Таг: паркинг
таг: паркинг
Големиот паркинг на Водно ќе биде затворен за викенд, поради трки со автомобили
Големиот паркинг на Водно ќе биде затворен за време на викендот, до 15.30 часот поради спортска манифестација, информираат од МВР.
„На 08 и 09 декември (сабота и недела) во времето од 07 до 15.30 часот, во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје ќе се одржи спортска манифестација „Авто слалом-спретно возење Скопје 2018“ на големиот паркинг на Водно и од тие причини...
Во Охрид акција на „Супер радио“: Помалку автомобили, помалку метеж
Охридското „Супер радио“ ја почна акцијата „Помалку автомобили, помалку метеж“, со која ги повикува охриѓани колку што е можно помалку да ги користат автомобилите во текот на шпицот на сезоната, особено во центарот на градот.
- Идејата е да се обидеме сите заедно да го намалиме бројот на автомобили во центарот на градот. Ќе признаеме дека сите ние ги користиме...
Сменетиот Панчевски се паркирал на местото на претседателот на судот
Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, сменет од функцијата на 4 декември лани, денеска својот приватен автомобил „БМВ Х5“ го паркирал на местото резервирано за службеното возило на претседателот на судот, објави „СДК“.
Порталот објави фотографии од џипот, кои ги добил попладнево од судии од Основен суд Скопје 1.
На тоа место, со одлука на експретседателката на Врховниот суд,...
Авион „пајпер“ се сруши во населено место во Невада жителите евакуирани
Авион „пајпер“ се сруши во градот Елко, во Невада под засега неразјаснети околности. Според тврдењата на градските власти во него се наоѓале четири лица, а жителите од тој дел од градот биле евакуирани.
Според пишувањата на сведоците на социјалните мрежи, авионот се срушил на паркиралиште и притоа предизвикал експлозија на паркираните автомобили.
На местото на несреќата пристигнале полициски, противпожарни и возила...
Центарот на Тетово блокиран од паркирани возила
Жители од центарот на Тетово реагираа поради хаосот со паркирањето во нивните населби. Според нив, поради недостиг од слободни места за паркирање во рамки на зоната А, голем број возила се паркираат покрај нивните домови.
- Автомобилите нема каде да се паркираат и на крај луѓето ги оставаат пред нашите домови, на тротоари и на улици. Поради ваквиот начин на паркирање тука се...
Зонското паркирање не го реши недостигот од паркиралишта во Тетово
Проблемот со паркирањето во Тетово дополнително се влошува со враќањето на печалбарите во градот, велат тетовци.
- Нема каде да се паркираш, затоа и не користам автомобил. Ако морам, тогаш автомобилот го паркирам на зелени површини и на тротоари. Не е правилно, ама што да правам? - вели еден тетовец.
Според граѓаните, зонското паркирање не го реши нивниот проблем.
- Воведоа зонско паркирање, ама, бадијала,...
Опозицијата во Кочани ја напушти седницата на Советот
Кочанската опозиција ја напушти денешната седница на Советот на Општината по жолчната расправа за воведување на СМС-пораки за наплата за паркирање. За опозицијата воведувањето на овој тип наплата ќе значи зголемување на цената за еден час паркирање, што се коси со веќе донесената одлука на Советот.
- Освен десетте денари што ќе се наплаќаат за час, ќе се плаќа една порака...
Тетово: Повеќето жители од зоната Б сè уште се без паркинг-место
Во рамки на зоната Б, која се воведе месецов во Тетово, за поголем дел од станарите сè уште нема обезбедено паркинг-место.
Поголемиот дел од станарите што живеат во рамки на зоната Б, каде месецов се воведе овој начин на паркирање, останаа без паркинг-место. Велат дека аплицирале за месечен билет за зонско паркирање, но од Јавното претпријатие „Градски паркинг“ биле одбиени, поради тоа...
Тепачка за паркинг-место пред „Мавровка“
На булеварот Филип Втори Македонски, вчера, во 15 часот, пред влезот на подземната паркинг-гаража во Трговскиот центар „Мавровка“, Е.Р. (27) од село Студеничани, го паркирал возилото марка „голф“ на тротоарот, по што настанала тепачка со С.Ш.(36) од Скопје, вработен во фирмата „Франк“, која стопанисува со подземната гаража.
Во тепачката дошло до кршење на задното ветробранско стакло на автомобилот. Потоа Е.Р. со шипка го удрил С.Ш....
Меџити: Бит-пазар ќе добие нов модерен изглед
Советот на Општина Чаир на денешната седница усвои детален урбанистички нацрт-план со кој се предвидува целосна реконструкција и надградба на Бит-пазар.
- Бит-пазар е еден од најголемите зелени пазари во земјава, каде егзистенција обезбедуваат голем број семејства. Со новиот нацрт-план, откако ќе ги помине сите процедури, ќе се зголеми бројот на тезгите, ќе се направи нов проект кој ќе обезбеди доволен...
Охриѓанка изнајмувала паркиралиште на узурпирано државно земјиште
Струшката полиција поднела кривична пријава против охриѓанката В.К.В. (44), осомничена дека узурпирала околу 600 квадратни метри државно земјиште, информира полицијата.
Осомничената, според полицијата, во текот на 2015 година во катастарска општина Мислешево, узурпирала 599 квадратни метри државно земјиште, покрај магистралниот пат Охрид - Ќафасан.
Таа потоа го оградила местото и направила пристап од магистралниот пат до имотот, кој подоцна го изнајмувала...
Во пресрет на туристичката сезона, Охрид ја зголеми цената за јавните паркиралишта
Во пресрет на главната туристичка сезона, од денеска цената на јавните паркиралишта во Охрид е повисока за 10 денари.
Јавното претпријатие „Билјанини извори“, кое стопанисува со паркиралиштата, во текот на јуни, јули и на август, наместо досегашните 30, ќе наплаќа 40 денари во зоната А, односно 30 денари, наместо 20 денари во зоната Б.
На одлуката на Советот на Општината се...
Штипјани со петиција за укинување на наплатата за паркирање во градот
Празни паркиралишта на централните сообраќајници, а преполни споредни помали улички, нервозни станари од центарот на Штип, кои не може да паркираат пред своите домови. Тоа е сликата од централното јадро, веднаш откако Општината Штип исцрта паркинг-места и почна да наплаќа за нив. Граѓанските активисти одговорија со петиција, со која се бара укинување на одлуката на Општината за наплата на паркирањето....
Поставени нови велисипедски паркиралишта во повеќе средни училишта во Скопје
Град Скопје, во рамките на проектот „Младите на велосипед“, деновиве во повеќе скопски средни училишта постави нови паркиралишта за велосипед.
Како што соопштуваат од Град Скопје, станува збор за проект со кој во средните училишта „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“ и „Михајло Пупин“ се поставија паркиралишта за 10 велосипеди.
Во рамките на проектот „Младите на велосипед“, покрај поставувањето на новите...