Реакции за говорот на омраза што се појави по емитувањето на емисијата „Моја сторија“ на МТВ

-

Хомофобичниот и трансфобичниот говор на омраза што деновиве се шири по социјалните мрежи од поединци и по некои медиуми по емитувањето на емисијата „Моја сторија“ на Македонската телевизија (МТВ) доведе до реакции на институциите и на невладиниот сектор.

Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето во Собранието на РСМ го осудува говорот на омраза кој се појави во јавноста по емисијата „Моја Сторија“ на МРТВ.

„Говорот на омраза кон ЛГБТИ луѓето го повредува нивното достоинство, креира застрашувачка и непријателска средина, оневозможува да живеат слободно и без предрасуди, а многу често директно може да придонесе кон зголемувањето на насилството и делата од омраза мотивирани од сексуалната ориентација или родовиот идентитет на жртвите. Сметаме дека програми како оваа, кои отворено зборуваат за правата на ЛГБТИ луѓето, ги претставуваат нивните проблеми и барања, треба се почесто да се емитуваат на националните медиуми со цел подигнување на свеста и создавање емпатија и солидарност со оваа маргинализирана група“, се вели во соопштението на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето.

Со реакција излегоа и од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, во која велат дека од самото емитување на емисијата, темата, гостите, водителите, а и МТВ се мета на напади од јавноста, како и од многу медиуми кои ја осудуваат одлуката на МТВ да се прикажуваат вакви содржини на јавниот национален сервис, но и изнесуваат невистинити наводи дека тоа е дел од агендата на новата образовна реформа на Министерството за образование и наука.

„Националната мрежа против хомофобија и трансфобија чувствува потреба да појасни неколку работи во јавноста. Прво, оваа емисија не е организирана од Министерството за образование и наука и нема никаква поврзаност со сегашните образовни реформи. Напротив, продукцискиот тим на самата емисија пристапи до нашите организации-членки и побара нивни претставници да потврдат гостување во емисијата, а потоа почнаа со најава на темата на емисијата и испитување на јавното мислење по неа, анкетирајќи неколку млади луѓе во Охрид“, велат оттаму.

Организациите посочуваат дека емисијата имала за цел да прикаже дека ЛГБТИ+ луѓето не бараат посебни права, туку еднаков пристап до и уживање на уставно и законски загарантираните права за сите граѓани, како и да информира за ЛГБТИ+ предизвиците, проблемите и потребите.

„Апелираме медиумите да пишуваат и известуваат придржувајќи се до професионалните и етички стандарди, без користење на потпалувачки или сензационалистички говор што може да генерира омраза и насилство кон ЛГБТИ+ заедницата, и најважно, без продукција на лажни вести. Ваквите содржини присутни на интернет порталите се споделуваат подоцна на социјалните мрежи каде што омаловажувањето, потсмевањето и вознемирувањето на ЛГБТИ+ луѓето продолжува со зголемен интензитет“, истакнуваат организациите.

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека пристап кон...

Земјотрес ги погоди Валандово и Струмица

Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум...

Дизелот поскапува за половина денар, бензините поевтинуваат

Од ноќеска, бензините поевтинуваат за денар и половина, а дизел горивото поскапува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 74 денари...

Едно лице почина во пожар кај реката Лепенец во Ѓорче Петров

Во пожар кој вчера зафатил неколку штали и помошни простории близу реката Лепенец во Ѓорче Петров, изгорело едно лице и добиток, потврдуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18 часот...

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека...