Таг: паркинг
таг: паркинг
Паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ во Скопје од утре со летно работно време
Од утре, 01.06.2022 година, ЈП „Градски паркинг“ започнува со летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А,Б,Ц и Д, информираат денеска од Град Скопје.
Паркирањето во зоните А,Б,Ц и Д ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 07:00 до 23:00 часот, односно подолго во споредба со зимското работно време кое се применуваше до денешниот ден.
Порталб: Ветувањето на Касами за нови паркинзи во Тетово останува неисполнето
Пред да дојде на чело на Општина Тетово, Биљал Касами вети дека за помалку од шест месеци ќе се изградат околу седум катни гаражи од челична конструкција. Но, тоа досега не се случи. На 4 мај навршија шест месеци откако Касами ја презеде функцијата, а Општина Тетово неодамна, поточно на 15 април објави јавен оглас за изградба на затворени...
Освен поевтин паркинг од март, Град Скопје нема решение за проблемот со паркирањето
Расте бројот на возила по скопските улици, а со тоа и недостигот на паркинг места. Граѓаните од различни делови на Скопје секојдневно се жалат дека по десетина минути кружат за да најдат слободно паркинг место, а најизразен е проблемот во скопските општини Центар и Карпош. Градот Скопје донесе одлука од 1 март да се намали цената на паркирање на...
ЈП „Градски паркинг“ ќе ги намали цените за паркирање во Скопје – од 1 март
Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје вчера донел одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 1 март годинава.
Со оваа одлука, цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 на 75 денари, во зона А од 50 на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а...
Нови објекти изградени, паркинзите во кал: Во општина Аеродром се возеше „Камел Трофи 2021“ (видео)
Центарот за современи уметности – Скопје изработи сатирично-документарно видео „Камел Трофи Аеродром 2021“. Белиот џип „Лада“ успешно го помина патешествието низ паркинзите и останатите јавни површини во скопската населба Аеродром.
https://www.youtube.com/watch?v=1eW7fLklumI
„Сатирично документарното видео „Камел Трофи Аеродром 2021“ е продуцирано со желба да се помогне на неколку илјади жители од општина Аеродром кои повеќе од 4 години секојдневно газат прав и/или...
Порталб: „Градски паркинг“-Тетово молчи за правилникот за казни за неправилно паркираните возила
Во тетовската паркинг зона A1, конкретно, во горниот дел од улицата спроти Поштата во градот, возилата често се паркираат непрописно, а во неколку случаи дури и во долниот дел од улицата. Поттикнати од дојавата на еден жител на Тетово, кој рече дека е неправедно казнет, новинарот на Порталб.мк неколку дена по ред го набљудуваше теренот и забележа дека непрописно паркирање...
Вистиномер: Не е изградена ветената подземна гаража во Струга
„Мета“ ја пренесува проверката направена од „Вистиномер“ на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Струга, Рамиз Мерко:
Ветување: Изградба на подземен паркинг на плоштадот Струга преку јавно – приватно партнерство.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Едно од ветувањата на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, во неговата изборна програма за локалните избори во 2017 година, беше изградба на подземна гаража. Според планираното, најавениот паркинг требаше да...
Порталб: Ганиу не го исполни ветувањето за катни гаражи
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, го завршува својот прв мандат без да го реши проблемот со паркирањето, каде како решение понуди изградба на четири катни гаражи во општината. Но, иако остануваат помалку од два месеци до крајот на неговиот мандат, Ганиу не го исполни ова ветување. Порталб.мк упати прашања до Општина Чаир и Министерството за транспорт и врски во врска...
Вистиномер: На Инфективна се хоспитализирани 159 пациенти, а паркинзите на комплексот клиники „Мајка Тереза“ полни
Во постот се прикажани фотографии од комплексот клиники „Мајка Тереза“, направени на 22 август - неработен ден, недела. На нив се гледа дека на паркингот и пред Ковид амбулантата е празно. Но, врз основа на овие снимки не може да се извлече заклучок дека на клиниките „Мајка Тереза“ нема пациенти. Во работен ден, како што и самите се уверивме,...
Наместо да опаѓа, проблемот со недостиг на паркинг места во Скопје расте [инфографик]
Недостигот на паркинг места во Скопје станува хроничен проблем. Бројот на автомобили на скопските улици од година во година расте, а ваквиот тренд не доведува и до отворање на доволно нови локации за паркирање на овие превозни средства. Статистичките податоци покажуваат дека градските власти не можат да постигнат во отворањето на дополнителни паркиралишта, кои би биле доволни за сместување...
