четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Критинк | 57 резултати

Конференција КриТинк: Наскоро ќе бидат објавени конкретни планови за воведување на медиумската писменост во образованието

28 јуни 2021

Наскоро ќе се објават поконкретни планови за воведување на медиумската писменост во основните и средните училишта, нешто за кое што се залагаме со години, рече директорка на Мaкедонски институт за медиуми – МИМ, Билјана Петковска на денешната конференцијата „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, во рамки на сесијата „Медиумската писменост во […]

В понеделник ќе се одржи онлајн конференцијата „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“

25 јуни 2021

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ в понеделник (28 јуни) ја организираат конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, која ќе се одржи преку Зум, со симултан превод меѓу македонски, албански и англиски јазик. На конференцијата, која ќе започне од 11 часот, ќе учествуваат носители на одлуки, експерти, активисти, новинари, функционери од земјата […]

Вебинар: Програмата на „Фејсбук“ и „Вистиномер“ ги научи медиумите сами да ги отстрануваат дезинформациите

23 јуни 2021

Порано имавме случаи, некој медиум да објави некоја дезинформација, а потоа десетици други таа да ја преобјават. Откако ќе се утврдеше дека станува збор за дезинформација, за тоа да објавуваа само некои други медиуми што не ја објавиле првичната вест, а текстот со дезинформацијата си остануваше јавно достапен и добиваше видливост. Но, откако почнавме да […]

Дезинформациите систематски ја поткопуваат борбата против ковид-19 во земјава (видео)

16 јуни 2021

Ширење на дезинформации за корона вирусот и вакцините против ковид-19 во екот на пандемијата ја поткопува борбата против вирусот, а државата треба да преземе повеќе мерки за справување со дезинформациите. Ова, меѓу другото, го рекоа учесниците на вебинарот „Борба против дезинформации за ковид-19“, организиран од Фондација Метаморфозис во рамки на проектот „Со критичко мислење до […]

Случаите со говор на омраза во земјава, „задушени“ во Обвинителството

16 јуни 2021

Обвинителството продолжува да не ги гони случаите со говор на омраза и, следствено, во Северна Македонија, говорот на омраза и понатаму останува неказнет ​​и покрај фактот дека станува збор за кривично дело. Говорот на омраза опадна во традиционалните медиуми, но продолжува да расте во онлајн медиумите. Ова, меѓу другото, го рекоа учесниците на вебинарот „Како […]

КриТинк Анализа: Информациска вакцинација

31 мај 2021

Информацијата е како вирус. Кога пренесува невистини обложени со сензационализам, таа брзо се шири и го разјадува „здравото ткиво“ на системот. Кога пренесува факти лишени од конспиративност, таа тлее во симбиоза со своите „домаќини“ и ја „јакне функционалноста“ на општеството, пишува „КриТинк“. Анализата подолу ја пренесуваме во целост.   Човечката отпорност на штетни содржини зависи […]

КриТинк: Теоријата на заговор како невидлив затвор

10 мај 2021

Фасада од надмоќ и супериорност, но длабоко утврдено чувство на помала вредност. Недоверба кон другите и непријателство кон системот, како израз на сопствената несигурност и невклопеност. Тоа е сплет од особини што може да го зачаури поединецот во затворени системи на верување, пишува КриТинк.мк во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост.   […]

КриТинк: Конспиративноста е во окото на набљудувачот

20 април 2021

Заговорникот е човек што надворешниот свет го набљудува со „внатрешно око“ и приликите ги одмерува „од око“. Не ги промерува „од глава до пети“ ниту „премерува двапати“ пред да пресуди. Тој е интуитивен набљудувач на светот и носи заклучоци врз основа на својот инстикт и нагони, се посочува во анализата на „КриТинк“, посветена на феноменот […]

ДЕБАТА: Проверката на факти е одговорна работа, им овозможува на граѓаните со точни информации да носат одлуки

2 април 2021

Проверката на факти е само мал дел од борбата со дезинформациите, која е тешка и напорна во дигиталната ера и наголемувачкото влијание на социјалните мрежи во нашите животи. Ова е заклучокот од денешната панел дискусија по повод 2.Април – Меѓународниот ден на проверка на фактите, која што ја организираше Фондацијата „Метаморфозис“. „Фондација „Метаморфозис“ е членка […]

Фондација Метаморфозис организира панел дискусија по повод Меѓународниот ден на проверка на факти

1 април 2021

По повод 2. април, Меѓународниот ден на проверка на фактите инициран од Меѓународната мрежа за проверка на факти, чија членка од Северна Македонија е Фондацијата „Метаморфозис“, проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк” кој го спроведуваат „Метаморфозис“ и „Евротинк“ со поддршка од Европската Унија ќе организира панел-дискусијата посветена на проверката на […]

КриТинк: Случајот со д-р Дејан Докиќ ја покажа важноста на брзата проверка на факти на Фејсбук

