебот на граѓаните, тогаш приоритет на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосна ревизија на сите анти-пазарни политики, меѓу кои и високите даноци“, изјави пратеникот Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

Наспроти најавите за блокадата од опозицијата, вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на седницата на Комисијата за јавно-приватен дијалог објаснуваа дека еколошката такса ќе значи формирање на посебен фонд со кој ќе се обезбедат подобри услови за зелен развој.

Тие објаснија дека висината на еколошката такса од дериват до дериват се разликува, при што најголема такса се планира за бензинот, дизелот, екстра лесното масло и мазутот за кои таксата ќе изнесува по 3,5 денари за литар, додека таксата за безоловниот бензин таксата ќе биде 3,1 денари за литар.

Од Владата објаснуваат дека заштитата на животната средина и овозможување на зелен и одржлив развој е еден од врвните приоритети на Владата на Северна Македонија и токму во таа насока средствата ќе се прибираат во посебниот фонд, а кои на годишно ниво би изнесувале околу 50 милиони евра. Потоа, тие ќе се насочат токму во еколошки проекти.

Вицепремиерот Битиќи, министерот Бесими, претставниците н државните институции и стопанските комори и на оваа седница заклучија дека комуникацијата помеѓу јавниот и приватниот сектор е на особено високо ниво и дека овој отворен дијалог треба да продолжи со иста динамика за унапредување на условите за водење на бизнис, а со тоа и овозможување на побрз и одржлив економски раст и развој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...