Фото/Принтскрин

Наскоро ќе се објават поконкретни планови за воведување на медиумската писменост во основните и средните училишта, нешто за кое што се залагаме со години, рече директорка на Мaкедонски институт за медиуми – МИМ, Билјана Петковска на денешната конференцијата „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, во рамки на сесијата „Медиумската писменост во формалното и неформалното образование“.

Според Петковска, медиумската писменост има огромен еманципаторски потенцијал кој треба да се искористи, но за тоа е потребна искрена волја и посветеност на политичките актери во државата. Оттука, таа ја истакна важноста во наредниот период да се заземе постратешки и координиран пристап на државно ниво, координација на образовниот и информатичкиот процес, како и зајакнување на соработката помеѓу граѓанското општество и јавниот сервис.

Петковска додаде дека во Европа не постои држава каде што медиумската и иноформациската писменост не се високо на листата на образовни приоритети. Истражувањата покажуваат дека во земјите од Западен Балкан, најпосветени актери на оваа тема се граѓанските организации и државните институции.

Таа оцени дека во последните години унапредена е соработката помеѓу граѓанското општество со државните институции, посебно со Владата, Министерство за образование и наука, Биро за развој на образование, медиумските регулатори и Македонската радио-телевизија.

Претседателката на Младински образовен форум – MOФ, Стефани Спировска истакна дека состојбата кај младите во однос на распознавање на содржини во медиумите од пред десет години и сега не е променета. Односно ист е социјалниот капацитет и нема напредок. Таа неведе пример, дека младите како и пред 10 години и денес се попречени јасно да си ги кажат своите ставови, да се спротивстават на авторитети дома, на училиште и во општеството, наместо, да им се обезбеди простор за критичко размислување. Младите, вели Спировска, се поделени во две групи, едни кои се охрабрени да пронајдат начини на изразување и делуваат како социјални актери и млади кои не можат да ги пронајдат тие начини и да ја направат промената.

Главната уредничка на Првиот програмски сервис на МРТ, а Анета Андонова вели дека во јавниот сервис прават сè, кога е во прашање медиумската писменост и критичкото мислење. Таа подвлече дека јавниот сервис има законска обврска кон граѓаните за негување на творештвото, понуда на квалитет, разновидност, веродостојност.
Целта, како што истакна Андоновска, е јавниот сервис да информира, едуцира и да забавува.

Но, со дигитализацијата и појавата на онлајн медиуми, Андоновска истакна дека традиционалните медиуми се мачат, бидејќи за да се провери веродостојноста на информациите, се доцни. И, тука вели таа, „паднавме пред граѓаните“.

Андоновска вели дека за време на пандемијата, како општество се соочивме и со инфодемија, а јавниот сервис одиграл клучна улога во правилно информирање на граѓаните во однос на ковид-мерките. За овој период биле отворени и три канали, а на детскиот била емитувана ТВ училница, за учење на децата на почетокот на пандемијата.

„Би сакала да дојдеме до ситуација, кога граѓаните вистинитоста на информациите би ги проверувале на јавниот сервис. Напливот на информации, нè удави сите. Степенот на развојот на демократски општества се мери се медимската писменост, колку сте по пописмени толку сте поразвиени,“ заклучи Андоновска.

Емилија Петреска-Камењарова, која е помошник-раководител на сектор во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – АВМУ истакна дека во Мрежата за медумска писменост, бројката на членови е зголемена од 35 на 63.

Таа ја истакна улогата на ААВМУ во однос на тоа, да биде овозможувач и координатор на иницијативите од страна на цивилниот и медиумскиот сектор во врска со медиумската писменост. Кај граѓаните да се поттикне критичко размислување, а во однос на граѓанските организации и институции, кои се проектите кои сакаат да ги реалзираат и во исто време да се поддржат. Петреска-Камењарова оцени дека проектите за медиумска писменост треба да бидат поддржани, бидејќи резултатите не можат да се оценат веднаш, туку тоа е влог во иднината и резултатите допрва ќе бидат прикажани.