Скопскиот Аква Парк по една сезона пауза, повторно отворен

Стартуваше новата сезона во Аква Паркот во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. По пауза од една сезона поради пандемијата, Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти – десет атрактивни тобогани, базенот со бранови, бумерангот, детскиот базен, како и детско катче за забава во песок.

„Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во нашата држава“, велат од СЦ „Борис Трајковски“.

Аква Парк Скопје е отворен секој ден од 10 до 19 часот.