fbpx
Таг: паркинг

таг: паркинг

Денот без автомобили го одбележуваме симболично, стапката на моторизација незапирливо расте (инфографик)

Светскиот ден без автомобили, 22 Септември, и годинава со симболични настани се одбележува од страна на државните институции и општините низ земјава. Функционерите по правило токму денешниот ден го користат за фотографирање како се движат пешки до работа или како возат велосипеди. Сепак, официјалните статистички податоци покажуваат дека стапката на моторизација на населението во земјава незапирливо расте од година...

„Drive-in“ летно кино со автомобили за првпат во Охрид

Викендов на паркингот Горица 3 - НЕМО, три дена по ред се одржува летно кино во автомобили. Гостите имаа прилика под отворено небо да следат проекција на блокбастери. За вечерва од 21 часот е закажана проекција на филмот „Куќата што ја изгради Џек“, додека пак, вчеравечер присутните го следеа македонскиот филм „Панкот не е мртов“. Во петокот беше прикажуван „Малиот...

Бесплатните дозволи за паркирање за 13 пати побројни од паркинг местата на „Градски паркинг“ (инфографик)

Хроничниот недостиг на места за паркирање во Скопје континуирано се зголемува низ годините. Податоците за 2019 година покажуваат дека бројот на издадени бесплатни дозволи за паркирање на станарите е за 13 пати поброен од бројот на паркинг места со кои располага ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, се наведува во Годишниот извештај за работењето на ова јавно претпријатие. Заклучно со декември...

Пајакот на Градски паркинг за пет години собрал 2 милиони евра од непрописно паркирање (инфографик)

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје минатата година ја завршил со зголемени приходи од работењето, а пајак - службата имала зголемен обем на работа во споредба со претходните години. Возилата на пајак - службата лани собрале 15.412 непрописно паркирани возила од скопските улици, тревници и паркинзи, при што овој сектор остварил нето приход од 423.034 евра, се вели во Годишниот...

Метежот на улиците ни е секојдневие, а сме на дното во Европа по број на автомобили по глава на жител (инфографик)

Северна Македонија е една од земјите во Европа со најниска стапка на моторизација на населението. Позади нас се единствено Албанија, Косово и Турција, покажуваат податоците на „Евростат“. И покрај ова, сообраќајниот метеж во нашите градови е секојдневна појава, додека проблемот со паркирањето расте секојдневно, особено во главниот град. Во 2018 година во нашата земја биле регистрирани вкупно 415.062 патнички...

Пуштен во употреба новиот паркинг во Клинички центар кај Гинеколошка клиника

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и министерот за здравство Венко Филипче, денеска направија обиколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ и извршија увид во големиот број градежни активности што се вршеа изминатиов период. Воедно, тие информираа дека новиот паркинг кај Гинеколошката клиника е пуштен во употреба. Просторот за паркирање на местото на некогашната зграда на Клиниката за гинекологија ќе може да...

Град Скопје најави 200 нови паркинг места до Инфективна клиника откако ќе заврши корона кризата

Откога целосно ќе заврши епидемијата со корона вирусот во земјава, на локацијата на која е поставена монтажната болница до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби може да се изгради паркинг со капацитет од околу 200 паркинг места. Станува збор за една од двете локации во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на кои Градот Скопје ќе изгради нови...

Во меѓуградскиот превоз десет пати повеќе се патува со такси отколку со воз (инфографик)

Наместо со возови и автобуси како што се патува низ цела Европа, нашата земја е меѓу ретките во која такси-превозот пополека постанува главно средство за превоз во меѓуградскиот превоз. Податоците на Државниот завод за статистика за 2019 година покажуваат дека возовите и автобусите се сè помалку атрактивни за патниците, па така таксистите го земаат приматот и во превозот меѓу...

Корона вирусот за два и пол пати го намали бројот на паркирани возила во центарот на Скопје

Намалената фреквенција на движење на граѓаните и воведувањето на полицискиот час поради епидемијата на корона вирусот влијае на работењето на зонското паркирање во Скопје. Податоците од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) покажуваат дека бројот на паркирани возила во центарот на Скопје во текот на март годинава e за два и пол пати помал во споредба со просечниот број...

Зонското паркирање е времено укинато во некои градови, во Скопје непречено работи

Епидемијата на корона вирусот доведе до привремено укинување на зонското паркирање во некои од градовите во земјава. Во Охрид и Куманово платениот паркинг беше укинат со воведувањето на полицискиот час и мерките за заштита од Ковид-19 во текот на март, но во овие градови од неделава повторно ќе се наплаќа паркирањето за секој изминат час. Општина Штип, пак, допрва ќе...

