fbpx

Пратениците не ја изгласаа интерпелацијата на министерот Оливер Спасовски

-

Со 11 гласа „за“ и 60 гласа „против“, Собранието на РСМ вечерва не ја прифати интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ќе продолжи да ја извршува својата функција во владата на премиерот Зоран Заев.  Интерпелацијата беше поднесена од Алијансата за Албанците и Алтернатива поради бегството на Сашо Мијалков.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште претпладнево ја напуштија собраниската расправа за интерпелацијата, најавувајќи дека ќе поднесат интерпелација против собранискиот спикер Талат Џафери.

Покрај за Оливер Спасовски, интерпелации беа поднесени и против вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ, но од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, рокот за расправа за нивните интерпелации истече, така што опозицијата ќе треба да поднесе нови иницијативи за нивна интерпелација доколку сакаат овие точки да се разгледаат во Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...