Секој паркинг во Скопје со свои правила, граѓаните станаа експерти за паркирање за да не добијат казна
Секој паркинг на ЈП „Градски паркинг“ или ЈП „Паркинзи на општина Центар“ си има свои правила за паркирање, кои доколку граѓаните не ги познаваат добро, резултира со кревање на нивното возило од пајак-службата или поставување на блокатор на возилото. Негативните реакции на граѓаните во главниот град се секојдневни, а многумина обвинуваат дека различните правила за паркирање на паркинзите се...
Порталб: ЈП „Градски паркинг“ – Тетово бара кредит, а троши 25.000 евра месечно на плати
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ -Тетово, иако постојано работи со загуба, пред неколку дена побара заем од 6 милиони денари, пишува Порталб.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, го оправдува ова со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Сепак, Порталб.мк обезбеди финансиски извештај со кој се потврдува дека дури и кога немаше пандемија, оваа компанија работела со загуба.
Најголемите добивки на ова претпријатие...
По написот на „Порталб.мк“, поставени столбови околу ОУ „Истикбал“ во Тетово (ФОТО)
Десетина дена откако „Порталб.мк“ информираше дека учениците од ОУ „Истикбал“ во Тетово секој ден се принудени да пешачат на улица бидејќи на тротоарите околу училиштето постојано има паркирани автомобили, Општина Тетово постави столбови за да се спречи паркирањето. Учениците на ОУ „Наим Фрашери“ и денеска продолжуваат да се движат по улица наместо по тротоар, пишува „Порталб.мк“.
Не само околу училиштата,...
Порталб: Во Тетово сообраќајниот хаос останува проблематичен, загрозени се и учениците
Припадници на неколку јавни институции и невладини организации вчера одржаа состанок во Тетово за да разговараат за безбедноста на учениците во училиштата. Еден од најголемите проблеми кој беше посебно истакнат е густиот сообраќај во градот, што според еден од присутните директори „го загрозува животот на учениците“. За ова, припадникот на полицијата рече дека проблемот не лежи само во полицијата,...
ПОЦ со три нови паркиралишта во Центар, во Карпош сè уште се чека на зонско паркирање
Хроничниот проблем со недостиг на паркинг места во главниот град се решава на различен начин низ скопските општини. Двете јавни претпријатија кои управуваат со паркинзите во Скопје веќе подолг период регистрираат поголем број на издадени бесплатни дозволи за паркирање од бројот на паркинг места со коишто тие располагаат. Ситуацијата е најкритична во центарот на Скопје, каде што повластена паркинг...
Денот без автомобили го одбележуваме симболично, стапката на моторизација незапирливо расте (инфографик)
Светскиот ден без автомобили, 22 Септември, и годинава со симболични настани се одбележува од страна на државните институции и општините низ земјава. Функционерите по правило токму денешниот ден го користат за фотографирање како се движат пешки до работа или како возат велосипеди. Сепак, официјалните статистички податоци покажуваат дека стапката на моторизација на населението во земјава незапирливо расте од година...
„Drive-in“ летно кино со автомобили за првпат во Охрид
Викендов на паркингот Горица 3 - НЕМО, три дена по ред се одржува летно кино во автомобили. Гостите имаа прилика под отворено небо да следат проекција на блокбастери.
За вечерва од 21 часот е закажана проекција на филмот „Куќата што ја изгради Џек“, додека пак, вчеравечер присутните го следеа македонскиот филм „Панкот не е мртов“. Во петокот беше прикажуван „Малиот...
Бесплатните дозволи за паркирање за 13 пати побројни од паркинг местата на „Градски паркинг“ (инфографик)
Хроничниот недостиг на места за паркирање во Скопје континуирано се зголемува низ годините. Податоците за 2019 година покажуваат дека бројот на издадени бесплатни дозволи за паркирање на станарите е за 13 пати поброен од бројот на паркинг места со кои располага ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, се наведува во Годишниот извештај за работењето на ова јавно претпријатие.
Заклучно со декември...
Пајакот на Градски паркинг за пет години собрал 2 милиони евра од непрописно паркирање (инфографик)
ЈП „Градски паркинг“ - Скопје минатата година ја завршил со зголемени приходи од работењето, а пајак - службата имала зголемен обем на работа во споредба со претходните години. Возилата на пајак - службата лани собрале 15.412 непрописно паркирани возила од скопските улици, тревници и паркинзи, при што овој сектор остварил нето приход од 423.034 евра, се вели во Годишниот...
Метежот на улиците ни е секојдневие, а сме на дното во Европа по број на автомобили по глава на жител (инфографик)
Северна Македонија е една од земјите во Европа со најниска стапка на моторизација на населението. Позади нас се единствено Албанија, Косово и Турција, покажуваат податоците на „Евростат“. И покрај ова, сообраќајниот метеж во нашите градови е секојдневна појава, додека проблемот со паркирањето расте секојдневно, особено во главниот град. Во 2018 година во нашата земја биле регистрирани вкупно 415.062 патнички...