Уриваме рекорди – лани сме увезле 41.479 половни возила (инфографик)

Дури 41.479 половни возила биле увезени лани во нашата земја, покажуваат податоците на Царинската управа. Станува збор за втора рекордна година по бројот на увезени стари возила откако во 2009 година беше дозволен увозот на половни возила под поволни услови. Најголем дел од она што пристигнува од странство се патничките автомобили, и тоа вкупно 38.580 само во текот на...

Измамници во Софија се обидуваат да извлечат пари со лажни „решенија“ за казни за паркирање

Градоначалничката на Софија, Јорданка Фандкова, преку својата Фејсбук-страница денеска извести дека засега непознати измамници се обидувааат да извлечат пари од граѓани со лажни „решенија“ за глоби поради неправилно паркирање. „Решенијата“ се мошне квалитетно направени, изгледаат слично како други официјални документи, а на нив стои дека ги издала администрацијата на Град Софија и имаат дури и печат. На на нив е...

Не се знае колку точно возила секојдневно влегуваат во Скопје од другите општини

Скопските градски власти немаат прецизен податок за бројот на возила кои дневно влегуваат во Скопје, а се од другите градови. Последен документ што ја определил оваа бројка е Студијата на ИДОМ изработена во 2012 година, во која се вели дека во македонскиот главен град дневно влегуваат околу 30.000 автомобили од другите општини. Ваквите податоци можат да се искористат во...

Скратени термините за платено паркирање во Тетово во саботите и во зимскиот период

По веста на „Порталб.мк“ дека плаќањето за зонското паркирање во Тетово е подолго од повеќето други општини како Гостивар, Куманово и Скопје, Советот на општина Тетово донесе одлука за намалување на времетраењето на работата на паркингот во саботите и зимската сезона, пишува „Порталб.мк“. На 29-тата седница на општинскиот совет, на дневен ред беше и промената на правилникот за начинот и...

ПОЦ ќе уреди нов паркинг кај Зелен пазар – постигнат договор со пазарџиите

ЈП Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) во март ќе го уреди постојниот „див паркинг“ зад Зелениот пазар за да се ослободи простор за паркирање за корисниците и продавачите на ова пазарче, информираат од ПОЦ. Станува збор за изведба на ново паркиралиште со систем за контрола преку влезно-излезни рампи. Еден дел од паркингот ќе биде наменет за пазарџиите, додека останатите...

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост на воздухот, бидејќи PM-10 честичките се под дефинираниот праг, информираат од владината прес - служба. Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух (ДАМСК) за ден 27 јануари (понеделник), средно - дневните концентрации на РМ-10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен и...

ЈП „Градски паркинг“ и годинава ќе добие субвенции, но не за нови паркинзи

Скопското јавно претпријатие „Градски паркинг“ и годинава од градскиот буџет ќе добие субвенции за потешкотии во работењето. Станува збор за средства во висина од 7,5 милиони денари (околу 120.000 евра), но во Буџетот на Град Скопје нема дополнителни средства што би се издвоиле за изградба на нови паркинзи во главниот град за решавање на актуелниот проблем со паркирањето. Од Град...

Изедначувањето на цената за паркирање допрва ќе се договара меѓу ПОЦ, Градски паркинг и АДСДП

ЈП Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) постојано е во комуникација со Град Скопје и АД за станбен и деловен простор, но засега нема конкретен договор за изедначување на цената за паркирање во центарот на Скопје. Откако ПОЦ ја зголеми цената за паркирање на 70 денари за еден час на нивните паркинзи, граѓаните почнаа да реагираат дека ваквата услуга е...

Со милионите за катните гаражи од „Скопје 2014“ во целост ќе се решеше паркирањето (инфографик)

Погрешните политики за решавање на проблемот со паркирањето во минатото го направија уште поакутен недостигот на паркинг места во Скопје денес. Споредбените податоци што ги анализираше „Мета.мк“ покажуваат дека парите вложени во катните гаражи од „Скопје 2014“ ќе беа доволни за решавање на проблемот со недостигот на околу 8.000 паркинг места во главниот град, а ќе останеа и доволно...

Недостигот на паркинзи во Центар носи повисоки цени и протести на пазарџиите

Пазарџиите од Зелениот пазар во Скопје утринава предизвикаа сообраќаен хаос во централното градско подрачје со блокадата на улицата „Св. Кирил и Методиј“ пред седиштето на „Макпетрол“. Тие се незадоволни од зголемувањето на цената на паркингот кај пазарчето на 70 денари за еден час, бидејќи со ваквата одлука им се намалува прометот на пазарот. Пазарџиите бараат од Паркинзи на општина...

Зеленски не кажал дека наскоро ќе го убијат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема изјавено дека наскоро ќе го убијат, туку одговарајќи на прашање на новинарот на „Сан“, кажа дека има сознанија за операција наречена „Мајдан 3“ за...