Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ в понеделник (28 јуни) ја организираат конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, која ќе се одржи преку Зум, со симултан превод меѓу македонски, албански и англиски јазик.

На конференцијата, која ќе започне од 11 часот, ќе учествуваат носители на одлуки, експерти, активисти, новинари, функционери од земјата и странство кои ќе ги споделат своите ставови за тековните состојби поврзани со спротивставување на напливот на дезинформации и медиумски манипулации преку иницијативи за развој на медиумската писменост, критичкото мислење, проверката на факти и промоција на новинарската етика и стандардите за добро владеење.

Конференцијата ќе понуди можност да се слушнат уникатни перспективи и да се учествува во енергични дискусии врзани со предизвиците и можностите во и вон дигиталната сфера.

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ е финансиски поддржан од Европската Унија, а настанот е поддржан и од Фондацијата за слободата „Фридрих Неуман“.

Листата на учесници, агендата, како и формуларот за регистрација може да се видат тука. Регистрираните ученици ќе добијат зум-линк за поврзување по е-пошта пред настанот.