Советниците прифатија бесплатен паркинг во Скопје за лицата со попреченост од другите градови

Советот на Градот Скопје на денешната седница ја усвои иницијативата со којa се овозможува лица со попреченост од други градови бесплатно да се паркираат. Иницијативата беше поднесена на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, а за неа гласаа сите 35 советници кои беа присутни на седницата

-

Советот на град Скопје на денешната седница ја усвои иницијативата со којa се овозможува лица со попреченост од други градови бесплатно да се паркираат во Скопје. Иницијативата беше поднесена на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, а за неа гласаа сите 35 советници кои беа присутни на седницата.

„На ден 16-ти март 2023-та година јавноста беше запознаена со случај каде што се казнува за непрописно паркирање лице со попреченост кој го посетувал градот Скопје од некои другите градови во Република Македонија и се паркирал на местото означено за лице со попреченост, а притоа имал уредно платено надоместок за паркирање. И истото ова лице е казнето. По овој случај кој што стана визибилен, со кој што јавноста се запозна, се јавија уште многу други вакви лица на кои што исто им се случува во блиско минато, кои исто така си имале платено надоместок, но добиле казна“, појасни Марија Андоновска, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  на денешната седница, велејќи дека ова нема да предизвика било какви поголеми финансиски импликации.

И покрај платен паркинг и налепница за инвалидитет, велешанка за паркирано возило плати казна од 50 евра

Андоновска покажа фотографии како возила на Град Скопје се паркираат на места обележани за лица со инвалидитет.

„Лицата со попреченост неправедно се казнуваат, а од друга страна возилата на Град Скопје се паркираат на места за лица со попреченост. Гледаме дека само неколку дена после овој случај на 16-ти, возила на Град Скопје паркирани на места за лица со попреченост. Дали се казнија овие возила? Зошто овие возила се паркирале на овие места“, праша Андоновска.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ја поддржа иницијативата, но рече дека треба истите привилегии да важат и за граѓаните на Скопје, кога одат во други градови.

„Скопјани не треба да бидат дискриминирани кога одат во други градови. Ние во Скопје сакаме да им помогнеме на сите граѓани, а вие треба да испратите иницијатива и до сите ваши советници за нашите скопјани“, рече Арсовска.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје најдоцна за седум работни дена треба да изготви и донесе измени на програма за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува за лица со попреченост за 2023-та година до Советот на Град Скопје, во насока на обезбедување на можност за паркирање на лица со попреченост под исти услови независно од нивното место на живеење.

Директорот на ЈП „Градски паркинг“, Крсте Петревски рече дека ќе изготви анализа со финансиски импликации и начин на применливост.

„Ќе се види дали ќе биде ова применливо на сите паркинзи или пак само на зонското, но во секој случај, заслужуваат лицата со попреченост бесплатен паркинг во Скопје и очекувам ова да се реализира на целата територија на државата“, рече Петревски.

Овој системски проблем се отвори откако велешанката Билјана Гаврилова-Станковска јавно објави за својата голгота, кога вработените во ЈП „Градски паркинг“-Скопје ја казниле со 3.000 денари за непрописно паркирање на место за инвалидизирани лица, иако нејзиниот автомобил бил обележан со знак за инвалидитет и членската карта од Здружението за лица со посебни потреби била оставена на шалт таблата. Исто така, таа уредно си платила паркинг преку смс-порака, а сепак на нејзиниот автомобил бил поставен блокатор. Образложението што го добила било дека лица со инвалидитет од други градови не можат да користат обележани паркинг места за инвалидизирани лица во Скопје.

По обелоденувањето на случајот, Гаврилова-Станковска доби извинување од директорот на ЈП „Градски паркинг“ Крсте Петревски, а парите од казната ѝ беа вратени.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...