29 март 2021

Брзата проверка на факти од страна на „Вистиномер“ значително го намали ширењето на дезинформациите за ковид-19 припишани на лекарот д-р Дејан Докиќ, образложува КриТинк.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Угледниот лекар д-р Дејан Докиќ реагираше на ширењето на вирален пост на Фејсбук со кој се дезинформира во врска со неговите ставови и препораки поврзани […]

Критинк: Сцената на заговор како сцена на злосторство

25 март 2021

Светот на заговори е црно-бел бидејќи е полн со драстични контрасти и драматични противречности. Од нивните судири и спротивставености се подаваат долги сенки, кои се надвиснуваат над обичните животи, внесувајќи напната неизвеснот во исчекување на катаклизмички настани со уништувачко дејство врз поединците. Овие настани, сместени во епицентарот од навестуваниот потрес на системот, се плод на […]

КриТинк: Кус водич низ светот на заговорите

12 март 2021

Овој текст првобитно објавен на crithink.mk е замислен како прошетка низ свет полн со заговори, погледнат низ очи на верувачите во теории на заговори. Треба да го запознаеме и да научиме како да го препознаваме, зашто во секој од нас постои таков верувач, а сплетот од надворешни околности може лесно да ги разбуди овие наши […]

Еувсдисинфо: Од Кремљ без љубов

26 февруари 2021

Ова беше напорна недела за проруските медиуми: покрај тоа што измислија „англосаксонски“ провокации и злобни глобалистички заговори со Папата, мораше да се справат и со проблеми на домашен терен, пишува „Еувсдисинфо“, пренесе „Критинк“. По бруталното разбивање на протестите во Русија за поддршка на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални, неговиот тим ги повика Русите да учествуваат на […]

ДФРЛаб: Про-Кремљ медиумите дезинформираа дека за вакцината Спутник V е успешно аплицирано за одобрување во ЕУ

25 февруари 2021

Про-Кремљ медиумите брзо ја раширија веста дека Рускиот фонд за директни инвестиции успешно аплицирал за одобрување на вакцината Спутник V на пазарот на Европската унија. Истите центри, сепак, беа помалку желни да признаат дека апликацијата е поднесена преку онлајн платформа што Европската агенција за лекови (ЕМА) не ја користи од 2015 година, пишува ДФРЛаб, пренесе Критинк. […]

ДФРЛаб: Кина промовира теорија на заговор обвинувајќи ги САД за ковид-19

15 февруари 2021

Откако портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунинг, на прес-конференција изјави дека САД треба да испитаат дали ковид-19 потекнува од биомедицинскиот центар на американската армија „Форт Детрик“, во чии рамки работи и Агенцијата за биозаштита, во Фредерик, во сојузната држава Мериленд, профили на инфлуенсери и кинески државни медиуми оваа информација ја пренесоа на […]

„Eувсдисинфо“: Телевизијата РТ, информативно оружје на Кремљ

5 февруари 2021

Телевизијата РТ е основана во 2005 година со една недвосмислена  цел – да ја раскаже руската перспективата за светските настани и да ја зајакне позитивната слика за земјата, пишува во последниот напис на „Еувсдисинфо“, што „Критинк“ го пренесува. Првичната идеја беше телевизијата да се бори против застарениот поглед на Русија,  врзан за „Комунизмот, снегот и […]

КриТинк: Продолжуваат обидите за измама со „кинески“ криптовалути преку огласи на „Фејсбук“

4 февруари 2021

Дезинформации за криптовалути продолжуваат да се промовираат преку огласи наменети за корисниците на Фејсбук од Северна Македонија. Наседнувањето на вакви дезинформации потенцијално може да овозможи крадење лични податоци и финансиски измами, предупредува КриТинк.мк во својата нова анализа. Проектот „КриТинк“ предупреди на оваа опасност и во текот на 2020 година, кога се користеа буквално исти лажни […]

Еувсдисинфо: Руски медиуми половина лага продаваат како цела вистина

28 јануари 2021

Про-Кремљ медиумите ја совладуваат уметноста „речиси и да не лажат“. Неколку од овие медиуми внимателно известуваат буквално за секој случај на евидентирани несакани ефекти на вакцината на Фајзер, додека исто толку внимателно избегнуваат какви било извештаи за проблеми со руската вакцина Спутник V, пишува во последниот напис „Еувсдисинфо“, што го пренесува „Критинк“. Државната новинска агенција […]

ДфрЛаб: Слаба онлајн реакција на про-Кремљ медиумите за враќањето на Навални во Русија

26 јануари 2021

Медиумите контролирани од Кремљ не успеаја значително да ја засилат својата дигитална кампања за нарушување на угледот на Алексеј Навални по неговото враќање во Русија. Најголем критичар на Кремљ, познат по истрагите за корупциските шеми на руската политичка и бизнис елита, кој неодамна објави докази дека Владимир Путин лично го наредил неговото труење во август […]

Страна 1 од 3